fbpx
Таг: РеџепТаипЕрдоган

таг: РеџепТаипЕрдоган

Ердоган најави дека сириските бегалци ќе можат да добијат турско државјанство

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека владата работи на проекти со кои на сириските бегалци ќе им биде овозможено да стекнат турско државјанство ако тоа го сакаат, пренесуваат турските медиуми. - Сакаме да им помогнеме на сириските пријатели и да им понудиме можност да станат државјани на Турција – изјави Ердоган во говорот во јужната провинција Килис, која се наоѓа...

Ердоган: Исламските милитанти ќе завршат во пеколот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека Исламската држава најверојатно е одговорна за нападот на аеродромот во Истанбул, додавајќи дека исламските милитанти ќе завршат во пеколот. Зборувајќи денеска во Истанбул, по исламската молитва што се одржува во петок, Ердоган изјави дека екстремистичката група тврди дека дејствува во име на исламот, но нагласи дека нема никаква врска со религијата, пренесува АП. -...

Меркел: Не се исполнети условите за визната либерализација на Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема изгледи дека Турција ќе ги исполни сите услови за укинување на визите во наредните недели. - Се гледа дека некои работи нема да можат да се применат до 1 јули, конкретно укинувањето на визите, затоа што условите се уште не се исполнети – вели Меркел. Таа...

Приведена новинарка поради критика за Ердоган на „Твитер“

Новинарка со турско-холандско потекло е приведена на испитување поради коментар на „Твитер“ за претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Весникот „Метро“ наведува дека нивна колумнистка Ебру Умар била приведена во саботата. Умар неодамна за „Метро“ напишала текст со критики кон Ердоган, чии исечоци подоцна ги објавила на „Твитер“, поради што е и приведена. Новинарката на холандски јазик на социјалната мрежа „Твитер“ навела...

Ердоган предложува изградба на нов град за бегалците

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложува изградба на нов град на северот на Сирија, во кој би биле сместени повеќе од милиони бегалци кои бегаат од војната во таа земја, јавуваат турските медиуми. Ердоган во говор во Истанбул истакнал дека новиот град би требало да биде изграден во близина на турската граница и додал дека за таа идеја веќе разговарал...

Ердоган е против распоредување на руски војници на турско-сириската граница

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е против распределба на руски војници на турско-сириската граница. - Нема да толерираме распоредување на војници долж границата од Ирак до Медитеранот - изјави Ердоган и додаде дека за тоа ќе разговара со американскиот потпретседател Џозеф Бајден, кој е во посета на Турција. Односите меѓу Турција и Русија значително се влошија откако на 24...

Ердоган повика на создавање зона на забранети летови во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повторно повика во Сирија да се создаде зона во која ќе бидат забранети летови, а која истовремено ќе им овозможили на бегалците да се вратат дома. Апелот на Ердоган доаѓа неколку дена пред самитот на лидерите на Г20, кој на 15 и на 16 ноември ќе се одржи во Анталија. Турскиот претседател рече дека треба да...

Пукање пред резиденцијата на Ердоган

Момче денеска стрелало врз полицијата пред резиденцијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа се самозастрелало во главата, јавуваат турските медиуми. Агенцијата „Анадолија“ јавува дека 20-годишникот се расправал со полицијата пред резиденцијата во Истанбул, а потоа успеал на еден од стражарите да му го одземе пиштолот и да отвори оган врз полицијата, а потоа да си пука в глава. Агенцијата „Доган“ навела...

Партијата на Ердоган победи на парламентарните избори во Турција

Партијата на Правдата и развојот (АКП) победи на изборите во Турција со 49,70 отсто освоени гласови, покажуваат резултатите по пребројување на 94,78 отсто од гласачките ливчиња, јави турската телевизија НТВ. АКП успеа да го врати парламентарното мнозинство и според првичните резултати, ќе има 317 места во 550-члениот парламент. За главната опозициска Народно-републиканска партија гласале 25,14 отсто од гласачите и таа ќе...

Меркел денеска на средба со Ердоган за договор за бегалската криза

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска треба да допатува во посета на Турција, каде со нејзиниот домаќин, претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара околу бегалската криза и за договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција за нејзино решавање, кој сè уште е неизвесен. Меркел, која се соочува со големи притисоци во Германија поради нејзината политика на отворени врати кон бегалците, според...

Ердоган: Руските напади во Сирија се неприфатливи и погрешни

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека руската интервенција во Сирија е неприфатлива и дека Русија направила сериозна грешка. - Руското бомбардирање на Сирија е целосно неприфатливо. Русија направи сериозна грешка – изјавил Ердоган пред неговото заминување во Стразбур. Ердоган денеска ќе одржи говор пред турската заедница која живее во Франција и во Германија, еден месец пред предвремените парламентарни избори во Турција. Турскиот...

Во Турција полицијата упаднала во редакција и го уапсила уредникот

Турската полиција упаднала во редакцијата на весникот „Нокта“ и го привела уредникот Мурат Чапан поради објавување фотографија која се подбива со претседателот Реџепт Таип Ердоган. Магазинот „Нокта“ на насловната страница објавил фотографија од турскиот претседател како позира за „селфи“, додека зад него војниците носат мртовечки ковчег покриен со националното знаме. Весникот на „Твитер“ кратко објави дека во редакцијата дошла антитерористичка единица...

Ердоган: Европа го претвори Средоземно Море во гробиница за бегалци

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска ги обвини европските земји дека Средоземно Море го претвориле во „гробница на бегалци“, реагирајќи на фотографијата на малиот сириски бегалец пронајден удавен на брегот на Турција. - Пронајдено е тело на тригодишно дете на наша плажа. Зарем човештвото не би требало да сноси одговорност? – рече турскиот претседател во пресрет на состанокот на министри и...

Ердоган: Одиме на нови избори

Турција забрзано се движи кон нови избори и тоа е единствено решение кое ја содржи „волјата на народот“ и може да ја прекине политичката криза која настана откако владејачката Партија на правдата и развојот не успеа да формира влада, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу синоќа го извести Ердоган дека не успеал да формира коалициска влада и...

Давутоглу го врати мандатот за формирање влада

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу официјално го врати мандатот за мандатот за формирање влада на претседателот Реџеп Таип Ердоган, откако не успеа да најде партнери за колаициона влада, соопштија од канцеларијата на претседателот. Во Анкара синоќа, зад затворени врати се одржал состанок на премиерот и претседателот, на кој Ердоган и официјално го презеде мандатот за формирање влада. Состанокот траел околу час...

Исламска држава го нарече Ердоган предавник

Исламската држава го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предавник затоа што дозволил Американците да користат воздухопловни бази за напад против таа екстеремистичка организација. Во видео порака објавена на „Твитер“, Исламската држава ги повика муслиманите во Турција да ја поддржат и да се борат против крстоносци, тирани и атеисти. На снимката се гледаат борци на Исламската држава во друштво на уште...

Водач на ПКК тврди дека Турција ја штити ИД, напаѓајќи курдски позиции

Водачот на Курдската работничка партија (ПКК), Чамил Бајик, во интервју за „Би-Би-Си“ ја обвинил Турција дека таа ја штити Исламска држава (ИД) со тоа што ги напаѓа курдските борци. „Турција тврди дека се бори против Исламска држава, но, всушност, тие се борат против ПКК“, изјавил Чамил Бајик за „Би-Би-Си“, додавајќи дека Анкара тоа го прави „ за да ја лимитира...

Путин и Ердоган наесен ќе разговараат за „Турски тек“

Рускиот претседател Владимир Путин наесен ќе се сретне со турскиот колега, Реџеп Таип Ердога, и со двајца челници со кои ќе расправа за проектот „Турски тек“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Турскиот амбасадор во Москва денеска изјави дека во тек се разговорите за гасовод, кој би транспортирал руски гас во Европа преку Турција. Изјавите доаѓаат откако турските претставници вчера...

Ердоган бара одземање на имунитетот на политичарите поврзани со терористички групи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е невозможно да се продолжи мировниот процес со курдските милитанти и од парламентот побара на политичарите поврзани со „терористичките групации“ да им се укине имунитетот од кривично гонење. Коментарот на Ердоган е објавен неколку дена откако турското воено воздухопловство ги гаѓаше позициите на Курдската работничка партија (ПКК) на северот на Иран. ПКК соопшти дека...

Ердоган повикува на брзо формирање влада

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара ги повика политичките партии „што е можно побргу“ да ја формираат новата влада, по парламентарните избори одржани пред четири дена на кои неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби мнозинството по 13 години власт. - Сега секој мора да го стави егото на страна... за што побргу да се...

Мехмедовиќ: Го подготвуваме системот за евентуална епидемија со мајмунски сипаници

Да го подготвиме системот што е можно подобро за да одговори на евентуална епидемија со мајмунски сипаници и во нашата земја, е целта на Комисијата за заштита од заразни...