fbpx
Таг: Реџеп Таип Ердоган

таг: Реџеп Таип Ердоган

Ердоган сака војската и разузнавањето да бидат под контрола на претседателот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака вооружените сили и националната разузнавачка агенција (МИТ) да бидат под контрола на претседателот, јавуваат турските медиуми. - За такво нешто се потребни уставни промени, а тоа мора да го одобри и опозицијата – рече Ердоган. Во Турција денеска е одржан состанок на Врховниот воен совет на кој се очекуваше договор за коренитите измени на структурите...

Брисел: ЕУ ги исполнува обврските кон сириските бегалци во Турција

Европската Унија денеска соопшти дека ги исполнува сите обврски кон сириските бегалци во Турција, одговарајќи на обвиненијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој изјави дека не добил никаква поддршка. - ЕУ ги почитува своите обврски и секоја сугестија што го тврди спротивното не е точна – изјави портпаролот на ЕУ, Маргаритис Схинас. Ердоган вчера го обвини Брисел дека не се придржува...

Грчкото воздухопловство тврди дека никој не го следел авионот на Ердоган

Според извори од грчкото воено воздухопловство, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не го прогонувале воени авиони за време на обидот за државен удар минатата недела. Ердоган тврдеше дека „избегнал смрт за само неколку минути“, откако, наводно, неговиот авион го пресретнале воени авиони „ф-16“ кои биле под контрола на пучистите. Во турските медиуми објавени се приказни дека пилотот на авионот на Ердоган...

Турскиот парламент го одобри воведувањето вонредна состојба во земјата

Турскиот парламент одобри да се воведе тримесечна вонредна состојба во земјата и да му се дадат неограничени овластувања на претседателот Реџеп Таип Ердоган, по минатонеделниот неуспешен обид за државен удар, јавуваат светските агенции. Од 550 членови на парламентот, за воведување вонредна сосојба гласале 356 пратеници, а 115 биле против. Ердоган ја соопштил одлуката на неговиот кабинет дека бара дополнителни овластувања, наведувајќи...

Курц: Турција да ја објасни врската меѓу Анкара и протестите во Австрија

Австрија го повика на разговор турскиот амбасадор во Виена да ја објасни поврзаноста на Анкара со демонстрациите во Австрија во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој спроведува остри мерки по неуспешниот обид за државен удар, изјави денеска шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц. Тој изјавил дека амбасадорот ќе биде прашан дали турските официјални лица охрабриле илјадници...

Ердоган воведе вонредна состојба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во Турција по неуспешниот воен удар, јавуваат светските агенции. Ердоган, по завршувањето на седницата на Владата во Анкара, рече дека воведувањето на вонредна состојба не е против демократијата, владеењето на правото и слободата. Според него, демократијата во Турција нема да биде загрозена, а вооружените сили се во служба на Владата, јавуваат турските...

Во Анталија уапсен воениот советник на Ердоган

Воениот советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, потполковникот Еркан Киврак, е приведен во хотел во округот Серик, во јужната провинција Анталија. Киврак бил приведен додека бил на одмор и веднаш бил префрлен во Анкара. Засега не позната причината за приведувањето, иако повеќе десетици високи воени претставници се уапсени поради наводна вмешаност во обидот за државен удар.

Ердоган не ја отфрла можноста за воведување смртна казна

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во своето прво интервју по неуспешниот воен пуч, не ги демантираше најавите дека Турција повторно ќе ја воведе смртната казна за да се пресмета со уапсените, кои се товарат за учество во организација на неуспешниот удар. Според последните податоци, приведени се околу 9.000 лица. - Јано е дека имаме злосторство за велепредавство. Но, секако парламентот...

Кери: Пучот во Турција може да го загрози членството на земјата во НАТО

Турција би можела да „падне“ на барањето на НАТО да се почитува демократија ако не успее да го одржи владеењето на правото по обидот за државен удар, предупреди државниот секретар на САД, Џон Кери. Кери на заедничка прес-конференција со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, рече дека НАТО ќе ја набљудува Турција во наредните...

Ѓулен не верува дека САД ќе го екстрадираат во Турција

Фетулах Ѓулен, муслиманскиот свештеник и жесток противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, оценува дека барањето на властите во Анкара тој да биде екстрадиран од САД поради неговата наводна вмешаност во неуспешниот обид за државен удар, е однапред осудено на неуспех, јавуваат светските агенции. Ѓулен претходно ги отфрли сите обвинувања на Анкара дека стои зад обидот за пуч во Турција. Тој...

Турската полиција врши претрес во базата на НАТО, Инџирлик

Во тек е рација на турската полиција и на обвинителите во Инџирлик, воздушната база на НАТО близу градот Адан, во која се наоѓаат повеќе од 1.500 американски војници, јавуваат „Си-ен-ен Турк“ и агенцијата „Анадолија“. Оваа база два дена беше затворена, а наводно властите во тој период ја прекинале и струјата поради сомнеж дека одредени учесници во државниот удар против претседателот Реџеп...

Ердоган: Ќе го исчистиме „вирусот“ од сите државни институции

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека ќе продолжи чистењето на сите државни институции од „вирусот“ што го предизвика обидот за државен удар во Турција. Ердоган ова го изјави на денешниот погреб на дел од убиените за време на пучот. Тој додаде дека апсењата на оние кои, како што рече, „ги уништиле“ вооружените сили, ќе бидат продолжени во сите редови...

Курц: Иако имаше обид за пуч, Турција мора да ја почитува правната држава

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Себастијан Курц, повика на трезвеност на властите во Турција и укажа дека обидот за пуч не претставува бланко овластување за произволност. - Човечките животи мора да се штитат, правната држава и демократијата мора да се почитуваат - порача Курц. Тој посебно му се обрати на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи дека овој пуч не смее да...

Путин му изрази сочувство на Ердоган

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, телефонски разговарал со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на иницијатива на руската страна, соопшти официјален Кремљ. „Сочувство поради многубројните жртви помеѓу цивилите и припадниците на органите за јавниот ред кои им се спротивставија на пучистите, како и желба за што побргу да дојде до обновување на стабилноста во Турција, му изрази претседателот Владимир Путин на...

Уапсени 6.000 лица по обидот за пуч во Турција

Најмалку 6.000 лица се уапсени по обидот за државен удар во Турција, изјави турскиот министер за правда, Бекир Боздаг. - Операцијата за чистење продолжува. Помеѓу уапсените има војници, офицери и судии – нагласи Боздаг. Во судирот кој изби откако војската се обиде да изведе пуч, загинаа најмалку 265 лица, а ранети се повеќе од 1.000. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави...

Илјадници луѓе на улиците на Турција за поддршка на Ердоган

Илјадници луѓе синоќа се собраа во истанбулскиот кварт Кисикли во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Собраната маса луѓе со турски знамиња се одзва на повикот на Ердоган да излезат на улиците. Ердоган има куќа во квартот Кисикли, кој се наоѓа на азиската страна на Истанбул. Светските медиуми јавуваат дека луѓе се собирале и во Анкара пред џамијата „Бестепе“...

Во Турција по обидот за пуч, сменети речиси 3.000 судии

Турските власти сменија од должност 2.745 судии по неуспешниот обид за државен удар од страна на дел од војската. Ова го објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на соопштение од Високиот совет на судии и на обвинители. Од должност се сменети и пет членови на Советот, кој е највисоко судско тело во Турција, објави државната новинска агенција „Анадолија“. „Анадолија“ објави и дека поранешниот командант...

Ердоган предупреди дека е можен нов напад

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, преку официјалниот претседателски твитер-профил ги повика турските граѓани да бидат подготвени повторно да излезат на улица затоа што е можен нов напад на пучистите. „Овој напад може да дојде до уште една фаза, во која ќе мора повторно да излеземе на улица. Затоа што може да има ново движење“, напиша Ердоган на „Твитер“. https://twitter.com/tcbestepe/status/754217582601863168 Според неговите...

90 загинати, 1.150 повредени и 1.563 уапсени по обидот за пуч во Турција

Најмалку 90 лица загинаа во обидот за државен удар во Турција, а повеќе од 1.150 се повредени. Уапсени се повеќе од 1.563 војници кои учествувале во синоќешниот пуч, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на анонимен претставник на власта. Борбите продолжуваат и утринава, а силни експлозии се слушаат во Анкара и во Истанбул, додека бомба ја погоди и зградата на турскиот парламент. Илјадници...

Обама: Поддржете ја демократски избраната влада на Ердоган

Претседателот на САД, Барак Обама, ги повика сите страни во Турција да ја поддржат демократски избраната влада на претседателот Реџеп Таип Ердоган и да избегнат какво било насилство и крвопролевање. Турција има клучна улога во коалицијата предводена од САД во борбата против Исламска држава. Американски авиони ја користат воздухопловната база Инџирлик во Турција за мисиите против екстремистите во Сирија и...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...