fbpx
Таг: развојна банка

таг: развојна банка

Владата со нови мерки за поддршка на економијата во криза, опозицијата бара стратегија

Премиерот Оливер Спасовски денеска го промовираше третиот пакет на мерки за помош на економските субјекти во земјава. Мерките опфаќаат бескаматни кредити, државни гаранции, кофинансирања и дигитални алатки со кои ќе се поддржат домашните компании. Преку Развојната Банка на Северна Македонија на компаниите ќе им се понудат нови бескаматни кредити од 31 милион евра за поддршка на жените, младите и дигитализацијата...

Од среда фирмите ќе може да аплицираат за бескаматни кредити од 8 милиони евра

Микро, малите и средни компании погодени од Ковид-19 кризата, од среда (29 април) ќе можат да аплицираат за 8 милиони евра бескаматни кредити, преку Развојната банка. Кредитите од оваа линија ќе бидат до 90.000 евра, а условите и постапката за аплицирање се олеснети, информираат од владината прес-служба. За оваа кредитна линија можат да аплицираат сите погодени компании кои имаат намалување...

Уште 118 компании ќе користат бескаматни кредити од Развојната банка

На уште 118 компании со 1.116 вработени им се одобрени бескаматни кредити во вкупен износ од 936.602 евра. Во првата и втората група на пријавени, одобрени се вкупно 254 кредитни апликации, во износ од 2,2 милиони евра, за компании со 2.853 вработени. По структура, од сите одобрени апликации за кредит, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 69 отсто,...

Компаниите доставиле 136 барања до Развојна банка за бескаматни кредити

Развојна банка денеска ја достави првата информација до владата за обработените кредитни апликации од страна на компаниите кои ги исполнуваат условите за бескаматни кредити, во вкупен износ од 1.263.079 евра. „Во првата листа до владата се доставени вкупно 136 кредитни апликации за микро, мали и средни претпријатија со вкупно 1.737 вработени. Од 136 апликации, 96 отсто се однесуваат на микро...

На полноќ старт на 5,7 милиони евра бескаматни кредити за микро, мали и средни фирми

Од полноќ започнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на микро, мали и средни компании во справувањето со последиците од корона вирусот. Директорот на Развојната банка на Република Македонија, Кире Наумов, на прес конференција посочи дека првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити како директна помош за микро, мали и средни претпријатија од полноќ ќе им бидат достапни...

Денес и утре во МКЦ продолжува богатата програма на музичката конференција ПИН

Вчера во Младинскиот културен центар во Скопје започна музичката конференција и фестивал ПИН, организиран од Пасворд продукција. Станува збор за тридневен настан, на кој преку ден се одржуваат панели...