fbpx
Таг: разговори

таг: разговори

Кери на разговори во Москва за наоѓање решение за сирискиот конфликт

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Џон Кери, денеска е во посета на Москва, каде ќе има разговори со рускиот државен врв, како дел од политичкиот процес за ставање крај на војната во Сирија, пренесуваат светските медиуми. Кери во моментов е на разговори со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, а во текот на денот ќе им средба...

Ципрас и Кери разговараа за спорот за името

Спорот за името меѓу Македонија и Грција се најде на агендата на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на американскиот државен секретар Џон Кери. САД изразиле поддршка за наоѓање решение, додека грчката страна уверила дека постои волја за решавање на спорот во рамки на грчките црвени линии за сложено име. Според информациите од кабинетот на Ципрас, Кери изразил подготвеност...

Заев: Јанева ќе ги чешла и „Монструм“, „Куманово“, „Телеком“ и Бошкоски ако ги има во „бомбите“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не ја исклучува можноста Специјалниот јавен обвинител да ги разгледува и случаите „Куманово“, „Монструм“, „Маѓар телеком“ и случајот  на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Заев, одговарајќи на новинарско прашање, денеска кажа дека надлежност на специјалниот обвинител ќе биде сè она што се спомнува во „бомбите“. - Ако има разговори за „Монструм“, а како...

Могерини: Бегалската криза ќе трае и мораме да се прилагодиме на таа реалност

Проблемот со бранот бегалци ќе биде присутен уште долго време, изјавила денеска високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската унија (ЕУ), Федерика Могерини, упатувајќи повик до земјите-членки на унијата да се прилагодат на новата реалност. „Овој проблем уште долго ќе биде присутен и што побргу го прифатиме тоа, побргу ќе можеме обединети, како Европејци, да дадеме ефикасен...

Ахмети на средба со Нуланд: Неприфатливо е продолжувањето на политичката криза

„Неприфатливо е продолжувањето на политичката криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и на продолжување на нашиот евроатлантски пат“, оценил претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на денешната средба со помошничката на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, која е во еднодневна посета на земјава. „Лидерот Ахмети ја запозна госпоѓа Нуланд со позицијата...

Се чека абер од Груевски за нова лидерска средба

Сè уште не се знае дали денеска и кога воопшто ќе се сретнат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА. Од неофицијални извори дознаваме дека моментално се очекува премиерот Никола Груевски да се произнесе околу последниот предлог што опозицијата го ставила на маса. Изворите информираат и дека пред да се одлучи дали ќе има или ќе нема средба, Груевски ќе треба...

Коѕиас се сретна со Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пристигна во седиштето на Канцеларијата за врски на Грција за да се сретне со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Предвидено е средбата да трае половина час, а по завршувањето нема да има изјави. Откако ќе заврши средбата со Ахмети, Коѕиас во хотелот „Холидеј ин“ ќе се сретне со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Премиерот Никола...

Заев се сретна со Бајер, амбасадорот на Австрија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од Сања Лукаревска, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска се сретна со Томас Михаил Бајер, амбасадорот на Австрија. Како што соопштуваат од СДСМ, на средбата се разговарало за отворањето преговори меѓу власта и опозицијата и за начините за решавање на политичката криза. Заев рекол дека нормализација и демократизација на државата и на институциите е...

Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со Ивица Дачиќ

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со Ивица Дачиќ, потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија. На средбата се разговарало за продлоабочување на билатералните односи и на соработката меѓу двете држави. Иванов го информирал Дачиќ за актуелната политичка состојба во Македонија. Претседателот истакнал дека е потребен посветен, одоговрен лидерски пристап кон дијалогот од сите политички партии за да...

Груевски: Ние сме отворени за разговори

„Ние сме партија која што е насочена кон изнаоѓање на решенија за проблемите, и од тој аспект, отворени сме за разговор за надминување на сегашните“, изјави денеска лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски, пред почетокот на состанокот на Централниот комитет на партијата, кој ќе се одржи вечерва во Охрид. -Ние сме отворени за разговори. Ние сме партија која што...

Состанок на опозицискиот блок: Малку време останува за договор за нови разговори

Претставниците на политичките партии од опозицискиот блок на денешниот консултативен состанок му дале поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на начинот на кој настапува во разговорите за решавање на политичката криза, но, исто така, заеднички констатирале дека „можностите за продолжување на разговорите може да се разгледуваат уште многу кратко време“, стои во заедничкото соопштение на партиите, по...

Германска лабораторија ја потврди автентичноста на прислушуваните разговори

Врз база на анализа на еден од телефонските разговори што ги објавува опозицијата, помеѓу премиерот Никола Груевски и еден од министрите, германската лабораторија „Тонамбуланк“, која направила анализа по барање на „Ал Џезира“, ја потврдува нивната автентичност, објави медиумот. Станува збор за разговорот во кој се слуша како Груевски и Јанакиески договораат провизија од кинеска компанија која гради автопат во Македонија. Експертот за...

Заев се сретна со Мартин Безак, амбасадорот на Словачка

Зоран Заев, придружуван од Виктор Габер, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак. Шансите за можно отворање преговарачки процес за решавање на длабоката политичка криза во Македонија била една од темите за кои дискутирале на средбата. Како што пишува во соопштението на СДСМ, Заев ја објаснил принципиелната позиција на опозицијата дека преодна влада, односно модалитети на влада, што...

И Вајгл потврдува: Кризата во Македонија мора да заврши до почетокот на летото

Конкретни датуми за постигнување договор меѓу власта и опозицијата и за епилог на политичката криза во земјата засега не се утврдени, но ќе се направи сè „мисијата на европските претставници да заврши некаде до почетокот на летото“, изјавил словенечкиот европратеник и известувач за Република Македонија во Европскиот парламент (ЕП), Иво Вајлг, за државната словенечка новинска агенција (СТА). Лидерот на СДСМ,...

Нова средба Меркел – Ципрас вечерва во Брисел

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска одново ќе седне зад затворени врати со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговара за грчкиот долг и за новиот договор меѓи ЕУ и Грција. Средбата ќе се одржи на маргините на вонредниот Самит на Европската унија во Брисел, кој ќе се фокусира на новонастанатата ситуација со имигрантите во ЕУ. Грчката јавност е резервирана во однос на...

Хојт Ји: Власта да се посвети и на прислушувањето и на содржината на разговорите

Еднакво сериозно власта да се посвети на содржината на прислушуваните разговори, колку што ги зема сериозно обвинувањата против лидерот на опозицијата Зоран Заев, рече американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и за Азија, Хојт Ји, по денешната средба со премиерот Никола Груевски. Тој рече дека ги повикал Владата и нејзините институции да ги земат многу сериозно обвинувањата и инсинуациите за злоупотреби...

ДУИ: Ниту едно решение за Македонија, не е одржливо без Албанците

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, денеска во амбасадата на САД во Скопје се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли. Ахмети и Бејли разговарале околу актуелната политичка ситуација во земјава, тематскиот конгрес на ДУИ, евроатлантската интеграција на земјата, како и за потребата за решавање на прашањето за името, соопштија од ДУИ. Ахмети на средбата рекол дека ДУИ треба да стане дел од...

СДСМ со нови снимки за изборни нерегуларности и за манипулации во Струмица

Пратеникот на СДСМ, Панче Орцев од Струмица, денеска презентираше снимки од разговори за, како што рече, изборните измами во општина Струмица. Тој објави разговори помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски, меѓу премиерот и Драган Павловиќ-Латас, Мендух Тачи и Сашо Мијалков, како и нов разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески. Во првата објавена аудиоснимка, според опозицијата, Миле Јанакиески на соговорникот му вели дека ќе...

Стојанче Ангелов влезе во МРТВ

Снимките од прислушуваните разговори што ги објавува опозицијата нема да се емитуваат на МРТВ поради препораките на Обвинителство, а генерал Стојанче Ангелов добил ветување дека ќе гостува во некое од следните изданија на централните вести на МРТВ. Ова е исходот од денешната средба на Ангелов со уредникот на информативната програма на јавниот сервис, Горан Петрески, јави „Нова ТВ“. На барање на...

Муса Џафери: Не е значајна содржината на разговорите, туку како се одземени

Вицепремиерот Муса Џафери денеска истакна дека не е значајна содржината на разговорите од аудиоснимките што ги објавува лидерот на опозицијата, Зоран Заев, туку фактот како се одземени истите. - Мојот одговор е дека не е важен разговорот или автентичноста на разговорот, колку што е значајно од каде се тие разговори и кој ги извадил тие и злоупотребил, ако можам така да кажам...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...