fbpx
Таг: разговори

таг: разговори

Иранскиот претседател во посета на Москва

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а глвна тема на разговорите, според најавите, треба да бидат војната во Сирија и економската соработка, јавуваат светските агенции. Рохани, кој во својата прва посета на Москва пристигна вчеравечер, веќе имаше средба со рускиот премиер, Дмитриј Медведев. По состанокот тој изразил надеж дека неговата...

Што негира Вајгл: Дека Груевски спомнал „затвор“ или дека нему му се испуштило?

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, во изјава за државната новинска агенција МИА демантира дека тој за некој медиум изјавил нешто во врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и дека пренесувал нешто што Груевски му го кажал нему при нивната последна средба во Скопје. Сепак, во демантот никаде не се споменува зборот „затвор“. Односно никој, ниту...

Ахмети: Треба да донесеме добро решение, наскоро ќе има конкретен резултат

Треба да донесеме добро и здраво решение, а секоја брза реакција може да има фатални последици, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети по одбележувањето на 16-годишната од конфликтот во 2001 година. Ахмети рече дека во партијата се прават сите анализи, но дека тие „не резултираат со некакви атомски бомби“, туку дека се работи за конкретни прашања кои се однесуваат...

Ахмети – Тимоние: ДУИ е под ирационален медиумски притисок, но не е ничиј сервис

Демократската унија за интеграција (ДУИ) не се брза, туку сака да се осигури дека очекувањата на граѓаните ќе се исполнат, заедно со „разгледувањето и расветлување на оспорените случаи како 'Монструм', 'Сопот', 'Куманово' (Диво насеље) и прислушувањата. Ова го истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со Кристијан Тимоние, aмбасадор на Франција. На средбата, како што соопштуваат од партијата,...

Груевски: Хан сфати дека влада на широка коалиција е неизводлива идеја

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за телевизијата „Нова“ изјави дека еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во земјава дошол со идеја да ги охрабри политичките партии за широка владина коалиција, но по разговорите со партиските лидери дошол до заклучок дека такво нешто не е изводливо. - Низ разговорите тој сфати дека во Македонија широката коалиција е...

Тачи останува претседател на ДПА до локалните избори

Централното собрание на ДПА одлучи Мендух Тачи и понатаму да ја води партијата. По шестчасовната дискусија денеска највисокото партиско тело со мнозинство гласови, реши вонредниот конгрес на кој ќе се избира идниот претседател и други партиски тела, да се одржи по завршувањето на локалните избори. Тачи изјави дека партијата сметала дека е неопходно да се донесе ваква одлука, бидејќи...

Заев: Ахмети не ми побарал пишан документ, но штом сака, ќе го добие

Ќе им ги дадеме материјалите на ДУИ, правиме сè да се заврши процесот на собирање потписи за да можеме да влеземе во преговори за формирање влада, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. Тој рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, досега лично не му побарал никаков пишан документ, но...

Хан утре ќе се сретне со Иванов во вилата на Водно

Претседателот на државата Ѓорге Иванов утре, во 9 часот, ќе се сретне со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика Јоханес Хан, соопштија од кабинетот на Иванов. Средбата ќе се одржи во претседателската резиденција на Водно. Еврокомесарот синоќа допатува во Скопје, а денеска учествуваше на шестиот министерски состанок на земјите од Западен Балкан, посветен на регионалната соработка во областа на енергетиката. Тој...

Ахмети изјави дека „фрлил бомба“ кај Иванов, Села и Касами тивки

„Каде претседателот ќе го однесе, клучот е кај него. Јас ја имав „бомбата“, да кажам симболично, и ја фрлив кај претседателот. Сега не знам каде ќе ја фрли тој“, одговори на новинарско прашање лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по денешната консултација во кабинетот на претседателот на Република Македонија, пренесе „Алсат – М“. Тој порача дека дека сите треба да придонесат...

Османи: Мора да донесеме правилна одлука

Се разгледуваат аргументите за и против, но сè уште не е свикано централното претседателство на ДУИ, а разговорите ќе продолжат и утре, изјави партискиот портпарол, Бујар Османи, екипи пред седиштето на партијата во Мала Речица. - Ахмети продолжува со консултациите. Немаме конкретни одлуки, ги анализираме сите опции за и против, оти знаеме за важноста на оваа одлука. Ситуацијата е деликатна, роковите се...

Заев: Груевски не може да формира влада, но ќе чекам самиот да го признае тоа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е убеден дека Никола Груевски нема да успее да формира влада, но вели дека ќе го чека крајниот рок и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ самиот да го признае тоа. - Јас сум убеден дека Никола Груевски не може да формира влада. Режимот дојде на крај и ВМРО со Груевски треба да оди во опозиција. Тоа им е...

Заев и Ахмети разговарале за „позициите на партиите“, без навлегување во детали

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, денеска имале средба на која, како што, соопштуваат од СДСМ, било разговарано за позициите на двете партии во постизборниот период, „без навлегување во детали или разговори за конкретни прашања“. „Ова е прва средба на лидерско ниво помеѓу претседателот на СДСМ, Заев, и претседателот на ДУИ, Ахмети, по предвремените парламентарни...

ИК на ВМРО-ДПМНЕ му даде легитимитет на Груевски за да почне разговори за новата влада

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница со која раководеше претседателот на партијата Никола Груевски. - Централна тема беше претстојниот процес на формирање влада, при што беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоија најголем број гласови од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата „Реално“ и за проектите предвидени во...

Нимиц: За конструктивни преговори, неопходно е да има стабилни влади во двете држави

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, за спорот за името во Њујорк разговарал со посредникот Метју Нимиц, но и со новиот генерален секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, пренесува грчко-американскиот неделник „Грик њус“. Главните разговори за македонско-грчките односи и преговорите за името, сепак биле со посредникот Нимиц. Според Нимиц, најважно во моментов е да има нова стабилна и функционална влада во...

Заев: Меѓу мене и Груевски нема вперени пушки, седиме и разговараме заедно

Јас и Груевски не сме со вперени пушки меѓу нас, ние седиме заедно, разговараме заедно, ние одлучуваме за иднината на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев при посета на Битола. - Да не веруваат на оние од врхушката на власт кои им даваат глупави насоки. Јас и Груевски не се гледаме преку нишан и не сме со вперени пушки...

Кризата во Украина и во Сирија, ИД и Трамп во фокусот на средбата меѓу Обама и Меркел

Кризата во Украина и во Сирија, борбата против Исламска држава, трансатланската трговија и исходот од претседателските избори во САД, биле главни теми на денешната средба меѓу американскиот претседател, Барак Обама, и германската канцеларка, Ангела Меркел, соопштија тие на заедничката прес-коференција по средбата. Американскиот претседател се наоѓа во шеста и последна посета на Германија од своето претседателствување. Обама за Меркел рече дека...

Енергетската соработка, Сирија и Кипар – главни теми на посетата на Лавров на Атина

Кипарското прашање, кризата во Сирија и енергетската соработка меѓу Грција и Русија се главни теми на средбите на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, со претставници на грчките власти во Атина. Лавров веќе се сретна со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, и со премиерот Алексис Ципрас, со кои разговараше за кипарското прашање и за кризата во Сирија, која се поврзува со...

Роамингот во регионот поевтини 30 отсто, се договара понатамошно намалување на цената

Понатамашни мерки и активности за унапредување на заедничките политики на земјите од регионот на Балканот во поглед на поевтинување на роаминг-услугите, беа дискутирани на денешниот состанок во Брисел, на кој учествуваа и претставници од Македонија. На средбата на претставници на влади и на националните тела за регулирање на комуникациски услуги, беше презентирана работна верзија на студијата која покажува дека има простор за...

Кери и Лавров во Лозана ги обновуваат разговорите за Сирија

Во швајцарскиот град Лозана, на чело со САД почнаа разговори за Сирија во кои учествуваат Русија и други регионални сили. Покрај американскиот државен секретар, Џон Кери, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во разговорите учествуваат и министрите за надворешни работи на Јордан, Турција, Египет, Катар, Иран, Ирак и на Саудиска Арабија. Овој состанок е уште еден обид да се...

Јанева: Со Хан разговаравме за работата на СЈО, но не и за специјално судско одделение

Разговаравме за проблемите со кои се соочувавме во минатото, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје. Јанева рече дека е задоволна од разговорот. - Зборувавме и за тоа како ќе функционираме во иднина и на кој начин ќе го продолжиме нашето дејствување - изјави специјалната...

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...