fbpx
Таг: расправа

таг: расправа

Пратениците попладнево релаксирани, Џафери им се заблагодари за трпението – и спасението

Со зборовите „За продолжението дополнително ќе бидете известени, благодарам за трпението - и спасението“, претседателот на Собранието на Република Македонија вечерва ја заврши 32-та седница, на која поради немање кворум во попладневното продолжение само еден закон со гласање беше пратен на комисиска расправа. Во салата не беа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Сите други предлог-закони и одлуки поминаа без расправа,...

Денеска нов обид за собраниска расправа за законот за јазиците

Денеска во Собранието, во 12 часот ќе продолжи 32. седница на која како осма точка е ставена расправата за Законот за јазиците. Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера ја прескокна оваа точка, бидејќи како што рече, немало технички услови за расправата. Тој информираше дека собраниските служби не ги обработиле и превеле 35.569 амандмани поднесени од опозицијата. Претходно, на оваа седница ќе се гласа по...

Расправата за нов јавен обвинител заврши, гласањето идниот петок

Собранието денеска ја заврши расправата за именувањето на нов државен јавен обвинител, но не гласаше за изборот на Љубомир Јовески за оваа функција. Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери гласањето го одложи за следната недела, односно, како што рече, тоа ќе биде пред почетокот на седницата за буџетот за 2018 година, закажана за следниот петок. Инаку, на денешната расправа во Собранието...

Заврши амандманската расправа, буџетот за 2018 се враќа во Влада, па оди во Собрание

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја заврши амандманската расправа по предлог-буџетот за 2018 година. Денеска беше третото продолжение на 12. седница која почна на 27 ноември, а комисиската расправа за предлог-буџетот неколкупати беше закажувана, но и откажувана, за да заврши на осмиот од законски предвидените 10 дена. Од вкупно 279 амандмани, кои ги поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Беса,...

Комисиската расправа за буџетот закажана за 11 часот, останаа уште 100 амандмани

Третото продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која се води амандманска расправа за предлог-буџет за 2018 година, е закажано за во 11 часот. Останаа уште околу 100 аманмани за кои пратениците треба да расправаат. Вчера, второто продолжение на седницата заврши околу 21 часот и беа разгледани околу 170 амандмани од вкупно 279, кои се предложени...

Разгледани 170 амандмани за предлог-буџетот, расправата продолжува утре во 11 часот

На второто продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, кое продолжи и по 18 часот, беа разгледани околу 170 амандмани на предлог-буџетот, од вкупно 279, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ и од Беса. На расправата, на која не учествуваа пратениците од опозицијата, беа прифатени шест амандмани, четири од ВМРО-ДПМНЕ и два од Беса, додека осум беа повлечени од...

Комисијата разгледа 80 амандмани за предлог-буџетот, со работа ќе продолжи во 18.30 часот

На амандманската расправа за предлог-буџетот за 2018 година во Комисијата за финансирање и буџет, за два часа, беа одбиени 59 амандмани, со што, вкупниот број на одбиени амандмани на денешната расправа до 18 часот е 67. Комисијата досега прифати шест амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и на Беса, кои се однесуваат на субвенции за печки на пелети, ТИР-зоната во Куманово, изградба на колекторски...

Прифатени два амандмани на ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за буџетот

На амандманската расправа за предлог-буџетот за 2018 година, пратениците прифатија два амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, која и денеска не присуствува на расправата, а отфрлени се осум. Прифатените амандмани се со изменет текст и се однесуваат на субвенции за печки на пелети и за ТИР-зоната во Куманово. Според пратеникот на СДСМ, Јован Митревски, прифаќањето на овие амандмани на опозицијата значи дека власта сака...

Ковачевски: Комисијата за буџет може и утре да ја заврши работата

Општиот претрес на предлог-буџетот за 2018 година на Комисијата за финансирање и буџет заврши и попладнево продолжува амандманската расправа. Денеска е седмиот ден од комисиската расправа и остануваат уште три дена до законскиот рок од 10 дена, до кога расправата за предлог-буџетот треба да заврши во матичната комисија. - Ако завршиме побргу со расправата по однос на амандманите, кои се 279,...

Второ продолжение на комисиската расправа за буџетот во 11 часот

Собранието денеска во 11 часот го закажа второто продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Седницата на која се разгледува предлог-буџетот за 2018 година, почна на 27 ноември, и оттогаш нејзиното одржување се одложуваше една недела. Вчера се одржа првото продолжение на седницата, на која не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со комисијата претседава пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој...

Само пофални зборови за буџетот за 2018 година од пратениците на СДСМ

На првото продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, која се одвива без присуство на опозицијата, пратениците на СДСМ го оценија како реформски предлог-буџетот за 2018 година. Според нив, тој ќе обезбеди поголем економски пораст и повисок животен стандард на граѓаните. Тие сметаат дека за разлика од претходните буџети, овој не е популистички. Пратеничката на СДСМ, Кети Смилевска, рече дека...

Комисиската расправа за буџетот почна без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Првото продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет почна во 13.20 часот, откако пет пати беше одложувана. На седницата не учествуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со комисијата претседава пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој на почетокот рече дека бил овластен од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ја води оваа седница. Пратеникот на СДСМ, Јован Митрeвски, ги повика пратениците...

Комисиската расправа за буџетот повторно закажана во 13 часот

Собранието денеска го закажа, го одложи и пак го закажа првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Според последната информација од собраниските служби за односи со јавноста, продолжението на расправата е закажано за денеска во 13 часот. Седницата на која треба да се разгледува предлог-буџетот за 2018 година, почна на 27 ноември, и оттогаш нејзиното одржување се одложува пет пати. Предлог-буџетот за 2018 година тежи...

Комисиската расправа за буџетот одложена по петти пат

Првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет, кое беше закажано за денеска во 11 часот, се одложува по петти пат. „Се одложува продолжението на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која се води претрес по предлог-буџетот за 2018 година, свикано за денеска со почеток во 11 часот“, известија од Собрание. Според деловникот, расправата во матичната комисија трае 10 работни...

Комисиската расправа за буџетот закажана во 11 часот

Првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет е закажано во 11 часот. Седницата на која треба да се разгледува предлог-буџетот за 2018 година, почна на 27 ноември, и иако беше неколкупати закажана, досега не се одржа. Предлог-буџетот за 2018 година тежи 3,4 милијарди евра, буџетскиот дефицит е планиран на 2,7 проценти од домашниот бруто-производ, наспроти 2,9 проценти...

Комисиската расправа за предлог-буџетот за 2018 година закажана за утре

Првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на која треба да се расправа за предлог-буџетот за 2018 година, треба да се одржи утре. Оваа седница почна на 27 ноември и иако беа закажани неколку продолженија, не се одржа ниту едно. Еден од членовите на Комисијата за финансирање и буџет е и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој...

Собранието ја почна, па ја прекина расправата за именување на јавниот обвинител

Собранието попладнево ја почна расправата за именување на Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител, но по образложението на предлогот од заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, и говорот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, ја прекина седницата и за нејзиното продолжение рече дека дополнително ќе извести. Заменик-министерот за правда во образложението наведе дека Јовески...

Пратениците расправаа за укинување на титулата национален уметник

Пратениците попладнево расправаа за предлог-законот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија во прво читање со кого е е предвидено во иднина да се укине доделувањето на оваа титула која се состои од доживотен паричен надомест од две просечни месечни плати. Заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, образложувајќи ја потребата за укинување на Законот, соопшти дека...

Пратениците денеска ќе гласаат дали законот за јазиците ќе го пратат до комисиите

Откако вчера се исцрпе расправата за предлог-законот за употреба на јазиците, пратениците денеска треба да гласаат дали Собранието ќе го прати овој текст на второ читање. Во расправата во неколкуте продолженија на 15-тата седница, пратениците од опозицијата обвинуваа дека законот е против Уставот и начелото за унитарност на државата, а пратениците од владејачката коалиција тврдеа дека овозможува остварување на човековото...

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ подготвуваат амандмани за законот за јазиците

Реплицирајќи му на својот колега Владимир Ѓорчев, пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец во расправата на собраниската седница за законот за употреба на јазиците, кажа оти СДСМ подготвува амандмани за законот, за тој да биде функционален и во склад со Уставот, а слушнал дека и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави. Локвенец посочи дека со законот за јазиците, намерата е да се затвори...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...