fbpx
Таг: расходи

таг: расходи

Новиот буџет е планиран на 3,7 милијарди евра, дефицитот на 2,5 проценти од БДП

Предлог-буџетот за 2019 година тежи 3,7 милијарди евра, а главните контури на овој значаен документ денеска беа презентирани на јавна дискусија со синдикатите, коморите и невладиниот сектор во Министерство за финансии, пред тој да влезе во владина процедура неделава. Буџетот за 2018 година изнесуваше 3,4 милијарди евра. Вкупните приходи во 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, (3,4 милијарди евра),...

Секое трето државно претпријатие лани ја завршило со загуба

Анализата на финансиските резултати на компаниите во државна сопственост што ја изработи Центарот за граѓански комуникации според податоците за 2017 година, преземени од Централниот регистар, покажува дека профит оствариле 86 државни фирми, додека загуба имало кај 36 државни претпријатија. Тоа значи дека секое трето државно претпријатие лани ја завршило со загуба. Профитот изнесува 141 милиони евра додека загубите 30 милиони евра....

Партиите оставиле непокриени расходи од околу 108.000 евра за изборите во 2016 година

Вкупно 6.676.000 денари (околу 108.000 евра) се непокриените расходи на сите 11 политички партии кои учествувале во кампањата за предвремените парламентарни избори во 2016 година, покажала ревизијата. Најголем дел од расходите, 75,32 отсто се за платено политичко рекламирање. Како што рече денеска на прес-конференција, Мијалче Дургутов, ревизор задолжен за информирање во Државниот завод за ревизија, вкупните приходи на партиите во...

Тевдовски: Целта на ребалансот на буџетот е да се намалат непотребните трошоци

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на денешната расправа за ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека основнa цел на ребалансот e да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада. - Ребалансот не е нов буџет, туку прилагодување на тековниот буџет. Поради тоа, за реализацијата на неговата основна цел,...

Грција со суфицит од 4,4 милијарди евра во минатогодишниот буџет

Грција ја заврши 2016 година со суфицит од 4,4 милијарди евра според првичните информации од грчкото министерство за финансии. Суфицитот во грчкиот буџет, според податоците на министерството, е за 2,4 милијарди поголем од предвидениот за изминатата година. Според првичните пресметки, трошоците од владиниот буџет од јануари до декември 2016 година биле 55,153 милиони евра иако за расходи биле предвидени за...

Општина Гостивар ќе има буџет околу 18 милиони евра во 2017 година

Oпштинската каса на Гостивар за наредната година ќе тежи 1.098.684.000 денари или околу 18 милиони евра. Советот на Општината го усвои буџетот на денешната седница со мнозинство гласови и без многу расправа. Според објаснувањето што го дадоа од секторот за финансии, буџетот најмногу ќе се полни од трансфери и од дотации, кои во вкупните приходи учествуваат со 64 проценти. По нив следуваат...

Собранието на Србија го донесе буџетот за 2017 година

Пратениците на Собранието на Србија денеска го изгласаа буџетот за 2017 година, со кој се предвидува дефицит од 1,7 проценти од домашниот бруто-производ за кој владата тврди дека е најнизок во современата историја на Србија, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Буџетот е проектиран така што домашниот бруто-производ ќе биде три проценти, а инфлацијата ќе изнесува 2,4 проценти. Со предложениот буџет,...

Владата на Србија им даде 48 часа на пратениците да го проучат предлог-буџетот од 1.300 страници

Српското собрание денеска попладне ја почна седницата на чиј дневен ред е предлог-буџетот за 2017 година, кој, според тврдењата на владата, предвидува најнизок дифицит „во современата историја на земјата“. Со предложениот буџет, предвидени се приходи од 1.092,9 милијарди динари (околу 8,8 милијарди евра) и расходи од 1.162 милијарди динари (околу 9,4 милијарди евра), со што дефицитот изнесува 69,1 милијарди динари...

ВМРО-ДПМНЕ потрошила 6 пати повеќе пари во кампањата од пријавените приходи

Државната изборна комисија ги објави финансиските извештаи на политичките партии од почетокот на изборната кампања до 30 ноември, кои партиите, според предвидениот рок, вчера ги доставија до ДИК, Државниот ревизор и до Државната комисија за спречување на корпуција (ДКСК). Од извештатите на политичките партии, најинтересен е финансискиот извештај на владејчката ВМРО-ДПМНЕ, кој е за периодот од 21 до 30 ноември...

Тачи вети рамноправна распределба на буџетот за сите граѓани

Лидерот на ДПА Мендух Тачи на вечерашниот митинг во Охрид ги повика Албанците да гласаат за промена на власта бидејќи владејачката албанска партија ДУИ не постигнала резултати. - Преку нашата партиска платформа се залагаме за рамноправна распределба на буџетот, сметаме дека Албанците добиваат само два до три отсто од него. Тоа не значи дека парите ќе се трошат за пушки...

Минатата година 21,5 отсто од граѓаните биле сиромашни

Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2015 година изнесувала 21,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 22,8 отсто. Стапката на сиромашни вработени лица е 9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,2 проценти. Коефициентот „џини“ (мерка за нееднаквоста во распределбата на...

Миноски: Со буџетот за 2017 година предвидувме економски пораст од 3,4 отсто

Со предлог-буџетот за 2017 година, проектиравме умерено забрзан економски пораст од 3,4 проценти. Спроведувањето на парламентарните избори и решавањето на политичката крза ќе имаат позитивно влијание врз домашните компании, зголемување на инвестициите, потрошувачката, но ќе бидат и позитивен сигнал за странските инвеститори. Ова го истакна министерот за финансии, Кирил Миноски, образложувајќи го предлог-буџетот пред пратениците. - Економскиот пораст очекуваме да биде...

Почна собраниската расправа за предлог-буџетот за 2017 година

Почна расправата за предлог-буџетот за 2017 година, кој изнесува 3,35 милијарди евра. На седницата се присутни и пратениците на опозицијата. Предлог-буџетот пред пратениците го образложува министерот за финансии, Кирил Миноски. Со овој буџет, вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22...

Комисиската расправа за предлог-буџетот за 2017 година продолжува и денеска

За предлог-буџетот за 2017 година, кој изнесува 3,3 милијарди евра, и денеска ќе се расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Седницата е почната на 28 септември и денеска е нејзино осмо продолжение. Поради собраниската расправа за буџетот, Собранието, како што пишуваше „Мета“, за изборите на 11 декември, нема да се распушти на 12 октомври туку на некој друг датум. Документот...

Доставени 422 амандмани за предлог-буџетот за 2017 година, расправата продолжува

Вкупно 422 амандмани се доставени за предлог-буџетот за 2017 година, од кои 250 се поднесени од ДПА, а 172 се од СДСМ. Во Собранието денеска продолжува петтата амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет. Предлог-буџетот за 2017 година на расправа во матичната собраниска комисија влезе на 28 септември и треба да се разгледува максимум десет дена. Со овој предлог-буџет, вкупните приходи...

Продолжува расправата за предлог-буџетот за 2017 година во матичната собраниска комисија

На Комисијата за финансирање и буџет денеска е второто читање за предлог-буџетот за 2017 година, кој изнесува 3,3 милијарди евра. Предлог-буџетот за 2017 година на расправа во матичната собраниска комисија влезе на 28 септември и треба да се разгледува максимум десет дена. Со овој предлог-буџет, вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто...

Николов: Да се откажевте од 1,2 отсто од расходите, ќе обезбедевте 36,4 милиони евра

Опозицијата има различно видување од власта за тоа од каде треба да се обезбедат 36,4 милиони евра, кои треба да послужат за обесштетување на граѓаните од поплавените подрачја, изјави претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Марјанчо Николов од СДСМ, на денешната расправа за ребалансот на буџетот. - За да се обезбедат овие 36 милиони евра без да се...

Расправата за ребалансот на буџетот почнува денеска во матичната комисија

Расправата по новиот ребаланс на буџетот за 2016 година почнува денеска во собраниската комисија за финансирање и буџет. Со ребаланост се бараат дополнителни 36,4 милиони евра кои треба да се искористат за санирање на штетите во поплавените подрачја. Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Приходите остануваат непроменети, на ниво на проекцијата од 174.291...

Завршната сметка за буџетот за 2015 година денеска пред пратениците

Пратениците на денешната 108. собраниска седница ќе расправаат по завршната предлог-сметка на буџетот за 2015 година. Министерот за финансии, Кирил Миноски, неодамна ја образложи завршната сметка на буџетот за 2015 година пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Вкупните приходи на буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари. Со завршната сметка за...

Завршната сметка за буџетот за 2015 година пред Комисијата за финансирање и буџет

Министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска ја образложи завршната сметка на буџетот за 2015 година, пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Вкупните приходи на буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари. Со завршната сметка за 2015 година, државниот долг изнесувал 38 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Во првите четири месеци од...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....