fbpx
Таг: ракетирање

таг: ракетирање

Зеленски во САД на прво патување по инвазијата, ќе се врати со системот „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е на пат за Вашингтон, каде што денеска ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, пишува Би-би-си. Ова е негово прво патување во странство по инвазијата што Русија ја започна на 24 февруари годинава. Белата куќа, исто така, го потврди патувањето и соопшти дека ќе ја снабдува Украина со американските системи за противвоздушна...

Зеленски ѝ пркоси на Русија, го посети Бахмут, кој украинските сили со недели успешно го бранат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ненајавено го посети градот Бахмут во Донецкиот регион, којшто руските сили веќе десетици недели наназад безуспешно се обидуваат да го заземат, иако станува збор за помало населено место, кое пред војната имаше околу 70.000 жители. Би-би-си јавува дека Зеленски се сретнал со војниците кои го бранат Бахмут и им доделил медали. Борбите во Украина продолжуваат, заедно...

Русија трупа нови воени сили во Белорусија и не дозволува мир за божиќните празници

Русија доведува дополнителни мобилизирани резервисти во Белорусија, додека белоруската армија врши проверка на борбената готовност на својата армија со одржување на воени вежби во северозападниот дел од земјата. Русија воената агресија врз главниот град на Украина, Кијив, во февруари годинава ја изврши преку навлегување од Белорусија, при што повторно се појавуваат стравувања дека руското раководство би можело да ја...

Русија го нападна Кијив со дронови, украинската одбрана ги сруши сите

Нов руски напад со дронови врз украинскиот главен град Кијив. Погодени се пет објекти, од кои една административна зграда и четири станбени зданија, но нема загинати лица во нападите со дронови од иранско производство, јавува Гардијан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сите 13 лансирани дронови од страна на Русија биле соборени од украинската противвоздушна одбрана. Руските напади денеска се...

Украина ќе ги добие 18-те милијарди евра од ЕУ, САД испраќаат енергетска опрема

Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за испраќање на ветената помош за Украина во висина од 18 милијарди евра. Европските влади се договорија со Унгарија да отстапи од ветото, а во замена за тоа ЕУ да биде пофлексибилна во однос на замрзнатите фондови од ЕУ за Унгарија, пишува Гардијан. Тоа значи дека Украина ќе добие 18 милијарди евра од буџетот...

Русија држи околу 20.000 воени заробеници од Украина, над пет загинати во вчерашните ракетирања

Петмина цивили загинаа вчера во руските напади врз населени места во Донецкиот регион, изјави Павло Кириленко, гувернер на овој украински регион, пренесува Укринформ. Тројца биле убиени во опколениот град Бахмут и по еден цивил во Торецк и Нетаилово. Руските сили вчера во 68 наврати го гранатирале Херсонскиот регион, гаѓајќи станбени згради, изјави регионалниот гувернер Јарослав Јанушевич. Во нападите се повредени...

Македонија ќе донира зимска опрема за украинските војници

Македонската влада на денешната седница донесе одлука за донација на зимска опрема кон Министерството за одбрана на Украина. Станува збор за ветровки, џемпери и ќебиња кои се донација од македонското Министерство за одбрана, информираат од владината прес-служба. За разлика од помошта која пристигнува од земјите-членки на НАТО, во ЕУ засега има проблем со Унгарија, која денеска најави дека ќе ја...

Од денеска ограничена цената на руската нафта, во Украина и понатаму се гине

Ограничувањето на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат денеска стапува на сила, пишува весникот Гардијан. Ваквата мерка против Москва е договорена од земјите на Г-7, а целта е да се намалат приходите на Кремљ од фосилните горива и да се ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина. Обединетото Кралство, Јапонија, Германија, Италија, Франција,...

НАТО на состанок во Букурешт, САД ќе објават нова значајна помош за Украина

САД ќе објават нова „значителна“ помош за Украина за време на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, кои денеска и утре ќе се сретнат во Романија, пишува весникот Гардијан. Очекувањата се дека САД ќе објават финансиска помош за Украина за да ѝ помогнат да се справи со штетите предизвикани од руските напади врз нејзината енергетска...

Зеленски предупредува на нови ракетни напади, над 700 инфраструктурни објекти се оштетени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање до граѓаните ги повика своите сонародници на посебна сплотеност, затоа што очекува зимата да биде тешка и руските напади да продолжат со голема жестина, пренесува Гардијан. „Русија се обидува оваа зима да го искористи студот против луѓето", истакна Зеленски, повикувајќи ги граѓаните да ги поддржат сонародниците кои се најранливи. Украинските власти пресметале дека над 700...

Руски терор врз Украина: Ракетирањето ги остави граѓаните без струја, парно и вода

Новиот ракетен напад на Русија врз Украина во текот на вчерашниот ден ја влоши состојбата во снабдувањето со струја, вода за пиење и греење за украинските граѓани. Русија истрелала околу 70 ракети врз целата земја, при што во нападите загинале 10 лица, пренесува Гардијан. Три нуклеарни електрани се исклучени од електроенергетската мрежа, а граѓаните од многу украински градови не...

Русија ракетираше породилиште во градот Вилњанск, загина новороденче

Руските ракетни напади врз украинските градови продолжуваат со несмалено темпо, а изминатава ноќ новороденче во Вилњанск загина откако беше гранатирано породилиштето во овој град од регионот Запорижја, пренесува Гардијан. Украинските регионални власти од Запорижја ги пренесуваат информациите за ракетниот напад, посочувајќи дека ракетите кои паднале врз градската болница го погодиле породилиштето. „Ноќта окупаторите истрелаа огромни проектили врз малото породилиште на...

Украина ќе има рестрикции на струја до март, се евакуираат цивили од Херсон и Миколаив пред зимата

Украинските граѓани најверојатно ќе живеат со прекини во снабдувањето со струја барем до крајот на март 2023 година како последица на руските напади на енергетската инфраструктура, пренесува весникот Гардијан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека половина од енергетската инфраструктура на Украина е оштетена од руските напади, оставајќи милиони луѓе без струја и вода додека зимата доаѓа и температурите паѓаат под...

Русија вчера извршила 400 ракетни напади во источна Украина, вели Зеленски

Руските сили во текот на вчерашното деноноќие истрелале 400 ракети во источниот дел на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Гардијан. Ракетните напади продолжуваат, а претседателот Зеленски вели дека и покрај влошувањето на временските услови, најжестоките битки во земјата се водат во Донецкиот регион. Руските сили се повлекоа од десниот брег на реката Днипро во Херсонскиот регион, што...

Од руските гранатирања без струја се оставени 10 милиони граѓани на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 10 милиони граѓани на Украина се оставени без струја поради руските гранатирања на енергетската инфраструктура, при што најпогодени се регионите Кијив, Одеса, Виница и Суми, пренесува Гардијан. Поради недостатокот на струја, во бројни населени места не функционира и снабдувањето со вода за пиење. Извештаите кои пристигнуваат од цела Украина говорат дека руската агресија вклучува...

Столтенберг и полските власти се сомневаат дека ракетите во Полска биле истрелани од Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска одржа прес-конференција по вчерашниот инцидент во Полска, во кој животот го загубија две лица. Столтенберг изјави дека нема индиции оти истреланиот проектил бил намерен напад од Русија или дека Русија подготвува воена акција против НАТО алијансата, пишува Би-би-си. Столтенберг додаде дека експлозијата во Полска најверојатно била предизвикана од украинската воздушна одбрана, но истрагата...

Украинската војска се приближува кон Херсон, на Русија ќе ѝ треба една недела за повлекување

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека на Русија ќе ѝ требаат барем една недела за да ги извлече своите трупи од градот Херсон кон левиот брег на реката Днипро, пренесува Гардијан. Русија на десната страна на реката Днипро има околу 40.000 војници и разузнавачките податоци покажуваат дека овие сили и понатаму се лоцирани во и околу градот...

Жителите на Кијив би можело да бидат евакуирани во случај на целосно исклучување на струјата

Кијивските власти почнаа да планираат евакуација на 3 милиони жители на украинскиот главен град во случај да дојде до целосно исклучување на струјата како последица на руските бомбардирања, пишува Њујорк Тајмс. Бомбардирањето од страна на руските сили на критичната енергетска инфраструктура низ целата земја продолжува, при што 40 отсто од енергетската инфраструктура на Украина е оштетена или уништена. Општинските работници на...

Русија ја префрла нуклеарната електрана во Запорижја под нивна јурисдикција

Руските власти соопштија дека започнале со префрлање на најголемата нуклеарна електрана во Европа под јурисдикција на руската компанија „Росенергоатом“, пренесува Гардијан. Самата електрана и целокупниот персонал ќе бидат префрлени, откако овој енергетски капацитет беше окупиран пролетва од руската војска за време на воената агресија на Русија врз Украина. Украинските власти информираат дека вчера повторно била гранатирана електропреносната мрежа која ја...

Руските напади на украинската инфраструктура водат кон нова хуманитарна катастрофа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со еврокомесарката за енергетика, Кадри Симсон, при што ја информираше дека околу 40 отсто од енергетската инфраструктура на Украина е сериозно оштетена од руското гранатирање, особено термоелектраните и хидроелектраните на земјата. Украинските власти посочуваат дека се приморани да го сопрат извозот на струја во Европа, пишува Гардијан. Покрај стопирањето на извозот на електрична енергија...

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...