недела, 18 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: ракета | 45 резултати

Илон Маск успешно ја лансираше ракетата „фалкон хеви“

7 февруари 2018

Основачот на компанијата за електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск, успешно ја лансираше ракетата „фалкон хеви“ од вселенската станица „Кенеди“ на Флорида, јавуваат светските медиуми. Ракетата се одлепила од земјата без никаков инцидент, а во неа се наоѓа и спортскиот електричен автомобил „роудстер“ (Roadster) на компанијата „Тесла“ . Falcon Heavy side cores have landed at SpaceX’s […]

Северна Кореја тестираше уште една ракета над Јапонија

15 септември 2017

Северна Кореја испукала уште еден проектил од близината на Пјонгјанг. Американците и Јужнокорејците ги анализираат податоците од оваа проба. Јапонија тврди дека една ракета го прелетала островот Хокаидо, а потоа паднала во Тихиот Океан. Јужнокорејскиот совет за национална безбедност одржа итна седница веднаш откако беше објавена веста за новиот ракетен тест на режимот во Пјонгјанг. […]

Американски бомбардери изведоа вежба во близина на Северна Кореја

31 август 2017

Американските стратешки бомбардери, кои можат да носат нуклеарно оружје, изведоа заедничка вежба со јужнокорејските сили во близина на источниот брег на Јужна Кореја. Војската на Јужна Кореја соопшти дека станува за вежба во која учествуваат два американски бомбардери „Б-1Б“ и четири „Ф-35“ како и јужнокорејските бомбардери „Ф-15“. Северна Кореја потврди дека во вторникот лансирала ракета […]

Цената на златото се зголеми откако Северна Кореја истрела ракета кон Јапонија

29 август 2017

Цената на златото се приближи до највисокото ниво за годинава, откако Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонија. Овој настан ги поттикна инвеститорите на сигурно инвестирање, поради зголемување на тензиите помеѓу Пјонгјанг и САД и сојузниците. Цената на златото оваа година се зголеми за 15 проценти, остварувајќи пораст секој месец.

Северна Кореја истрела ракета преку Јапонија, итна седница на Советот за безбедност на ОН

29 август 2017

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе одржи итна седница на барање на САД, Јапонија и на Јужна Кореја, откако Пјонгјанг истрела балистичка ракета што ја прелета територијата на Јапонија пред да падне во Тихиот Океан. Како што јавуваат светските медиуми, сирените за тревога се активирале во северниот дел на Јапанија, предупредувајќи ги луѓето […]

Кина го прекинува увозот од Северна Кореја

14 август 2017

За три недели Кина ќе престане да увезува севернокорејски јаглен, риба и друга стока предвидена со санкциите кои Обединетите нации ги воведено кон Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма. Царинската служба на Кина најави дека од 5 септември на полноќ ќе престанат процедурите што се однесуваат на увоз на стока од Северна Кореја. „После тоа, […]

Северна Кореја е непосредна воена закана, смета министерот за одбрана на САД

3 јуни 2017

Северна Кореја забрзано развива ракета со нуклеарна боева глава која може да претставува закана за Соединетите Американски Држави и за други земји, изјави денеска американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, говорејќи на меѓународна конференција во Сингапур. Министерот за одбрана на САД ја нарекол Северна Кореја „непосредна воена закана“, јавуваат светските агенции. Матис истакнал дека администрацијата […]

ОН ќе го санкционираат севернокорејското лансирање ракета

16 мај 2017

Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди најновото ракетно тестирање на Северна Кореја, истакнувајќи дека ќе преземе нови мерки, вклучително и санкции поради дестабилизирачкото однесување на Пјонгјанг. Во соопштението, кое е едногласно усвоено, Советот за безбедност на ОН истакнува дека е многу важно Северна Кореја веднаш да покаже искрена посветеност на процесот на намалување на нуклеарното […]

Северна Кореја повторно лансираше балистички ракети

22 јуни 2016

Северна Кореја тестираше две балистички ракети од источното крајбрежје, пренесуваат светските медиуми. Како што соопшти војската на Јужна Кореја, се верува дека станува збор за ракети со среден дострел. Лансирањето на ракетите го забележала и американската војска, која соопшти дека нејзините сателити детектирале истрелување ракети, кои паднале во водите на Јапонското Море.

Успешно лансирана правата ракета од новиот руски космодром

28 април 2016

Ракета „Сојуз 2“, која во орбитата околу Земјата однела три научни сателита, утрово успешно полета од новиот руски космодром Восточни. Тоа е прво лансирање на ракета од овој космодром, изграден за Русија да ја намали својата зависност од Казахстан. „Ракетата успешно полетала во предвиденото време, точно во 11.01 по локално време“, соопшти руската вселенска агенција […]

Пјонгјанг лансирал ракета од подморница

23 април 2016

Јужнокорејската војска тврди дека Северна Кореја лансирала балистичка ракета од подморница. Ова го објави јужнокорејската агенција „Јонхап“, која претходно јави дека Сеул се подготвува за уште еден севернокорејски нуклеарен тест, петти по ред, затоа што забележала активност на возила и на луѓе на полигонот за нуклеарно тестирање Пунџе-ри. „Јонхап“ потсетува дека сверенокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун […]

Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел во вселената

7 февруари 2016

Северна Кореја рано утрово лансираше ракета со долг дострел во вселената. Тоа предизвика загриженост кај соседите на оваа земја и во Вашингтон, поради можноста Северна Креја да располага и да тестира нуклеарно оружје. Државната телевизија на Северна Кореја соопшти дека лансирањето во вселената наредено од Ким Јонг Ун било „целосен успех.“ Јужнокорејските и американските воени претставници соопштија дека […]

„Спејс екс“ успешно ја лансираше и вертикално ја приземји ракетата „Фалкон 9“

22 декември 2015

Американската компанија за вселенска технологија „Спејс екс“ (Space X) ноќеска успешно ја лансираше, а потоа ја приземји во исправена положба својата ракета без екипаж, што е прв ваков подвиг во историјата. Пред да се спушти во вертикална позиција во Кејп Канаверал на Флорида, ракетата „Фалкон 9“ испорачала 11 комуникациски сателити во орбитата на Земјата. Ова […]

Египетската војска за малку ќе срушела британски авион

7 ноември 2015

Британски авион со 189 патници, кој летал од Лондон, во август годинава за малку одбегнал ракета во текот на слетувањето во Шарм ел Шеик, пишува „Дејли мејл“. Инцидентот се случил на 23 август, два месеци пред падот на рускиот „ербас А321“ на Синајскиот Полуостров. Екипажот на авионската компанија „Томсон“ бил принуден да преземе итни мерки во текот […]

Јапонска ракета стигна на Меѓународната вселенска станица

25 август 2015

Јапонска ракета Х-2Б утринава стигна на Меѓународната вселенска станица со намирници и други потребни продукти наменети за астронаутите на таа станица, соопшти јапонската вселенска агенција. – Ракетата успешно слета во 2 и 28 по јапонско време – се наведува во соопштението во кое се додава дека целата операција за слетување ја надгледувале јапонските космонаути Кими […]

Руски вселенски брод на пат кон Меѓународната вселенска станица

3 јули 2015

Руска вселенска ракета од типот „Сојуз“, која носи товарен брод без човечки екипаж, денеска успешно полетала од космодромот „Бајконур“ во Казакстан и е на пат кон Меѓународната вселенска станица, јавуваат светските агенции. Лансирањето на „Сојуз“ поминало беспрекорно. Ракетата го однела бродот „Прогрес М-28М“ во назначената орбита, на безбеден пат кон вселенската станица, со која, според […]

Ракетата на „Спејс икс“ експлодира веднаш по лансирањето од „Кејп Канаверал“

29 јуни 2015

Американската вселенска ракета на „Спејс икс“, „Фалкон 9“, која требаше да однесе товарен брод на Меѓународната вселенска станица, се распадна во пламен само некоку минути по полетувањето од „Кејп Канаверал“ во Флорида, САД, пренесоа светските медиуми. Делови од „Спејс икс“ паднале во Атлантскиот Океан. Од американската влесенска агенција (НАСА) изјавиле дека продуктите за Меѓународната вселенска […]

Палестинците од Газа нема да смеат да се молат во џамијата „Ал Акса“

24 јуни 2015

Израел денеска ги поништи дозволите за влез на верниците од појасот Газа  во ерусалимската џамија „Ал­ Акса“, откако синоќа ракета од палестинска територија паднала на југот од земјата, во близина на граничниот премин. Координаторот за владините активности на окупираните територии, бригадниот генерал Јоав Мордехај, објасни дека 500 мажи и жени утре и в петок нема да […]

Северна Кореја лансирала две ракети со мал дострел

9 април 2015

Пјонгјанг денеска истрелал две ракети со мал дострел од типот „земја-воздух“ кои завршиле во Жолтото Море, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја. Северна Кореја, на почетокот од месецов испука четири ракети со мал дострел, кои паднаа во Јапонското Море.

Тестирана новата руска ракета „ангара-А5“

23 декември 2014

Првото тестирање на новата руска ракета-носач од тешка класа „ангара-А5“, утринава се случи на космодромот „Плесецк“. Преку видеоконференциска врска, рускиот претседател Владимир Путин беше дел од истрелувањето на ракетата. Ракетата беше лансирана во 6.57 часот по средноевропско време. Деловите на „ангара“ ќе паѓаат во специјално определени реони на Република Коми, во Томската област и во […]

Страна 2 од 3