понеделник, 20 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: работа | 89 резултати

Кривичниот суд и за време на феријата ќе работи на итни и на притворски случаи

јули 18, 2016

Кривичниот суд во Скопје и за време на судската ферија, односно во периодот на летните одмори, од 15 јули до 15 август, ќе работи на итни предмети и на случаи во кои се бара притвор, велат за „Мета“ од судот. Оттаму појаснуваат дека судската ферија не значи дека во овој период судот воопшто не работи, […]

Намалување на сивата економија и на несреќите на работно место бара ОРМ

јули 14, 2016

Нови ефикасни решенија за намалување на повредите и на несреќите на работните места, воведување на системот на бонови при пријавување на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување и измени во Законот за трговски друштва, бара Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ). Во областа на безбедноста и здравјето при работа, ОРМ смета дека досегашната примена на законската регулатива […]

Без опозиција, денеска во Собранието ќе се гласа за новиот универзитет „Дамјан Груев“

јуни 28, 2016

Пратениците во Собранието на денешната пленарна седница, без учество на опозицијата, по скратена постапка ќе дебатираат и ќе гласаат за оформувањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“. Од опозицијата велат дека откако оформувањето на овој универзитет повторно е ставено на дневен ред во Собранието, тој е дополнет со три факултети. Според опозицијата, незаконски е основањето на […]

СДСМ: Уставниот суд да се изјасни за Законот за СЈО

јуни 9, 2016

„Како е можно повеќе од осум месеци Уставниот суд да не презема ништо во однос на иницијативата за Законот за Специјалното јавно обвинителство? Ако можеше Уставниот суд за само пет дена да поведе постапка и за само седум дена да донесе одлука за иницијативата на ДУИ, би требало да може и за СЈО“, велат од СДСМ. „Повеќе […]

Груевски: Подготвуваме голема реформа за судството, медиумите и администрацијата

јуни 1, 2016

Во повеќе области, тргнувајќи од судство, медиуми, администрација, безбедност институциите со сите капацитети работат да ги подготват првите чекори, драфтови и се она што е потребно за да се почне еден процес на исполнување на барањето на извештајот на Европската Унија или наречен Извештајот на Прибе, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски одговарајќи на новинарско […]

Донатор на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде на чело на Антикорупциска комисија

април 22, 2016

Назначувањето на Игор Тантуровски за нов претседател на Комисијата за спречување на корупцијата е уште една потврда дека нема вистинска борба против корупцијата и криминалот туку обиди да се покријат криминалите на власта, обвинуваат од СДСМ. „Тантуровски самиот потврди дека во 2012 година донирал 60.000 денари за ВМРО-ДПМНЕ, со што не го исполнува највисокиот услов […]

Грчката железница во минус поради бегалската криза

март 28, 2016

Бегалската криза ѝ задава голем финансиски удар на грчката железница. Веќе 10 дена железничката пруга кон Македонија не функционира, поради протестот на бегалците на пругата кај Идомени, поради што голем број комерцијални товарни возови чекаат и не можат да пренесат роба и стоки од Грција кон Европа. Ваквиот застој создава огромна финансиска штета за железницата […]

Извештај на СЈО: Детали, бројки и факти

март 15, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, до Собранието на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и до медиумите го достави извештајот за нејзината работа во првите шест месеци од основањето на Специјалното јавно обвинителство. Извештајот е поделен на шест глави, во кои се наведени состојбите во СЈО од неговото конституирање, односно човечките ресурси со кои располага, […]

Многуте корисници ја уриваат апликацијата на ДИК за проверка на избирачкиот список

март 10, 2016

Веб-апликацијата за проверка на избирачкиот список вчера неколку часа беше блокирана од премногу корисници, потврдија денеска од Државната изборна комисија. Честите кликнувања на граѓаните за да го проверат избирачкиот список ја блокирале работата на веб-апликацијата. Од утрово таа функционира нормално. Од пред неколку дена на страницата на избирачкиот список до името на секој граѓанин постои […]

Фабриката „Југохром“ почна да работи 

март 1, 2016

Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце почна да работи. Денеска беа вклучени две печки кои работат со капацитет од 25 мегавати, а на работа се вратени 400 работници. – Се надеваме дека наредниот месец ќе вклучиме и уште една печка со која комбинатот ќе работи со моќност од 50 мегавати и на работа ќе бидат околу 700 […]

Анкетната комисија денеска ќе решава за првите сведоци за прислушувањето

декември 3, 2015

Денеска членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето треба да го донесат планот за работа на комисијата и да достават списоци со предложени лица, кои ќе треба да сведочат околу прислушуваните разговори. Седниците на Анкетната комисија ќе бидат пренесувани директно на собранискиот канал, освен кога ќе има пленарна седница. Во тој случај, тие ќе се реемитуваат. […]

Црна Гора предвидува издавање на околу 15.000 странски дозволи за работа

ноември 24, 2015

Министерството за труд и социјална политика на Црна Гора предложи годишна квота од 14.800 дозволи за привремен престој и за работа на странци за следната година, како и 3.000 дозволи за капитални проекти. Квотата била предложена врз основа на бројката од најдобрата туристичка сезона, кога биле издадни 14.600 дозволи, при што дополнително се прифатени предлозите на одредени […]

Сивата економија во државата изнесува 26 проценти

ноември 2, 2015

Сивата економија во државата може да изнесува и до 26 проценти, иако податокот до кој дојдовме вели дека тој процент е 22,5 отсто, истакна првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски. Поради ова, ССМ во следниот период ќе почне со кампања против непријавената работа. Една од мерките ќе биде едукација на младите за […]

Пратениците на СДСМ сè уште чекаат да влезат во комисиите

септември 3, 2015

Седници на четири собраниски комисии се закажани за денеска, а пратениците на СДСМ нема да бидат дел од ниту една. Како што објаснува Горан Сугаревски, координатор на пратеничката група на СДСМ, „новите“ пратеници сè уште не се членови на комисиите. Сугаревски вели дека не му е јасно зошто сè уште не се изгласани новите членови […]

Врховниот суд ја оцени скопска единица со „релативно ефикасен“

јули 28, 2015

Од вкупно 119.566 предмети, колку што имал за работа скопскиот Кривичен суд во текот на минатата 2014 година, судиите успеале да решат повеќе од половина, односно 75.906 случаи, додека 43.660 предмети останале нерешени, покажува извештајот за оцена и за заклучоци на работата на судовите во Македонија, изработен од Врховниот суд. Како што соопштуваат од Основниот […]

Бремените жени и хронично болните, да бидат ослободени од работа

јули 22, 2015

Бремените жени и хронично болните лица постари од 60 години, од денеска до вторник (28 јули) треба да бидат ослободени од работните обврски поради тоа што земјава е зафатена од топлотен бран. Министерството за здравство им препорачува на работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници што работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење […]

Крв, лицемерие, навреди и песимизам: Каде се изгуби духот од Пржино?

јули 22, 2015

Бруталниот и недипломатски начин на разговори и преговори меѓу власта и опозицијата кој почна во резиденцијата на ЕУ во Пржино, очигледно сè уште не е завршен. Тогаш лидерите се согласија зад себе да ги остават партиските интереси и да размислуваат за доброто на грѓаните и на државата, но само по една недела го заборавија тоа, па партиските […]

Поставена веб-платформа за хонорарци

мај 26, 2015

Македонска платформа за поврзување на хонорарни соработници со заинтересирани работодавци, беше промовирана денеска во Штип. Проектот го почнале млади луѓе, кои сакаат да  стимулираат други луѓе да го искористат своето слободно време и да работат од дома или најдат ангажман  преку платформата. Преку интернет-поврзување, им се овозможува на корисниците да ги употребат своите вештини и интелектуални […]

Штип почна со проектот „Општинско-корисна работа“

мај 19, 2015

Три медицински сестри во Здравствениот дом, наставник по физичко образование во центарот „Искра“, физеотерапевт во Дневниот центар за деца со посебни потреби и испорачувачи на сервисни услуги на лица со инвалидитет, ќе добијат привремена работа преку проектот на Општината Штип за општинско-корисна работа. Преку проектот на десет сиромашни и невработени им се дава привремена работа, […]

Авионска безбедност: Прекарните работни договори на пилотите на тапет

март 30, 2015

Студија на универзитетот во Гент објавена само еден и пол месец пред падот на авионот на „Џерманвингс“ и презентирана од европското здружение на пилоти со седиште во Брисел, покажува загрижувачки трендови. Според податоците објавени во студијата, вртоглаво се зголемува бројот на пилоти кои работат под прекарни преговори како што се договорите на дело и лажните договори на дело, […]

Страна 4 од 5