fbpx
Таг: Пржино

таг: Пржино

Жестока дебата за изборот на новите министри

„Лидерот на СДСМ поднесе пет барања за излез од кризата. Меѓу нив беше и да се прави попис. Од него нема ништо, а мислам дека тој е клучен за фер и демократски избори“, изјави од говорницата на дебатата за избор на новите министри, пратеничката Роза Топузовска-Каревска. - А со законите, видовме што се случи. Заев бараше техничка влада, па да...

Законите од Пржино, вечерва на пленарна седница во Собранието

Пратениците во Собранието го изгласаа дневниот ред на пленарната седница, на која како единствени точки се ставени законите што политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ги усогласија во петокот. Образложение за дневниот ред даде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој рече дека поради повисоки државни интереси овие точки треба да се донесат по скратена постапка. Втор за збор...

Началниците во МВР ќе имаат „врзан потпис“

Законите што вчера ги договорија политичките партии, в понеделник треба да се изгласаат во Собранието. Веднаш потоа, избраните министри и заменици од СДСМ ќе стапат на новите функции, брифираат од СДСМ. Според нашите извори, министрите ќе имаат надлежности според постојните закони. Спасовски, како министер за внатрешни работи, ќе има моќ да менува кадри во својот ресор, но со еден услов: за секој сменет началник,...

Почнаа да течат роковите за изборите: Што нè чека до април?

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, утринава постигнаа договор за законот за влада и за законот за „бомбите“. Со тоа почнаа да течат роковите за предвремените парламентарни избори, закажани за 24 април 2016 година. В понеделник:  Новите министри и заменици-министри од СДСМ и официјално ќе бидат избрани за членови на Владата. 1 јануари 2016 година:   Актуелната Влада треба да...

Денеска нова средба на работните групи

Денеска во Клубот на пратеници ќе се одржи нова средба на работните групи за финализирање на Договорот од Пржино. Посредникот во разговорите меѓу четирите најголеми политички партии, Питер Ванхауте, изјави дека тие постигнале одреден напредок за отворените прашања од договорот од 2 јуни и од 15 јули, но сè уште нема финален договор. Во изминатите денови, Ванхауте имаше одделни средби со...

Заев: Очекувам денеска да има конечен договор

Има сериозно приближување на ставовите на двете политички партии во преговорите за спроведување на Договорот од Пржино, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред средбата со европратениците од сестринските партии. - Очекувам денеска да има конечен договор за обврските што сите си ги презедовме со Договорот од Пржино. Како што знаете, изборниот законик е договорен, како и анкетната комисија која е врзивно...

Ахмети: Итно да се спроведе Договорот од Пржино

Денеска во седиштето на партијата во Тетово, претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја пречека делегацијата на европратеници предводена од Џани Питела, претседател на групата на социјалистите и на демократите во Европскиот парламент, Кнут Фленкенштајн, потпретседател на групата на социјалистите и на демократите во Европскиот парламент, како и поранешниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот...

Партиите денеска ќе го спасуваат Договорот од Пржино

Претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска треба да се сретнат и да разговараат за нерешените прашања, дознава „Мета“. Според нашите информации, тие треба да разговараат за предлог-законот за влада, кој белгискиот олеснувач Питер Ванхауте им го достави минатата недела. Информациите говорат дека во него се земени предвид сите забелешки на политиките партии. Ставовите, пак, на двете...

Оер: На договорот треба да му се даде шанса

Лоренс Оер, aмбасадорката на Франција во Македонија, денеска изрази загриженост за спроведувањето на Договорот од Пржино и изјави дека веруваат во него и оти на договорот треба да му се даде шанса тој да биде спроведен во целост. Оер, при средбата во Собранието со пратеничката група за пријателство со францускиот парламент, не кажа дали Македонија ќе ја загуби препораката за...

ДУИ: Ги разгледуваме сите опции околу спроведувањето на Договорот од Пржино

За ДУИ е многу важно Договорот од Пржино целосно да се спроведе и без понатамошно одложување треба да биде комплетиран тимот на специјалниот обвинител и да се достават другите закони во Собранието, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со заменикот на американскиот амбасадор, Барт Путни, денеска во Амбасадата на САД во Скопје. Ахмети истакнал дека „двете македонски политички...

Партиите заиграа силно на картата на заемно обвинување

По еден ден молк по изјавата на дел од амбасадорите во Македонија, кои испратија порака до политичките партии за итно спроведување на Договорот од Пржино, денеска учесниците во работните групи повторно меѓусебно се обвинија за кршење на договореното. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ пред Клубот на пратеници во Скопје го обвини СДСМ дека „сака да ја продлабочи политичката криза и да ја загубиме...

Спасовски: Не сакаме да владееме заедно со ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ го крши Договорот од Пржино. Помошниците специјални обвинители сè уште не се избрани, а специјалната обвинителка не може да почне со работа“, обвини на денешната прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Тој рече дека очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена да се соочи со одговорност. - Нема договор за законот за влада со кој се предвидени надлежностите на министрите и...

Милошоски го повика СДСМ утре во Собрание да го изгласаат изборниот законик

Две недели СДСМ има тенденција да не се постигне никаков договор, обвини Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, учесник во работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. Тој денеска пред Клубот на пратеници во Скопје рече дека 10 дена разговараат за законот за влада и за надлежностите на министрите и на замениците-министри, но СДСМ ги менува предлозите штом ВМРО-ДПМНЕ ќе...

Ванхауте на партиите им дал нов закон за надлежностите на министрите

Олеснувачот во преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, доставил нов предлог-закон за надлежностите на министрите и на замениците-министри во новата заедничка влада. Предлогот бил сублимат од досегашните разговори на партиите, а, пред сè, се однесува на ингеренциите што треба да ги има новиот министер за внатрешни работи. Се дознава дека по овој предлог вчера партиите имале внатрепартиски...

На 2 ноември ќе легнат парите на сметката на Јанева

Неделава ќе биде отворена сметка за Специјалното јавно обвинителство со овластен потпис од специјалниот јавен обвинител, најави на денешната прес-конференција министерот за финансии, Зоран Ставрески. - Одлуката треба да помине на владина седница и на 2 ноември да се усвои во Собранието, при што одобрените средства од буџетот ќе легнат на сметката и ќе можат да се користат - рече...

Груевски: Го поздравувам ангажманот на дипломатите

„Работните групи се во постојана комуникација со олеснувачот. Во наш интерес е спроведување на Договорот и посветено работиме за тоа што побргу да се случи“, изјави на денешната прес-конференција премиерот Никола Груевски. - Во однос на одлучувањата на министерот за внатрешни работи, прво ќе се изјасниме на преговарачка маса, па подоцна ќе излеземе со став - рече Груевски. Тој го поздрави ангажманот за помагање и за...

Договорот од Пржино се одржува на апарати

Вчерашната изјава на амбасадорите, во која ги посочија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како виновници за неуспехот на Договорот од Пржино, е само потврда на тоа што ние го кажавме во саботата, велат од СДСМ. Од опозициската партија брифираат дека билатерални средби сè уште се одржуваат, но нема никаков напредок, а според нив, очигледно е и дека рокот за специјалниот обвинител...

Никој не сака одложување на изборите и покрај пробиените рокови

Мали се шансите за Договорот од Пржино да се реализира, брифираат извори од СДСМ за новинската агенција „Мета“. Оттаму велат дека билатерални средби со партиите има иако притисокот е повеќе насочен кон владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, ако и нешто се случи во последен момент, од опозициската партија не знаат дали тоа ќе значи и одложување на изборите закажани за 24...

За ВМРО-ДПМНЕ преговорите се активни, за СДСМ сè е на стенд-бај

Нема никаков знак дека и денеска нешто ќе се случува околу преговорите на политичките партии. Утре е можно Европската комисија да го затвора извештајот за напредокот на земјава, од што зависи дали на Македонија ќе ѝ биде одземена препораката. Најавите се дека продолжувањето на препораката зависи од тоа дали Договорот од Пржино ќе биде имплементиран. Од ВМРО-ДПМНЕ за „Мета“ велат дека преговорите...

Лидерите на партиите се договорија да продолжат преговорите

По два и пол часа преговори, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, се договорија разговорите за Договорот од Пржино да продолжат утре со билатерални средби. Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте изјави дека очекува наредната недела преговорите да се интензивираат. - Се договоривме преговорите да продолжат и очекуваме да се интензивираат и да се надминат...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...