Завршен проектот за пруга од Кичево до Албанија
ноември 29, 2017
Изработена е проектна документација за изградба на железничка линија Кичево – границата со Република Албанија, извести Министерството за транспорт и врски. За овој проект утре на настанот што ќе се одржи во 9.30 часот во ЕУ-инфоцентарот во Скопје, ќе зборува и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.