fbpx
Таг: проверка

таг: проверка

Гласачите што не биле дома повторно се проверуваат во базата на податоци на ДИК

ИТ-тимовите на Државната изборна комисија (ДИК) сè уште административно (со вкрстени проверки) ги проверуваат повеќе од 41.435 лица што не биле пронајдени дома при теренската проверка. По проверката, членовите на ДИК треба да го разгледаат извештајот на јавна седница, која ќе се одржи попладневно. Како што вчера соопшти ДИК, анкетарите при теренската проверка се сретнале со 35.481 гласач, со 41.435 не се сретнале, а...

Даночната управа на Србија ќе ги проверува наводите од „Панама пејперс“

Даночната управа на Србија соопшти дека по повод случајот „Панама пејперс“, изнесените наводи ги проверува во координација со другите државни органи. Мрежата за истражување криминал и корупција објави имиња на 18 лица од Србија, кои основале офшор-компании преку панамската адвокатска агенција „Мосак Фонсекa“ од која протекоа документите.  

ДИК поделена и раскарана околу подготвеноста на избирачкиот список

Од 87.128 лица кои теренски беа проверувани, 37.435 лица не биле пронајдени дома, покажуваат податоците од теренската проверка на спорните гласачи на Државната изборна комисија. Членовите на ДИК од СДСМ сметаат дека избирачкиот список не е прочистен, додека за членовите од ВМРО-ДПМНЕ останува само уште малку работа. Виолета Дума вели дека прочистени се само починатите лица, а за другите сè уште се...

ДИК ќе проверува 110.440 спорни гласачи, повеќе од 62.000 чекаат дополнителни проверки

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа одлучи да се изврши теренска проверка за 110.440 спорни гласачи. Дополнителна административна проверка ќе се направи на 62.837 лица, а потоа, ако има потреба, и оваа група гласачи теренски ќе се проверува. Административно ќе се проверат податоците и за 35.859 избирачи кои, најверојатно, се починати, а за 7.345 дополнително ќе се одлучи што понатаму. За 124.027 гласачи...

ДИК вечерва во уште еден обид да ја откочи теренската проверка

Попладнево во 18 часот, Државната изборна комисија (ДИК) ќе ја одржи 22. седница, која е отворена за јавноста. На седницата треба да биде разгледан и усвоен извештајот од вкрстените проверки на избирачкиот список. Поради потреба од дополнителни консултации околу тоа како и во колкав обем да се извршат теренските проверки на сомнителните гласачи во избирачкиот список, седницата на Државната изборна комисија,...

Се одложува теренската проверка на избирачкиот список

На денешниот состанок на Државната изборна комисија, членовите на комисијата одлучиле да спроведат дополнителни тестови за вкрстување на податоците, информираат од ДИК. „Државната изборна комисија, по првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките“, пишува во соопштението на ДИК. Од...

„Мост“: Нефункционалниот систем е причина за недоверба во избирачкиот список

Што и да направи Државната изборна комисија во овој период, нема да може да го прочисти списокот без соработка со другите институции надлежни за доставување податоци за избирачкиот список, сметаат од граѓанската асоцијација „Мост“. „Моменталната состојба е последица на немањето функционален систем со прецизни процедури и алоцирани одговорности, што остава можност за злоупотреби. За да добиеме веродостоен избирачки список, сите институции инволвирани...

Чичаковски: Ќе направиме сè да го прочистиме избирачкиот список до 17 април

Државната изборна комисија ќе ги преземе сите активности за да стигне до 17 април да го прочисти избирачкиот список, изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, по денешната средба со претставници на 20 амбасади во Клубот на пратеници во Скопје. Според него, на денешната седница во ДИК треба да се најде решение и за тоа како ќе се проверуваат поплаките што пристигнуваат...

Многуте корисници ја уриваат апликацијата на ДИК за проверка на избирачкиот список

Веб-апликацијата за проверка на избирачкиот список вчера неколку часа беше блокирана од премногу корисници, потврдија денеска од Државната изборна комисија. Честите кликнувања на граѓаните за да го проверат избирачкиот список ја блокирале работата на веб-апликацијата. Од утрово таа функционира нормално. Од пред неколку дена на страницата на избирачкиот список до името на секој граѓанин постои опција за пријавување, ако некој смета дека...

ДИК: Граѓаните можат да пријават сомнителни податоци во избирачкиот список

Им овозможуваме на сите граѓани до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и преку апликацијата објавена на веб-страницата на Државната изборна комисија да пријават сомнителни податоци во избирачкиот список, кои по службена должност ќе бидат проверени во службените евиденции на надлежните институции, велат од ДИК. „Врз основа на спроведените постапки и донесените акти од страна на надлежните институции,...

Од денеска проверка на податоците во избирачкиот список со нова веб-апликација

Државната изборна комисија промовираше нова веб-апликација за граѓанска контрола на избирачкиот список, која е достапна на официјалната страница на комисијата. Со новата веб-апликација граѓаните ќе можат на три начини да проверат дали се во избирачкиот список: преку единствен матичен број, преку име и презиме или преку адреса на живеење. Избирачкиот список е активен од денеска од 14 часот, со податоци кои се...

ДИК како „Гугл“: По проверката на базите, податоците ќе бидат ставени во серверот за вкрстување

Државната изборна комисија ги има донесено сите потребни акти за постапката за проверка и за ажурирање, како и целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во избирачкиот список, соопшти денеска ДИК, по прозивката од ВМРО-ДПМНЕ јавно да кажат колку време им е потребно за прочистување на избирачкиот список. „Четворицата консултанти за информатичка технологија предложени од четирите најголеми политички партии...

До крајот на неделава ќе почне прочистувањето на избирачкиот список

До крајот на неделава или најдоцна до понеделник ќе почне прочистувањето на избирачкиот список, дознава „Мета“. Извори од Државната изборна комисија (ДИК) велат „подготовките се при крај и во наредните денови ќе почне проверката“. Членовите на ДИК минатата недела усвоија одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 10 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата...

Јолевски: Наскоро ќе добиеме опрема за биометриско регистрирање на бегалците

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска ја посети воздухопловната единица на АРМ. Тој од Петровец најави дека очекува наредните денови да добиеме опрема за биометриско регистрирање на бегалците што влегуваат во земјава. Како што вели Јолевски, тоа ќе ја подобри проверката на сомнителни лица што ја поминуваат границата на Македонија.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...