Таг: проверка на факти
таг: проверка на факти
Вистиномер: Училиштето „Фаик Коница“ во Доброште доби нова спортска сала
Ветување: Изградба на спортска сала во село Доброште.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за изградба на спортска сала во село Доброште, е исполнето, пишува Вистиномер.мк. Ова ветување на Асани е дел од проектот за изградба на спортски сали во Општина Теарце, дадено во неговата програма „За општината што ја сакаме” (стр. 4).
На 6 март медиумите информираа за свеченото...
Вистиномер: Направена е реконструкција на источниот влез во Скопје
Ветување: Проширување на „Александар Македонски“
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за проширување на булеварот „Александар Македонски“, дадено во предизборието за локалните избори во 2017 година, е исполнето, пишува Вистиномер.мк.
Ова ветување на Шилегов е дел од неговата изборна програма „Живот во Скопје за сите!“ (стр.19), во поглавјето „Инфраструктура“ меѓу предлозите за нови сообраќајни решенија.
Реконструкција на оваа сообраќајница, од раскрсницата во Автокоманда до...
Вистиномер: Не се гледа „светлина“ за ветениот тунел под Кале
„Вистиномер“ го анализираше изборното ветување на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за тунел со улица под Кале, односно „Продолжување на бул. „Свети Климент Охридски“, со мост над реката Вардар и со тунел под Скопското кале и поврзување со булеварот „Никола Карев“ и го оквалификува како неисполнето.
Подолу го пренесуваме во целост текстот на „Вистиномер“:
Ветување: Продолжување на бул. „Свети Климент Охридски“,...
Вистиномер: Основното училиште во Групчин доби енергетска фасада и соларни панели
Ветување: Реновирање на основното училиште во село Групчин
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во кампањата за локалните избори, меѓу другото, вети и реновирање на основното училиште во село Групчин. Ова ветувaње на Сејдиу, дадено во неговата изборна програма, во делот „Образование“ – во рамки на проектот за реновирање на основните училишта во Општина Желино (стр.3), е исполнето, пишува Вистиномер.мк.
Основното училиште во...
Вистиномер: Општина Аеродром не доби затворен зелен пазар
Ветување: ЗАТВОРЕН ЗЕЛЕН ПАЗАР
Општина Аеродром е соочена со недостиг на затворен современ зелен пазар. Следејќи ги потребите на граѓаните укажувани на многубројните средби во мандатниот период, еден од капиталните проекти ќе биде изградбата на современ затворен пазар во кој ќе бидат планирани повеќе содржини: дел за продажба на градинарски производи, дел за продажба на млечни производи, дел за продажба на...
Вистиномер: Неопходен е нов изборен законик, а не „крпеници“ за интересите на големите политички партии
Во право е министерот за правда Бојан Маричиќ кога вели дека ова е добра можност за прв пат да воведеме нешто ново што е подемократско (отворените листи), ама не е во право кога вели дека процесот бил инклузивен и дека сега, отпосле, по огромните критики и прочитаната во јавност намера да се усвојат правилата на големите за да се елиминираат...
Вистиномер: Не се случи ветеното заживување на езерото Треска
Ветување: ИЗЛЕТНИЧКИ ЦЕНТАР „ТРЕСКА“ НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ!
Езерото „Треска“ е изградено со самопридонес на граѓаните на Скопје, а во моментов, просторот е запоставен и руиниран. Со неговото враќање во надлежност на градот и со негова ревитализација, Скопје и скопјани добиваат излетничко место за одмор, култура, забава, за кампување и разладување во летните денови. Ревитализацијата на комплексот „Треска“ е истовремено и социјална...
Вистиномер: Лажица и монети не се лепат на рамото поради вакцината
Овој пост што се споделува на „Фејсбук“ е невистинит. Вакцините немаат магнетизирачко дејство, немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија....
Вебинар: Програмата на „Фејсбук“ и „Вистиномер“ ги научи медиумите сами да ги отстрануваат дезинформациите
Порано имавме случаи, некој медиум да објави некоја дезинформација, а потоа десетици други таа да ја преобјават. Откако ќе се утврдеше дека станува збор за дезинформација, за тоа да објавуваа само некои други медиуми што не ја објавиле првичната вест, а текстот со дезинформацијата си остануваше јавно достапен и добиваше видливост. Но, откако почнавме да ги рецензираме, сега веќе...
КриТинк Анализа: Информациска вакцинација
Информацијата е како вирус. Кога пренесува невистини обложени со сензационализам, таа брзо се шири и го разјадува „здравото ткиво“ на системот. Кога пренесува факти лишени од конспиративност, таа тлее во симбиоза со своите „домаќини“ и ја „јакне функционалноста“ на општеството, пишува „КриТинк“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост.
Човечката отпорност на штетни содржини зависи од изложеноста и од количеството на...
Фејсбук со засилена акција против луѓето кои во континуитет споделуваат дезинформации
Фејсбук ги претстави новите начини за информирање на луѓето што се сретнале со содржина која веќе била оценета како дезинформација, а преземаат и посилни мерки против луѓето коишто во континуитет споделуваат дезинформации на социјалната мрежа. Од компанијата уверуваат дека преземаат мерки со кои што помалку луѓе ќе можат да ги видат содржините кои содржат дезинформации за ковид-19 и вакцините,...
Вистиномер: Дезинформација е дека во вакцината има магнетни микрочипови
Вакцините не содржат микрочипови. Целата драма со наводни микрочипови, преку кои, наводно, населението ќе биде следено, нема врска со реалноста, пишува Вистиномер. Всушност, компанијата „АпиЏект“ од САД, размислува за „опционален микрочип“, ама тој би бил на етикетата од шприцот и нема да се инјектира при имунизацијата.
Важно е да се каже дека овој микрочип е наменет само за САД, а...
Објавен повик за обука за зајакнување на капацитетите за проверка на факти на Балканот
Партнерските организации на Фондацијата „Метаморфозис“, „Зашто не“ од Босна и Херцеговина и Меѓународната мрежа за проверка на факти при Институтот „Поинтер“ објавија програма за обука за градење и зајакнување на капацитетите за проверка на факти на Балканот.
„Целта е да се понудат вештини за проверка на факти на редакции и непрофитни организации и тие, преку менторство и мониторинг, да се...
Вистиномер: Дезинформација е дека на пописот во Швајцарија сме именувани како „северномакедонци“
Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека на пописот во Швајцарија, Mакедонците можат да се попишат како северномакедонци, а не како Македонци. Притоа, понуден е принтскрин како доказ за тврдењето, на германски јазик. Но, доколку проверите на германски што значи напишаното, ќе сфатите дека ова е дезинформација и извртување на вистината, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа.
Постот пренесува напис...
Вистиномер: Видео полно со дезинформации и полуинформации ставено во кампања против вакцинацијата
Видеото го шири познатиот антивакцинален наратив, полуинформации и информации кои се дадени без објаснување и кои имаат за цел да ги претстават вакцините како опасни, мерките како репресија за згаснување на човековите слободи, притоа криејќи го фактот дека вакцината штити од тешките форми и тешката клиничка слика од ковид-19, пишува Вистиномер.мк.
Антивакциналната кампања на Фејсбук со засилено темпо продолжува да...
Фактоје: Реконструкцијата на училиштето во Пустец сè уште не е започната
За време на заедничката официјална посета на Пустец, општина населена од македонско малцинство во Албанија, министерката за образование Евис Куши вети дека ќе обезбеди услови за учење јазик и вклучување во бесплатната шема за учебници. Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев гарантираше донација од 30.000 евра од претприемачи на РСМ, за реконструкција на надворешниот дел на училиштето, пишува албанскиот сервис...
Вистиномер: Филмот „Songbird“ е нов, не е направен пред ковид-19 пандемијата
Проектот за филмот „Songbird“ беше најавен во мај 2020 година и е американски трилер од категоријата научна фантастика базиран токму на ковид-19 пандемијата. „Songbird“ беше објавен преку опцијата премиум видео на ЈуТјуб на 11 декември 2020 година, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа.
Пост на Фејсбук преку кратко видео од филмот „Songbird“ ја манипулира јавноста дека пандемијата со ковид-19 не е...
Вистиномер: Полициската акција во Вевчани искористена за дезинформации спакувани во политички памфлет
Во објавата што е преполна со лажни вести (наводна дискриминација по национална и верска основа), е испуштен главниот контекст. Полициската интервенција за растурање на вевчанскиот карневал е спроведена врз основа на важечки мерки и правила за заштита од корона вирусот, односно заштита на јавното здравје, пишува Вистиномер.
Пост на Фејсбук на македонски јазик на група Млади за Македонија шири невистини за состојбите во...
Вистиномер: Дезинформација е дека спикерот Џафери бил пијан на седница
Пост на Фејсбук шири лажна вест дека спикерот на Собранието, Талат Џафери, бил пијан на седница. Станува збор за седницата која се одржа на 24.12.2020, а која траеше цела вечер, до доцните утрински часови. На седницата се расправаше за спорот меѓу Владата и Макпетрол, односно преземањето на ГАМА од страна на државата, пишува Вистиномер.
Постот за кратко време стана вирален...
Вистиномер: Какофонија од невистини – СЗО не забранила обдукции за починати од Ковид-19
Уште еден во низата конспирациски постови на Фејсбук, меша неколку неповрзани и невистинити фактички неиздржани, неаргументирани и непостоечки состојби, за да ги доведе во корелација со пандемијата со ковид-19 и со симптомите што оваа непредвидлива болест ги предизвикува. Меѓутоа, ковид-19 нема никаква врска со некакво запрашување со отрови и тешки метали од авиони, трагите од авионите кои се гледаат...