fbpx
Таг: протестирам

таг: протестирам

Крајно време е за завршен удар, порачаа демонстрантите

Забавата „Информативен разговор“ наместо пред полициската станица „Беко“ се одржа на крстосницата пред зградата „Палома Бјанка“, бидејќи безбедносните сили ги спречија граѓаните да дојдат до пред полициската станица, која од сите страни беше опколена. На забавата учесниците на протестот пред полицајците палеа факели, играа и пееја. Претходно граѓаните беа пред Собранието каде што ги повикаа сите да не седат и да чекаат...

„Протестирам“: Не прифаќаме парцијално повлекување на аболицијата

Граѓанското движење „Протестирам“ денеска порача дека не прифаќа половично повлекување на аболицијата и оти ќе продолжат да протестираат на улиците. „Не запираме! Парцијално повлекување на аболицијата не прифаќаме! Половична правда е неправда! Нема да запреме додека не се повлече аболицијата целосно. Не неколку, туку сите треба да бидат предмет на истрага. Чекориме по улицата за сите кои се сомничат за...

Забавата „Информативен разговор“ ќе се одржи во сабота пред ПС „Беко“

Забавата „Информативен разговор“ закажана за утревечер пред полициската станица „Беко“ се преместува за во сабота, информираат организаторите. Предвидено е забавата да започне во 20 часот, а најавен е и музички перформанс. Како што пишува во информацијата испратена до Министерството за внатрешни работи, целта на забавата е министерот Митко Чавков да може да ги праша учесниците на „Шарената револуција“ се што го...

Во петок пред полициската станица „Беко“ ќе има забава наречена „Информативен разговор“

Во петок навечер во 21 часот пред полициската станица „Беко“ ќе се организира забава насловена како „Информативен разговор“. Настанот е креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Откако стапи на функцијата министер за внатрешни работи, нашиот ценет Митко Чавков се отвори кон граѓаните за информации. Човек учи додека е жив нели. По тој повод овој петок свечено Ве покануваме сите на „Информативен разговор“...

„Шарената револуција“: Не не плашат заканите и притисоците, продолжуваме со протести

Од оваа борба нема откажување! Нема да не заплашат заканите и притисоците! Нема да не заплашат повици за информативни разговори! Протестирам е прво лице еднина, но сите ќе бидеме солидарни се додека луѓе се под притисок на режимот. Протестирам затоа значи и грижа за другите, пишува во најавата за денешниот протест на „Фејсбук“ страницата. „Марширајќи по улиците се ослободуваме, а...

„Шарената револуција“ им порача на власта и полицијата: Имаме став наместо страв!

Неколку стотици граѓани денеска на протестот на „Шарената револуција“ со бојадисување на оградата на Владата, на зградата на Министерството за правда и на Собранието и порачаа на власта дека не се плашат од полициските сослушувања и снимања. На протестот, кој се одржа под паролата „Став наместо страв“ говореа активистката Рената Јајоска и пратеничката на СДСМ, Лидија Димова. https://twitter.com/meta_agency/status/735158932465963008 - Ќе протестираме се...

Брисел внимателно го следи распитот на членовите на Хелсиншки комитет

Европската Унија ја го следи развојот на настаните со повикувањето на полициски разговори на претставниците на Хелсиншкиот комитет во Македонија. - Внимателно го следиме развојот на настаните, но во моментов не сме во позиција да коментираме индивидуални случаи – изјави за „Мета“ висок претставник на ЕУ, одговарајќи на прашање како ги коментираат полициските сослушувања на челните лица на Хелсиншки комитет...

„ЦИВИЛ“: Да престане политичкиот прогон на активистите за човекови права

ЦИВИЛ Центар за слобода „ЦИВИЛ“ денеска ги осуди сите постапки со кои се газат слободата на изразување и правото на протест и изрази солидарност со сите активисти за човекови права кои се под репресија на власта. Од организацијата побараа политички монтираните процеси, притисоците и заканите во кои се инволвирани институциите мора да престанат еднаш за секогаш! „Со години наназад, „ЦИВИЛ“...

По Пировска, и Најчевска повикана во полиција да даде изјава

Професорката Мирјана Најчевска денеска за „Мета“ потврди дека добила покана утре да се појави на полициската станица „Беко“ да даде изјава. - Не знам за што ме товарат. Не сум направила ништо што е надвор од тоа што претставува мирно протестирање. Најверојатно власта очекува демонстрациите да станат насилни. По еден месец протестирање демонстрациите се уште се одвиваат мирно – вели...

Ве плаши будењето на народот, изгубени сте, порачаа демонстрантите

Притисокот треба да биде насочен кон мафијата и не треба да се очекува Ал Капоне да седи во влада, туку да оди кај што му е местото. Ова беше едно од проширените барања на „Протестирам“ кое Бојан Маричиќ од Македонски центар за европско образование го соопшти на протестот пред Собранието. Тој ги повтори барањата на демонстрантите за целосно повлекување на аболицијата,...

И денеска протести пред СЈО во 18 часот

Граѓанските движења „Протестирам“ и „Шарената револуција“ денеска повторно ќе излезат на протест. Марширањето ќе започне пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот, а маршрутата на движење е се уште не позната. Според граѓанските активисти, после повеќе од една година протести, преговори помеѓу партиските лидери и меѓународна медијација, Македонија стигна до работ и, како што велат, оваа криза не се решава...

Ниту вистинските куршуми не можат да ја убијат „Шарената револуција“

Не се плашиме! Ниту вистинските куршуми не можат да ја убијат идејата за „Шарена револуција“, порачаа демонстрантите обединети под граѓанската иницијатива „Протестирам“ кои денеска и покрај дождливото време излегоа на протест во Скопје. Граѓаните кои месец и полoвина протестираат против одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и нивни соработици, потсетија зошто се на улица и повторно, фрлајќи...

Со „Куршумите живот значат, даско една“ демонстрантите ја поздравија Јелена Жугиќ

„Куршумите живот значат, даско една“ со оваа порака испишана на булеварот Св. Климент Охридски пред зградата на Театар Комедија, демонстрантите ја поздравија директорката на оваа институција Јелена Жугиќ. Поводот е нејзиниот статус на „Фејсбук“, со кој таа ја повика полицијата, дека е крајно време да употреби гумени куршуми против демонстрантите. https://twitter.com/meta_agency/status/733346777395519488 Потоа, беше обоена и зградата на Театар Комедија, а беа...

„Протестирам“ најавува блокади, окупации и пеколно лето

„Шарената револуција“ и „Протестирам“ денеска во 18 часот од СЈО ќе им порачаат на политичарите „блокирам“, „окупирам“ и „го менувам системот“. Од движењата велат дека по повеќе од една година протести, преговори меѓу партиските лидери и меѓународната заедница, државата стигнала до работ. Според граѓанските активисти, оваа криза не се решава со преговори, затоа што, како што велат со криминалци не се...

„Нема да ви помине, нема да се опуштиме“, порачаа демонстрантите

Граѓанските движења „Протестирам“ и „Шарената револуција“ денеска пред Собранието порачаа дека нема да се откажат и оти нивната борба ќе трае се додека не се исполнат сите нивни барања. Активистот Павле Богоевски рече дека денеска се случиле две клучни работи. - Прво е тоа што онаа карикатура од институција, Уставниот суд, конечно донесе исправна одлука и одлучи да расправа за уставноста...

Битолчани го преименуваа плоштадот „Магнолија“ во „Шарена револуција“

Демонстрантите од Битола денеска излегоа во најмасовен број на протестот на „Шарената револуција“, барајќи оставка на градоначалникот Владимир Талевски и поништување на аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов, Тие, плоштадот „Магнолија“ го преименуваа во плоштад „Шарена револуција“, а потоа упатија барање, по одлуката на Уставниот суд за сопирање на изборната кампања, следниот чекор да биде укинување на аболицијата и затвор за...

„Протестирам“: Уставниот суд покажа знаци на живот, но тоа не е доволно

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ ја поздрави денешената одлука на Уставниот суд, со оценка дека судот „покажа знаци на живот“, но велат дека тоа не е доволно, поради што продолжуваат со протестите. „Уставниот суд денеска покажа знаци на живот. Но тоа не е доволно! Продолжуваме да протестираме до исполнување на барањата!“, напишаа од „Протестирам“ на нивниот официјален Фејсбук-профил. Од граѓанската иницијатива, која повеќе...

„Протестирам“ и „Шарената револуција“: Судии застанете на страната на правдата

„Протестирам“ и „Шарената револуција“ денеска јавно се обратија до судиите во Уставниот суд. Тие ги повикаа судиите „да застанат на страната на правдата“. „Судии, денес ќе треба да одлучите дали да поведете постапка по иницијативата за преиспитување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието. Да ве потсетиме дека таа Одлука беше донесена пред рокот предвиден за нејзино донесување, односно...

И денеска ќе се протестира против еднопартиските избори

„Шарената револуција“ денеска повторно ќе протестира против еднопартиските избори. Во најавата за настанот на „Фејсбук“, поддржувачите на „Шарената револуција“ пишуваат дека борбата ќе биде долга и макотрпна. „Еднопартиски избори нема да дозволиме. Нема да им дозволиме ни да избегаат со украденото, а камоли да останат во земјата несоочени со правда. Нема да дозволиме повторно заташкување на ситуацијата и губење на...

И Хелсиншкиот комитет доби боја

Две непознати лица вчера по полноќ истуриле црвена боја врз натписот на влезот во Хелсиншкиот комитет за човекови права. Боењето е снимено од камерите што се поставени на објектот. Уранија Пировска, директорка на комитетот, го карактеризира чинот како „контрабоење“ бидејќи Хелсиншкиот комитет ја поддржува „Шарената револуција“. - Настанот се случил околу 2 часот по полноќ. Не се води сметка дека тоа што го бои „Шарената револуција“...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....