fbpx
Таг: протестирам

таг: протестирам

Ултимативниот рок на „Шарена револуција“ истече – утре голем протест

Истече рокот за ултиматумот што го поставија граѓанските здруженија и „Шарената револуција“, а иницијативата за Специјалното јавно обвинителство не се најде на дневниот ред за следната седница на Уставниот суд, закажана за среда. Граѓаните и „Шарената револуција“ завчера со герила-акција го испишаа последниот број од одбројувањето и најавија голем протест за понеделник, 20 јуни. Дотогаш не се предвидени посебни активности. Вчера на...

„Шарената револуција“ најави нова герила-акција за вечерва

Активистот на „Шарената револуција“, Павле Богоевски, денеска преку својот личен профил на „Фејсбук“ ги повика граѓаните денеска во 21 часот да се соберат пред Специјалното јавно обвинителство за да ја спроведат денешната герила-акција. „Ги повикуваме сите соборци и соборки денеска, во 21 часот, пред СЈО. Денеска е 1. Уште еден ден до 18 јуни, до денот кога требаше да се гарантира...

„Шарената револуција“ порача: Сакаме еднаквост, правда и ново сонце на слободата

„Нема да престанеме сè додека оваа власт не падне. Не сакаме силни влади, туку силни институции, судови кои праведно ќе судат, студенти кои ќе добијат добро образование и ќе се вработуваат без да биде важно дали некој е за ВМРО, СДСМ или за некој трет“, рече поранешниот аммбасадор на Македонија во САД и Холандија, Никола Димитров на вечерашниот протест...

Герила-акција на натпреварот Македонија – Чешка

„Шарената револуција“ вечерва изведе нова герила-акција на ракометниот натпревар на репрезентациите на Македонија и на Чешка. Демонстрантите, за време на натпреварот во салата „Борис Трајковски“, извадија транспарент на кој беше испишана пораката „Шутка не ти гине Никола“. Вечерва се одигрува реванш-мечот од квалификациите за Светското првенство во ракомет, кое треба да се одржи следната година во Франција.

Уставен суд има уште четири дена да се произнесе за СЈО, порача „Шарената револуција“

Остануваат уште четири дена, порача „Шарената револуција“ со натпис закачен на фасада во централното градско подрачје. Како што напишаа на нивната страница на „Фејсбук“, на Уставниот суд му остануваат уште четири дена да се произнесе по иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство. „Непочитуван Уставен суд (или како и да те нарекуваат), остануваат уште четири денови до рокот што ти го...

„Шарена револуција“: Утре протест, в четврток блокади на три скопски мостови

Граѓанското движење „Шарена револуција“ повика на протест утре, во 18 часот, пред Специјалното јавно обвинителство. На настанот организиран на „Фејсбук“, пишува дека СЈО сè уште е под закана, а не е престанат ни прогонот на демонстрантите. „Уставен суд сè уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен...

Одбројувањето не го премислува Уставниот суд за СЈО

Уставните судии речиси со сигурност на утрешната седница нема да ја разгледуваат иницијативата за уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство, што е едно од клучните барања на граѓаните, организирани околу граѓанската иницијатива „Протестирам“ и „Шарената револуција“. Од Уставниот суд за „Мета“ велат дека нема да има промена на дневниот ред на седницата закажана за утре, во 9 часот, објавен минатата...

Битолската полиција поднесе кривична пријава против уште еден демонстрант

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против 18-годишен демонстрант, осомничен дека со боја ја оштетил фасадата на зградата на Општина Битола, информира МВР. Според полицијата, станува збор за 18-годишниот А.Р. од Скопје, кој се товари за оштетување туѓи предмети. „Пријавениот на 26 април 2016 година, во периодот од 19.40 до 20.10 часот, на булевар 1 Мај во Битола, додека...

Ако сака претседателката, Уставниот суд в среда може да расправа за законот за СЈО

Иницијативата за оценка на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, иако ја нема во веќе објавената агенда на Уставниот суд, сепак би можела да се најде на дневен ред на неговата следна седница, закажана за среда. Ова, како што велат за „Мета“ извори од Уставниот суд, зависи од судијата известител, кај кого е распределена оваа иницијатива и од претседателката на...

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира во шест градови

Поддржувачите на „Шарената револуција“ денеска ќе протестираат во шест градови. Во 19 часот ќе се протестира во Струмица, Куманово, Гостивар, Ресен и во Свети Николе, а во Битола протестот ќе почне во 18.30 часот. На последниот протест во Скопје, „Шарената револуција“ даде рок до 18 јуни да се исполнат нивните приоритетни барања, односно  Уставниот суд да се произнесе за уставноста на законот...

Уставниот суд не го есапи ултиматумот на „Шарената револуција“

Уставниот суд денеска ја објави агендата за следната седница, која ќе се одржи в среда, а меѓу предложените точки што ќе бидат на дневен ред ја нема иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство. Произнесување на Уставниот суд за Законот за СЈО е едно од двете клучни барања на граѓаните обединети од граѓанската иницијатива...

„Шарената револуција“ протестираше во Штип, Струмица и во Тетово

Неколку десетици граѓани со блокада на главните сообраќајници во центарот на Штип го почнаа протестот на „Шарената револуција“. Штипјани испратија порака дека сакаат Македонија да ја видат во ЕУ и дека на криминалците местото им е в затвор. Првпат од почетокот на протестите, на штипските поддржувачи на „Шарената револуција“ им се придружи и „Белизе бенд“. - Додека се местевме со инструментите, помина едно момче...

Од кабинетот на Иванов не одговараат на прашања со зборот на буквата „о“

„Прашањето е примено, одговор ќе добиете понатаму“, ваква реакција добивме вчера од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов на прашањето дали претседателот има намера да си поднесе оставка. Денеска од кабинетот на Иванов никој не одговара на телефонските повици. Иако двапати претседателот ја погази и ја поништи одлуката за аболиција, а во Собранието за него се води расправа за импичмент, од неговиот кабинет...

„Шарена револуција“: Имате рок до 18 јуни или ќе ја земеме демократијата во свои раце

Во крваво црвена боја, демонстрантите вечерва го обоија плоштадот Македонија, каде пред точно пет години беше убиен Мартин Нешковски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Активистите и граѓаните организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и од „Шарената револуција“, на власта ѝ дадоа рок до 18 јуни да ги исполни нивните две клучни барања. https://twitter.com/meta_agency/status/739888191503732736 - Првиот чекор од нашиот план беше...

„Шарената револуција“: Од денеска одбројуваме!

„Шести јуни е датум со силно значење за сите нас, датум со крв врежан во нашите сеќавања. Ден кога сите ние дознавме за свирепоста, бруталноста и за способноста на власта да сокрие убиство на дете - Мартин Нешковски“, пишува во најавата на „Шарената револуција“ и на „Протестирам“ за денешниот протест. Се очекува настанот да биде помасовен од претходните протести. „Досега им...

Кривични пријави за седум „шарени револуционери“

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против седум лица поради основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело. Кривични пријави се поднесени против лицата П.Б., М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П. од Скопје и А.К. од Охрид. Во соопштението од Министерството пишува дека првото кривично дело е извршено за...

„Шарената револуција“: За секој одземен чатал, ќе се враќаме со два нови

Фонтаната на плоштадот „Македонија“, и објектите на Владата и Собранието денеска повторно беа мета на чаталите на „Шарената револуција“. Тргнувајќи од пред Специјалното јавно обвинителство, демонстрантите  по булеварот Климент Охридски, се упатија кон владата. Таму со два чатала ја обоија фасадата на владата и порачаа дека за секој одземен чатал, тие ќе се врќаат со два нови. #ШаренатаРеволуција повторно ја обои...

Работници го чистат ОЈО од боите на „Шарената револуција“

Неколку работници денеска, качени на скала го чистеа објектот на Основното јавно обвинителство кое вчера вечер во герила акција беше офарбано од припадниците на „Шарената револуција“. Синоќа, додека демонстрантите беа пред полициската станица „Пролет“, за поддршка на приведениот возач на пикапот на „Шарената револуција“, неколкумина беа пред Основното јавно обвинителство на Марко Зврлевски и оставија печат со боја.

„Шарената револуција“: Играјте си вие со ајварот, ние ќе се погрижиме за се друго

Шарените револуционери денеска повторно ја обоија „Порта Македонија“ затоа што приодот кон плоштадот, каде што беше планирано да се протестира, беше затворен од кордон полицајци. Пред Портата демонстрантите порачаа дека ќе протестираат се дури целосно не се повлече аболицијата и претседателот Ѓорге Иванов не си даде оставка. Лупчо Николовски од СДСМ рече дека после толку потрошена енергија и после толку протести...

Се чисти Собранието од боите на „Шарената револуција“

Неколку работници денеска, качени на дигалки го чистеа Собранието од боите кои зад себе ги остави „Шарената револуција“ и демонстрантите кои месец и половина протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари и нивни соработници против кои се водат кривични постапки. Зградата на Законодавниот дом досега неколку пати беше гаѓана со балони со боја од демонстрантите, кои за...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...