fbpx
Таг: протест

таг: протест

Протест за солидарност со Палестина во сабота пред влада

Социјалниот центар „Дуња“ најави дека во сабота, 18 ноември, ќе се одржи протест пред Владата во Скопје за солидарност со палестинскиот народ, како реакција на нападот на Израел врз Газа по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври. Протестот ќе започне во 11:55 часот. Организаторите велат дека поддржуваат итен прекин на нападот на Израел над Газа и операциите во Западниот Брег. Дополнително,...

Протест во Скопје: Израелските напади врз Палестина го убиваат човечкото достоинство

По петочната молитва, денеска во Скопје се одржа протест за солидарност со палестинскиот народ, организиран од „Платформата за поддршка на Палестина“, составена од мрежа организации кои дејствуваат во земјата. Граѓаните со знамињата на Палестина и земјите од регионот повикаа да се запрат израелските напади врз цивилното население, а меѓународниот фактор да „не гледа сеир“, пишува „Порталб“. „Варварските напади кои ги...

Руската новинарка што се појави во вести со антивоен транспарент осудена на 8,5 години затвор

Суд во Москва ја осуди на 8,5 години затвор новинарката Марина Овсјаникова, која упадна во вести со транспарент со кој ја осуди војната што Русија ја води во Украина, јави Би-би-си. Пресудата за 45-годишната Овсјаникова, на која ѝ се судеше во отсуство, е дека е виновна за „свесно ширење лажни информации“ за руските вооружени сили. Новинарката изминатата година заедно со...

Судската администрација преку протести во Скопје побара зголемување на платите

Два протести во ист ден на судската администрација се случува денеска во Скопје, со барање за зголемување на платите за 78 отсто. Едниот протест го организира Независниот синдикат на судска администрација, додека другиот Синдикатот на работниците од управата, правосудните ограни и здруженијата на граѓани (УПОЗ). Двата протести се организираа на различни локации, односно пред Кривичниот суд, Министерството за правда,...

Протест против мали хидроцентрали на Кожуф: Ништо не знаевме додека не видовме багери

Стотици граѓани од Југоисточниот регион, но и од други делови од државата денеска се собраа кај локалитетот Смрдлива вода кај Гевгелија на протест против најавената изградба на две мали хидроелектрани на реката Дошница на планината Кожуф. Граѓанските иницијативи од овој крај бараат да се зачува природата и како што велат, последната река од која може да се пие вода, а...

Протест во Скопје: роднините на загинатите од тетовската модуларна болница бараат правда

Граѓани и членови на семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово што се случи пред две години денеска протестираа во Скопје. Со транспаренти во рацете, денеска побараа правда за случајот, во кој животот го загубија 14 лица на 8 септември 2021 година. Роднините бараат да се разрешат петмина обвинители, но и бараат судска разрешница и казни за...

Протест за пожарот во тетовската модуларна болница ќе се одржи утре во Скопје

Утре ќе има протестен марш во Скопје, на кој семејствата на 14-те жртви кои изгореа во пожарот во тетовската модуларна болница ќе побараат правда за изгубените животи, пишува Portalb.mk. Протестниот марш ќе започне во 14 часот од плоштадот „Скендербег“ и ќе заврши пред зградата на Основното јавно обвинителство, кое според членовите на семејството „замижало пред правдата и ги штити одговорните...

Штрајкот на судската администрација во мирување, но протестите ќе продолжат

Наместо да почнат со штрајк, стотиците вработени во судската администрација сепак се одлучија да продолжат со преговори со надлежните власти во врска со нивното барање за зголемување на платите. Наместо штрајк и заканите со прекин на нивната работа, администрацијата во судовите ќе продолжи со работа во наредните денови. Но, тие ќе продолжат и со организирањето протести - следниот веќе...

Судската администрација денеска на протест, од утре на штрајк

Стотици вработени во судската администрација денеска излегоа на протест во Скопје, со барање за зголемување на нивните плати, и тоа за 78 отсто на минималната плата во судската служба и за 35 отсто на додатокот за плата за судските службеници. Тие протестираа пред владиното седиште и пред Министерството за правда, а бидејќи не биле прифатени нивните барања на средбата...

Протест во Тетово: 14 жртви, нула дена затвор за пожарот во модуларната болница

„Денеска цела земја слави, а ние се собравме да им оддадеме спомен на членовите на нашите семејства кои беа изгорени пред две години овде во модуларната болница“, со овие зборови денеска започна протестот што го иницираа роднините на 14-те загинати лица во пожарот во тетовската модуларна болница што се случи пред две години. „Корупцијата убива! Сите политичари зборуваат за интеграција...

Ново обвинение бараат семејствата на жртвите во пожарот во тетовската модуларна болница

Семејствата на 14 луѓе кои загинаа во пожарот во модуларната болница во Тетово, на јавен протест ќе побараат да има ново обвинение за случајот. Тие денеска во СВР Тетово пријавиле дека во петок на 8 септември, на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање за ново обвинение. „Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но...

Тренчевска тврди дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестите на пензионерите

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека зад организацијата на протестите на пензионерите има политичка позадина, односно дека тие не се воопшто спонтана реакција, туку зад нив стои опозицијата односно партијата ВМРО-ДПМНЕ. Ова тврдење таа го искажа во денешното гостување во утринската програма на Македонската телевизија. Тренчевска изјави дека вратите на министерството се отворени за секој граѓанин,...

Пензионерите протестираа во Скопје, бараат покачување на пензиите за 3.500 денари

Пензионери од целата земја денеска дојдоа на протест во центарот на Скопје, со барање за покачување на пензиите за 3.500 денари на месечно ниво, или 40.000 денари на годишно ниво. Протестот го одржаа пред седиштето на Сојузот на здруженијата на пензионери и пред Министерството за труд и социјална политика. Барањата на пензионерите се минималната пензија во земјава да биде 18.000...

Вработените во МИА повторно на протест

Вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) денеска повторно за време на паузата излегоа на протест за да го изразат незадоволството од непостапувањето по нивните барања, соопштија од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ). Ова е седми предупредувачки протест поради тоа што нивните барања за зголемување на платите не се најдоа на дневен ред на владината седница одржана на...

Продолжуваат предупредувачките протести на вработените во МИА

И денеска за време на паузата, вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) по петти пат излегоа на предупредувачки протест пред просториите на Агенцијата. Тие и денеска ги повторија барањата за зголемување на платите и порамнување на трошоците за живот, откако овие барања не се најдоа на дневен ред на владината седница што се одржа во вторникот. Вработените во МИА најавија дека...

Вработените во МИА на четврти предупредувачки протест за повисоки плати

Вработените во Медиумска информативна агенција (МИА) и денеска за време на паузата четврти пат излегоа на предупредувачки протест пред просториите на агенцијата и ги повторија барањата, меѓу кои и барањето за зголемување на платите за 30 проценти. Аргументацијата на вработените е дека просечната плата во МИА е далеку од просечната плата во државата, а таа во моментов изнесува 36.465...

Вработените во МИА со трет предупредувачки протест

Вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) и денеска излегоа на предупредувачки протест за време на паузата, бидејќи Владата сè уште не одговори на нивното барање за зголемување на платите, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). „Вработените во МИА имаат серија барања од кои најитно е зголемување на платите за 30 проценти и порамнување со трошоците на...

Новинарите од МИА повторно на протест, ќе го радикализираат ако не им бидат покачении платите

По вчерашниот прв предупредувачки протест на вработените во Македонската информативна агенција (МИА), голем дел од вработените денеска повторно во времето од половина час на паузата, излегоа на предупредувачки протест пред просториите на агенцијата. „Вработените од МИА до Владата имаат адресирано неколку барања, а најургентно е тоа за зголемување на платите за 30 проценти, што е за 2,5 пати помалку од...

Вработените во МИА утре ќе излезат на предупредувачки протест, бараат повисоки плати

Вработените во Мeдиумската информативна агенција (МИА) утре излегуваат на предупредувачки получасовен протест, со барање за зголемување на платите, информира Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Протестот ќе се одржи пред просториите на АД МИА со почеток во 11 часот. „Протестот се организира со поддршка на ССНМ и на Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА). Новинарите и медиумските работници од МИА...

Заштитата на реката Вардар главна тема во новата епизода на „Шорткат“

Долното течение на реката Вардар кое минува низ Демиркаписката клисура стана дел од проектот „Заедно за реките“ – регионална иницијатива на светската организација за заштита на природата The Nature Conservancy и шест граѓански организации од балканските земји, меѓу кои и „Еко Свест“. Повеќе за иницијативата и искуствата на балканските земји во заштитата на реките ќе дознаете во вечерашната епизода...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...