fbpx
Таг: прослава

таг: прослава

ВМРО-ДПМНЕ слави 26 години постоење

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го прослави 26. роденден на партијата. Под слоганот „Идеја и дело - посилни од сè“, вечерва во 20 часот ќе се одржи прославата пред Музејот на ВМРО. Од формирањето на партијата, па досега, ВМРО-ДПМНЕ имала двајца лидери, Љубчо Георгиевски, кој ја раководеше до мај 2003 година, кога на челната позиција доаѓа актуелниот претседател на партијата, поранешниот премиер...

Љубе Бошкоски слави со сопартијците и со роднините во Челопек

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, ја прославува слободата во неговото родно село Челопек. Фотографијата е снимена во атарот на црквата „Свети Никола“, пренесе „Сакам да кажам“. Љубе Бошкоски замоли да не биде вознемируван од медиумите и засега ќе се воздржи од изјави за јавноста. На ручекот во дворот на црквата се дојдени 60 претседатели на општинските комитети на неговата...

Православните христијани го слават Велигден

Камбаните точно на полноќ во целата земја го навестија Воскресението Христово Велигден. Веста за Христовото воскресение ја објавија свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква (МПЦ) во земјава и во светот. Христос воскресна, навистина воскоресна! Со овие зборови од вечерва по полноќ православните верници во земјава го честитаат најголемиот христијански празник, Христовото воскресение, Велигден. Најголемиот...

Општина Центар ја пријави ВМРО-ДПМНЕ за гласната прослава за распуштањето на Собранието

Општина Центар денеска поднела пријава против ВМРО-ДПМНЕ поради нарушување на јавниот ред и мир со гласната прослава на синоќешното распуштање на Собранието, во седиштето на партијата. Од Општината денеска соопштија дека ноќеска голем број граѓани, жители на Центар, пријавиле дека се вознемирени од бучавата и од гласната музика што доаѓала од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. „Надлежните од општинскиот сектор за инспекциски работи излегоа...

Прославата на Бадник во Тетовско почна во Мала Речица

Се враќа традицијата на одбележување на Бадник во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“ во Мала Речица. Според обичаите и црковните догми, се осветија бадниковите гранчиња, а се запали и бадниковиот оган. Беше прережан и славскиот колач. - Ваквиот начин на празнување на Бадник е специфичен само за тетовскиот регион и првпат уште во 1912 година почнал овој празник да се чествува...

Париз за Нова година без огномет

Градските власти одлучија јавниот дочек на Новата година во Париз да биде организиран наспроти вонредната ситуација по неодамнешните терористички напади, но без спектакуларниот огномет. Одлуката следува по повеќедневно разгледување на ситуацијата од страна на париската полиција и од министерството за внатрешни работи на Франција, поради вонредната ситуација која во земјата е прогласена по координираните терористички напади на неколку локации во Париз.

Оливер Драгојевиќ и Тамара Тодевска ќе пеат на плоштад за Нова година

Оливер Драгојевиќ и Тамара Тодевска ќе ги забавуваат скопјани на плоштадот Македонија за дочекот на Нова година, најави денеска на прес-конфоренција градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Спонзори на вечерта ќе бидат „Македонски телеком“, „Пивара Скопје“ и „Сити мол“, кои во текот на наредните денови ќе организираат повеќе забавни активности за граѓаните на Скопје. – В сабота, на 26 декември, ќе...

Партијата за движење на Турците: Со кое лице Груевски се појави на прославата

Од Партијата за движење на Турците (ПДТ) велат дека премиерот Никола Груевски на прославата на националниот празник на Турците масовно бил исвиркан од публика, како доказ за неговата лоша политика кон турската заедница во Македонија. Партијата за движење на Турците бара одговор од Груевски, со кое лице се појавил пред турскиот народ во Македонија и дали имал, како што велат,...

В сабота по 40. пат граѓаните ќе протестираат против „Топлификација“

В сабота, кај Порта „Македонија“, во 12 часот ќе се одржи протест на граѓаните кои се исклучени од топлификациската мрежа. Како што информираат граѓаните, протестот што ќе се одржи в сабота ќе биде последниот на кој ќе се договараат и за прославата што планираат да ја одржат по повод изгласувањето на законите со кои ќе бидат ослободени од плаќање паушал. „Имено, в понеделник,...

Охрид го чествува денот на ослободувањето од фашизмот

Охрид вчера со одржаниот свечен Седмоноемвриски концерт на учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“, ги почна чествувањата по повод 7. ноември, Денот на ослободувањето на градот. Денеска напладне, ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата од НОБ во градскиот парк во Охрид, по што, во 13 часот е закажана свечената седница во Општината, каде обраќања ќе имаат претставници на локалната...

Македонија прославува 20 години од првите дипломатски односи

Денеска во Куршумли ан, Министерството за надворешни работи ќе приреди свеченост во соработка со амбасадите на 19 држави со кои пред 20 години се воспоставени дипломатски односи. Две децении дипломатски односи Република Македонија одбележува со Саудиска Арабија, Романија, Молдавија, Индија, Естонија, Антигва и Барбуда, Иран, Либија, Украина, Сингапур, Казахстан, Монголија, Азребејџан, Литванија, Соединетите Американски Држави, Грција, Австралија, Израел и со...

Позната програмата за одбележување на празникот 11 Октомври во Прилеп

По повод празникот 11 Октомври, низа настани ќе се случуваат во Прилеп, од 8 до 11 октомври. Фестивал на медот, поставување на камен-темелник на улица 11 Октомври, отворање на скејт-парк, изложби, концерти предвидено е да се случуваат во рамките на прославата. Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот, но доколку не дозволат временските услови, истата ќе биде поместена во Центарот за култура „Марко...

Скопје го одбележува Светскиот ден на срцето

Со поддршка на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на Република Македонија, денеска ќе го одбележи Светскиот ден на срцето - 29 септември. Светскиот ден на срцето годинава се одбележува под мотото „Избори за здраво срце за секого, секаде“. За таа цел, од 10 до 14 часот, во Градскиот парк во Скопје, кај Школка ќе има бесплатни превентивни прегледи,...

„Охридско лето“ слави 55 години

Јубилејното, 55. фестивалско издание на „Охридско лето“, почнувајќи од свеченото отворање на 12 јули, досега реализираше 30 настани, за кои целокупниот тим на фестивалот се надева дека вечно ќе се паметат, рече на денешната, роденденска прес-конференција, директорката Елизабета Јанкуловска. - Со уникатната програма која ја реализиравме досега, можеме да кажеме дека нè посетиле повеќе од 10.000 посетители. На радост на сите нас,...

Македонија ги слави двата Илиндена

Република Македонија денеска (2 август) ги слави двата најзначајни историски датума, одбележувајќи 112 години од почетокот на Илинденското востание во 1903 година и од Првото заседание на АСНОМ, во 1944 година. Централната манифестација за одбележување на празникот ќе се одржи во Крушево на Мечкин Камен, каде е предвидено полагање свежо цвеќе на споменикот на бранителите на Крушевската Република и обраќање...

Македонците во Албанија масовно го прославуваат Илинден

Во прославата на 2 Август - Националниот празник на Република Македонија, се вклучија и Македонците од Албанија. Општина Пустец, единствената локална единица во оваа земја и област населена исклучиво со Македонци, прославата ја организира утре, на 2 август, во Шулин, кај месноста Шулинска ледина, со почеток во 10.30 часот. Во рамките на одбележувањето на празникот, предвидена е богата музичка програма и...

ДУИ упати честитка по повод Рамазан-бајрам

Граѓаните од исламска вероисповед денеска го слават Рамазан-бајрам, еден од двата најзначајни исламски празника. Рамазан-бајрам го одбележува крајот на постот. Првиот ден од тридневниот празник почнува со утринска молитва, односно со бајрам-намаз. Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети упати честитка до сите муслимански верници по повод овој празник. - Посакувам овој голем празник сите ние да го чекаме во мир...

Одбележан празникот Свети Наум во манастирскиот комплекс на Попова Шапка

Со света божествена литургија, со која чиноначалствуваше митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија Јосиф, беше одбележан празникот Свети Наум Охридски Чудотворец, во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка. Интересот на граѓаните да присуствуваат на литругијата, во која учествуваа и членовите на градскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово, беше голем. - Чуството да се присуствува на денешното чествување на Попова Шапка во...

Бан Ки-мун ќе оди во Москва за Денот на победата, но ќе ја посети и Украина

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун ќе патува во Москва за да присуствува на прославата за 9 мај, Денот на победата над фашизмот, но во текот на турнејата ќе ја посети и Украина. Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дижарик, денеска рече дека планот на Ки-мун за посета на Москва уште не е целосно готов. Тој ќе присуствува на одбележување на 70-годишнината...

Православните го слават Бадник

Православните христијани утринава со коледарските песни на децата почнаа да го прославуваат Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик. Традиционално, прославата ќе биде одбележана со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Бадникарскиот кум, Александар Џиковски, ќе го добие преодниот бадникарски ќуп, а свештениците ќе ги осветат нафората, чајот, ракијата и бадникарските гранчиња, што кумот и...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...