fbpx
Таг: проширување

таг: проширување

Бибер: Владата во Македонија може да го разбие циклусот на цинизам за проширувањето на ЕУ

Новата влада во Македонија може да биде импулс за разбивање на циклусот на цинизам што владее во Европската Унија и во земјите од Западен Балкан, во однос на проширувањето на Унијата, вели Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и член на советодавната група за политиките за внесување на Балканот во Европа, во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“. Бибер го дефинира...

Заев: Од Трст се испраќаат охрабрувачки пораки дека ќе се приближиме кон Европа

Европската Унија мора подиректно да му помогне на регионот за да се забрза неговата евроинтеграција, а самитот во Трст испраќа пораки на охрабрување дека ќе се приближиме кон Европа, рече македонскиот премиер Зоран Заев во емисијата „Окружење“, која се снимаше денеска на самитот ЕУ – Западен Балкан, што се одржува во Трст во рамки на Берлинскиот процес. Според Заев, блокирањето...

Хан на „Принстон“: Мораме да видиме политичка волја наместо политички игри

Наместо политички игри, мораме да видиме политичка волја и вистински реформи, не на хартија туку на терен, особено во клучните области како владеење на правото, конкуретноста и поврзувањето. Ова е пораката на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, до земјите од Западен Балкан, вклучително и до Македонија, што тој ја нагласува во својот говор на Универзитетот „Принстон“...

Кучи тврди дека сме подготвени да ја надминеме нафтената криза, но не кажа како

Како влада, ги преземаме сите мерки да не се случи нафтена криза во Македонија, изјави министерот за економија, Дритон Кучи, по неколкудневните протести на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони, каде се блокирани голем број македонски камиони и цистерни, кои од Грција превезуваат нафта и други горива. Министерот Кучи рече дека кружат информации дека протестите и блокадите во Грција ќе...

Не сакаме НАТО да се шири кон истокот на Европа, порача Москва

Русија негативно се однесува кон можното понатамошно ширење на НАТО кон истокот на Европа, изјави прес-секретарот на претстедателот на Русија, Дмитриј Песков. - Во секој случај, ако се изведе заклучок од некои медиумски соопштенија и изјави, односот на Руската Федерација кон експанзијата на НАТО кон Исток е добро познат. Ние сме против тоа - рече Песков. Тој додаде дека не сака да ги...

На Мундијалот во 2026 година ќе играат 48 репрезентации, одлучи ФИФА

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска едногласно одлучи Светското фудбалско првенство да биде проширено и на него да учествуваат 48 репрезентации. По Светските првенства во Русија во 2018 година и во Катар во 2022 година, на следниот Мундијал во 2026 година, чиј домаќин сè уште не одреден, ќе играат рекорден број репрезентации. Според усвоениот формат, почетната фаза од Светското првенство ќе брои...

Унгарија бара од ЕУ да ги забрза преговорите за членство со земјите од Западен Балкан

Унгарија ја повика Европската Унија (ЕУ) да ги забрза пристапните преговори за членство во ЕУ со земјите од Западен Балкан (Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово), за да ја заштити Унијата од иден наплив на мигранти, јавуваат светските агенции. Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, по министерскиот состанок на земјите членки на Вишеградската група (Полска, Словачка, Чешка...

Брисел ќе порача дека не се откажува од проширување кон Западен Балкан

Извештајот за проширување на ЕУ, како и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, што се очекува да биде објавен утре, ќе треба да покаже дека Брисел не се откажува од идејата, особено зашто со неа се промовира слобода на изразување и на медиумите, напредок на земјите и стабилност на регионот, јавува известувачот за „Мета“ од Брисел. Иако во Брисел сметаат дека...

Јолевски во ОН: Размислуваме да го зголемиме учеството на АРМ во мировни операции

Министерството за одбрана размислува за зголемување на учеството на Армијата на Република Македонија (АРМ) во мировните операции, истакнал министерот за одбрана, Зоран Јолевски, за време на посетата на седиштето на Обединетите нации во Њујорк, односно одделот за мировни опарации. Домаќин на Јолевски, како што информираат од МО, му бил потсекретарот на ОН и шеф на Одделот за мировни операции, Херве...

ЕУ ја прошири антимонополската истрага против „Гугл“

Европската Унија ја проширила истрагата против компанијата „Гугл“, која е обвинета дека ја злоупотребила својата доминантна позиција на интернет во корист на своите бизниси за продажба и за огласување, јавуваат светските агенции. Европската комисија, пак, веќе истражува дали „Гугл“ овозможува привилигиран третман за своите производи во опративниот систем за мобилни телефони „андорид“. - „Гугл“ даде многу иновативни производи кои ги променија...

Могерини: Проширувањето на ЕУ ќе продолжи

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, на вчерашниот самит за Западен Балкан во Париз изјави дека проширување на ЕУ ќе продолжи и важно е европските институции да бидат кредибилни во тој процес. „Овој самит е важен и за нашата безбедност, бидејќи миграциската криза уште постои и ризикот од радикализација во регионот нè обврзува...

Хан не нè спомна, побара Западен Балкан прво економски да се обедини, па да влезе во ЕУ

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во своето обраќање на бизнис-форумот во рамките на Самитот за Западен Балкан во Париз, со ниту еден збор не ја спомна Македонија, за разлика од Црна Гора, Албанија, Србија и од Косово. Еврокомесарот смета дека иако во моментов ЕУ е во тешка фаза, потенцијалот за членство во ЕУ продолжува да биде...

Словачка од денеска го презема претседавањето со ЕУ

Словачка од денеска го презема претседавањето со Европската Унија, кое ќе трае до 1 јануари 2017 година. Претходните шест месеци со ЕУ претседаваше Кралството Холандија. Главна тема на која ќе биде фокусирана Словачка, во текот на своето претседавање со Унијата, ќе биде кризата по референдумот во Велика Британија, на кој граѓаните одлучија земјата да ја напушти ЕУ. Словачкиот министер за надворешни...

Хан: Договорот од Пржино не е мртов и важно е да се одржат избори

Договорот од Пржино има иднина и тоа што е важно е да се одржат избори што ќе бидат прифатени од меѓународната заедница, вели еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за „Радио Слободна Европа“. - Има иднина. Имавме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени или малку подоцна. Затоа, финалната битка е...

Даглас Лут: Нема да има проширување на НАТО во блиска иднина

Американскиот амбасадор во НАТО, Даглас Лут, смета дека нема простор за проширување на НАТО во блиска иднина поради страв дека тоа би ја дестабилизирало Русија, пренесува „Ројтерс“. Оваа агенција наведува дека такво нешто би можело да ја разочара Грузија и голем дел од балканските држави, потсетувајќи дека во декември минатата година Црна Гора добила покана за членство. На безбедносен форум во Лондон, тој...

Македонската компанија „Градежен институт“ ќе го проширува пристаништето во Бар

Македонската компанија „Градежен институт“ потпиша договор за соработка со АД „Лука Бар“ за проширување на пристаништето во Бар за 400 метри. Проширувањето на терминалот на брегот е во согласност со плановите за развој, со што ќе се овозможи доаѓање на средни и на големи патнички бродови во ова пристаниште во Црна Гора. Изградбата е во рамки на меѓународниот стратешки проект „Европско-јадрански поморски пат“...

Луксембург го презема претседавањето со ЕУ

Од утре Луксембург го презема шестмесечното претседавање со ЕУ.  Како што е најавено, претседавањето ќе се заснова врз седум столбови. Поттикнување на порастот; Инвестиции и вработување; Продлабочување на социјалните димензии на ЕУ; Управување со миграциите; Фокус врз дигитализација на единствениот пазар; Промоција на конкурентноста и на одржливиот развој; Зајакнување на улогата на Унијата на глобална сцена. Меѓу приоритетите за наредните шест месеци, Луксембург го нема ставено проширувањето на ЕУ, веројатно,...

Ферхојген: ЕУ мора да направи нешто против заморот од проширување

Поранешниот европски комесар за проширување, Гинтер Ферхојген, денеска во Братислава порача дека Европска Унија мора да направи нешто против заморот од проширување и јасно да каже дека тој процес не беше оптоварување за старите земји-членки, туку дека од него корист имаа сите, пренесуваат медиумите. - Треба да им се порача на европските земји кои сè уште не се дел од Унијата,...

Французинот Паке, нов директор во ЕК за Македонија

Французинот Жан-Ерик Паке е новиот директор на секторот „Б“ во Директоратот за преговори за проширување на Европската комисија, предводен од еврокомесарот Јоханес Хан. Паке доаѓа на местото на Александра Кас-Грање. Од утре на местото на еврокомесарот Штефан Филе доаѓа Австриецот Хан. Директоратот ќе биде раководен од Данецот Кристијан Даниелсон, но во иднина ќе го носи името Директорат за соседство и за...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...