недела, 18 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: проширување | 62 резултати

Анализа: Ново одложување на датумот може внатрешно да ги разниша Македонија и Албанија

25 јуни 2019

Истакнати регионални аналитичари во анализа објавена на „Јуропиан Вестерн Балканс“ предупредуваат дека ново одложување на доделувањето датум за преговори за Северна Македонија и Албанија би имало негативен ефект на внатрешно политичките сцени на двете земји, но и на целиот Западен Балкан. Посебно ако притоа двете земји бидат раздвоени, предупредуваат тие. Според Срѓан Мајсторовиќ, член на […]

Хан: И да почнат преговорите утре, ќе минат години до зачленување во ЕУ

29 мај 2019

Со многубројни посочувања на Северна Македонија како земја што направила огромен напредок, Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, на прес-конференција во Брисел ги презентираа пред новинарите извештаите за 2019 за напредокот на повеќе земји, меѓу кои и за нашата. Европската комисија побара од Европскиот […]

Хан со препорака да почнат преговоритe со Македонија

29 мај 2019

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, презентирајќи ги пакетот за проширување на ЕУ, денеска во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) препорача веднаш да почнат преговори со Северна Македонија и Албанија. Тој земјава ја нарече „светол пример“ за другите земји. -Северна Македонија и Албанија продолжија со реформите, а Северна […]

Хан и Могерини ќе го претстават новиот пакет за проширување

29 мај 2019

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, и потпретседателката на Европската комисија (ЕК), Федерика Могерини, денеска во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) ќе гo презентираат најновиот пакет за проширување на ЕУ. Тоа вклучува и претставување на Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија за 2019 година. Иако се […]

Тимоние: Датумот за преговори е симболичен, потребни се реформи

21 мај 2019

Оптимизмот на евроамбасадорот Јоханес Хан и очекувањата на премиерот Зоран Заев дека јуни или најдоцна јули Македонија треба да добие датум за преговори со Евроспката Унија, денеска со своите изјави делумно ги релативизира амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. – По Брегзит, прво да си воведeме ред во куќата што ќе ви даде малку повеќе време […]

Могерини: Ќе биде голема грешка ако ЕУ не ги почне преговорите во јуни

18 април 2019

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини очекува Северна Македонија и Албанија во јуни да ги почнат преговорите за членство во Унијата. Во обраќањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Могерини посочи дека би била голема стратешка грешка и пример за „кратковидност” на ЕУ доколку не донесе одлука за […]

Фуере: Дури и да нема преговори во јуни, реформите мора да продолжат

11 април 2019

Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, вели дека е разочаран од компромисите што Европската Комисија ги прави со земјите противници на проширувањето и предупредува дека преговорите со земјава се тест за кредибилитетот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Фуере смета дека изјавата на Хан за подготвителната фаза на преговори, која беше […]

Петерле: На патот во ЕУ црни точки ви се судството, медиумските слободи и корупцијата

22 февруари 2019

Словенечкиот европратеник Алојз Петерле во интервју за порталот „Јуропиан Вестерн Балканс“ ја фали храброста на владата да го надмине и деценискиот спор со Грција за името, но потсетува дека патот до ЕУ за Северна Македонија подразбира многу реформи. Како црни точки тој ги означува бавните реформи на правосудството, како и состојбата со медиумските слободи и […]

Договорот од Преспа – настан на годината во Западен Балкан

29 декември 2018

Преспанскиот договор помеѓу Македонија Грција е еден од настаните кои ја обележаа 2018 година, се вели во анализата на Европскиот Западен Балкан – веб порталот на тинк-тенкот Центар за современа политика од Белград. „Договорот потпишан од министрите за надворешна политика на Мкедонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас на 17 јуни се смета дека […]

По признанието од Џирардели, свикан нов протест за заштита на Пирин

19 декември 2018

По признанието на Марк Џирардели, петкратниот светски шампион во алпско скијање, дека веќе две години е мнозински сопственик на компанијата „Јулен“, концесионерот на зимскиот центар „Банско“ во Бугарија, бугарските екологисти свикаа нов протест за заштита на националниот парк „Пирин“, јави бугарскиот новински сајт „Медиапул“. Причината е што „Јулен“ бара проширување на скијачкиот центар и изградба […]

Заев ги финишира разговорите со Демократската партија на Турците

28 март 2018

За проширувањето на владината коалиција, премиерот Зоран Заев рече дека ги допрецизира договорите со Демократската партија на Турците и се надева дека до идниот вторник, тој процес ќе биде завршен. На новинарско прашање врзано за овој процес, тој исто така одговори дека пратеникот од Турската демократска партија веќе учествува во поддршката на законските решенија и процедурите во […]

Проширувањето на ЕУ, тема на состанок на министрите од Западен Балкан

16 март 2018

Министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот министер Никола Димитров, одржуваат состанок во Сараево посветен на Стратегијата на ЕУ за проширување со земјите од Балканот и спроведувањето на заклучоците од Самитот во Трст во 2017 година, составен дел од Берлинскиот процес. На состанокот учествуваат и заменик-премиерот и министер за […]

Лавров: Проширувањето на НАТО е грешка и кршење на „џентлменскиот договор“ со САД

19 февруари 2018

Проширувањето на НАТО е грешка и истовремено претставува кршење на „џентлменскиот договор“ меѓу САД и повеќето европски земји (дека Алијанската нема да се шири кон исток) од 1990-те години, вели шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во интервју за српската новинска агенција „Бета“, одговарајќи на прашањето – „Дали Москва има намера да се спротивстави на […]

Могерини и Захариева оптимисти за датумот за преговори и за решение на спорот за името

16 февруари 2018

Високата преставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, се оптимисти дека во јуни Македонија и Албанија ќе добијат датум за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. – Она што е многу важно за […]

Руско МНР за Стратегијата за Западен Балкан: Нашиот став не е „Со нас или против нас“

9 февруари 2018

Русија не гледа никакви пречки во развојот на односите со земјите кои сакаат да станат членки на Европската Унија и кон нив не пристапува по принципот „со нас или против нас“, изјави вчера на прес-конференција портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова прашана за коментар на Стратегијата на Европската комисија за проширувањето на […]

„Фајненшл тајмс“: ЕУ ќе прими шест држави од Балканот, меѓу нив и Македонија

2 февруари 2018

Планот на ЕУ е во своето членство да прими шест држави: Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, но и Косово, пишува „Фајненшл тајмс“. Според весникот, главната причина за таквиот потег на Брисел е што Балканот служи како главен „терен“ преку кој илјадници емигранти стигнуваат до тлото на Европската Унија. Меѓутоа, „Фајненшл тајмс“ […]

Критериумите за земјите од Западен Балкан се построги од претходно, призна Даниелсон

5 декември 2017

Кристијан Даниелсон, директор на Комесаријатот за проширување на ЕУ, денеска изјави дека земјите од Западен Балкан минуваат низ многу потешки реформски процеси при пристапувањето во ЕУ во споредба со државите што се приклучиле на Унијата во претходната декада. – Постои силен политички ангажман. Причината е прилично јасна: реформите на Западен Балкан се бараат затоа што сметаме дека на […]

Фабриката „Тритекс“ отвори нов погон во индустриската зона во Прилеп

20 август 2017

Текстилната компанија „Тритекс“ го прошири својот производствен капацитет со изградба на нов погон во Прилеп. Фабриката се наоѓа во индустриската зона „Прилеп 1“ и се протега на површина од 4.000 метри квадратни. Во неа, како што посочија сопствениците, ќе има околу 300 нови вработувања. „По повеќегодишна работа отворивме современ објект кој ќе започне да работи од понеделник“, […]

ЕУ ги прошири санкциите кон Северна Кореја

10 август 2017

Европската Унија денеска ги прошири сакнциите кон Северна Кореја, додавјќи на црната листа неколкумина севернокорејски функционери и фирми, јавуваат светските агенции. Ваквата одлука на ЕУ следи по заострувањето на реториката меѓу Северна Кореја и САД поради нуклеарните проби и тестирањата на балистички ракети што ги врши Пјонгјанг. На списокот, како што пренесуваат агенциите, се додадени […]

Бибер: Владата во Македонија може да го разбие циклусот на цинизам за проширувањето на ЕУ

21 јули 2017

Новата влада во Македонија може да биде импулс за разбивање на циклусот на цинизам што владее во Европската Унија и во земјите од Западен Балкан, во однос на проширувањето на Унијата, вели Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и член на советодавната група за политиките за внесување на Балканот во Европа, во интервју за „Јуропиан […]

Страна 2 од 3