fbpx
Таг: промоција

таг: промоција

Нови наслови од едицијата „Македонски искушенија“

Три нови наслови од едицијата „Македонски искушенија“ промовираше денеска Министерството за култура. Тоа се нови три тома од шесттомната публикација „Македонија до 19 век“ и книгите „Цар Самоил“ и „Букурешкиот мировен договор - 1913 година“. Автори се професори, историчари и проучувачи на македонската историја од различни генерации. Целта на овој проект на Владата е со научно верификувани факти и аргументи...

Промоција на аудиоплеер за лица со посебни потреби

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе презентира аудиоплеер за лица со посебни потреби, победничкото решение на конкурсот „КулТИП“. Aудиоплеерот е резултат од проектот „Веб базиран аудио плеер за лица со посебни потреби“ со кој НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) учествуваа на конкурсот „КулТИП 2014“, организиран...

Презентирање реклами за алтернативен туризам

Македонската развојна фондација за претпријатија во партнерство со Локалната агенција за развој од Струга и со „Партнерс Албанија“ од Тирана, денеска во Скопје ќе ги промовира двете рекламни видеопораки за алтернативен туризам. Рекламите, чие мото е „Излези во природа, влези во авантура!“, ги промовираат местата во македонските региони Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца, како и албанските региони Корча и Поградец...

Книгата на Димитар Мирчев денеска пред кочанчани

Новата книга на проф. д-р Димитар Мирчев, „Идентитет и суверенитет“, ќе биде промовирана во Кочани. Клубот „Ротари“ од Кочани и книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје ја организираат промоцијата во соработка со Библиотеката „Искра“ - Кочани, денеска во 14 часот. Промоцијата ќе биде можност и за отворена трибина со граѓаните на истата тема. Промотори на делото ќе бидат Бранко Цветковски и Братислав Ташковски. Ова е...

Фото–изложба за „Света Софија“ во Охрид

В сабота, 17 јануари, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде отворена фото-изложбата насловена „Катедралата „Света Софија“: Од Охрид до Полотск“. Фотографиите се дело на проф. д-р Сергеј Тарасов. Изложбата ја организира Институтот за социо-културна антропологија на Македонија, во соработка со Европскиот хуманистички универзитет од Вилнус, Литванија. Изложбената поставка е дел од програмата на третата Меѓународна конференција „Охрид...

Промовирани 20 дела од едицијата „Врвови на светската филозофија“

Во Македонскиот народен театар денеска беа промовирани нови 20 дела од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“. - Се работи за научни гранки каде многу малку имаме преведено на македонски јазик и студентите, професорите, научните работници, па и граѓаните што сакаат да прочитаат нешто од таа област, најчесто беа упатувани тоа да го прават на други...

„Хуавеи“ го претстави новиот фаблет со тенки рабови

„Хуавеи“ и официјално го претстави својот нов фаблет од средба класа, „аscend GX1“. Уредот, кој се истакнува со речиси непостоечките рабови околу шестинчниот ИПС-екран со резолуција од 720 пиксели. Во однос на куќиштето, екранот претставува 80,5 отсто од предната страна на уредот. Од останатите спецификации тука е и 64-битниот процесор „snapdragon 410 SoC“ со четирипроцесорски јадрен такт од 1,2 гигахерци,...

Нов проѕирен паметен телефон „фајрфокс“

Нов паметен телефон, наречен Fx0, што работи на оперативниот систем „фајрфокс“, излегува на Божик во Јапонија. Она што го прави уникатен и го издвојува од другите паметни телефони е фактот што куќиштето му е транспарентно. Телефонот е дело на партнерство помеѓу „Мозила“ и јапонскиот телекомуникациски гигант KDDI. Ова е првиот паметен телефон што работи на платформа „фајрфокс“, кој има карактеристики на повеќето такви...

Паметниот автомобил на „Гугл“ вреди милиони, а изгледа како играчка

На крајот на оваа година, „Гугл“ и официјално стана автобилска компанија, откако го претстави прототипот на својот прв автомобил кој нема да има потреба од возач. За да го направат овој автомобил, им биле потребни десет години и милијарди потрошени години за да го соберат целото знаење и технологија што им овозможиле да го произведат. Речиси е идентичен со моделот што го промовираа...

Нова книга есеи: „Кога уметноста е живот, животот е уметност“ од Петко Шипинкаровски

Утре напладне, во Културно-информативниот центар „365“ во Охрид, ќе биде промовирана новата книга есеи „Кога уметноста е живот, животот е уметност“ од Петко Шипинкаровски. Книгата ќе ја претстават Лидија Размоска и Тоде Илиески. Петко Шипинкаровски досега има објавено десетина романи, две романизирани монографии, книгата раскази „Залезнина“ и монодрамата за Толе Паша. „Бели утра“ е негова четврта поетска збирка, а 16....

Промоција на тријазична збирка хаику поезија

Пред бројни почитувачи на поезијата, писатели, граѓани и по некој странски посетител, во Охрид е промовирана новата збирка поезија - „Златна лира“, од Пандора Јовановска – Илиевска. Промоторот и рецензентот, писателот, доц. д-р Христо Петрески, нагласи дека хаику поезијата е за прецизни луѓе, а тоа природно и оди од рака на авторката Јовановска - Илиевска. Како што кај...

Вечерва, трета премиера на охридскиот Народен театар – „На дното“ по текст од Горки

Охридскиот Народен театар, вечерва, со почеток во 20 часот, пред љубителите на драмската уметност излегува со нова премиера - претставата „ На дното“ по текст од Максим Горки, а во режија на Кирил Петрески. Претставата ќе се одржи во подрумскиот простор на Центарот за култура „Григор Прличев“. Во претставата ќе настапат: Јасмина Билаловиќ, Биљана Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Павел Маслов, Горан Стојаноски...

Промоција на книга од Весна Дамчевска

Вечерва, со почеток во 20 часот, во Галерија 8, во Стара скопска чаршија, ќе биде промовирана книгата „Од собата до Холивуд – сликата на жената уметник во биографскиот филм“ од Весна Дамчевска. Книгата ќе ја промовираат Александар Прокопиев и Ана Мартиноска, а е издание на издавачката куќа „Зојдер“ и на „Галерија 8“. Весна Дамчевска е новинар, уредник, автор.  

Промоција на книгата „Култура и меморија“ од Марта Маркоска

Денеска во просторoт на книжарицата „Матица ексклузив“, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Култура и меморија“ од Марта Маркоска. Книгата обработува теми од современите научни истражувања на полето на културологијата: културната меморија како феномен на селективно помнење, времето и просторот како физички, но и антропоморфни феномени, филмот како метајазик на психичките сензации преточени во визуелен код, театарот како...

Промовирана книгата „Јавна и културна дипломатија” од Васко Шутаров

Денеска беше промовирана книгата „Јавна и културна дипломатија“ од Васко  Шутаров, издадена од „Матица македонска“. Претставувајќи ја книгата, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, рече дека се работи за досега недоволно елаборирана и истражувана тема кај нас, а научна дисциплина на врвни светски универзитети, и затоа, додаде таа, книгата ќе придонесе за развој на политичката наука во Македонија, особено во сферата на дипломатијата, јавните...

Промоција на книгата „Збор за зборот“ од Златко Жоглев, Данилеа Трајковска и од Гордана Стојаноска

Во заедничкото дело на тројцата автори застапени се шеесет песни
Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, на 6 ноември (четврток) 2014 година, ќе се одржи промоција на поетската книга „Збор за зборот“ од Златко Жоглев, Данилеа Трајковска и од Гордана Стојаноска. Во заедничкото дело на тројцата автори, застапени се 60 песни, во кои се говори за мноштво социјални, родољубиви и љубовни теми. Книгата ќе ја промовираат писателите Панде Манојлов...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...