вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Програмски совет на МРТ | 25 резултати

МРТ со интерни огласи пополнува испразнети места, не може да добие дозвола за нови вработувања

26 ноември 2020

Македонската радио-телевизија (МРТ) распиша 26 интерни огласи за вработените од оваа куќа во насока на пополнување на испразнети работни позиции и за унапредување на вработени во својата професионална кариера. Воедно, со ваквите огласи ќе се реши неправдата со оние професионалци кои се вработени со години наназад во МРТ, а кои со досегашната систематизација биле поставени […]

Пет години тапка во место реформата во МРТ

17 ноември 2020

Спикерот на Собранието, Талат Џафери, неделава писмено го известил претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Костадин Костадинов, дека постапката за избор на новите членови на Програмски совет на Националната радио-телевизија и на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиомедиумски услуги треба да се повтори од почеток од деловнички причини. […]

МРТ усвои Правилник за вработување, унапредување и распоредување на вработените

16 ноември 2020

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) на седницата одржана на 11 ноември 2020 година го донесе Правилникот за вработување, унапредување и распоредување на вработените во јавниот радиодифузен сервис. Со овој документ се уредува постапката по која ќе се врши изборот на нов кадар и искачувањето на повисоки работни места на постојниот кадар помеѓу давателите на […]

Владата реагира откако ЕК во Извештајот за напредокот на земјава побара реформи во МРТ

14 октомври 2020

Владата на вчерашната седница го усвои заклучокот со кој се укажува на јавниот радиодифузен сервис со вклучување на сите засегнати страни и релевантни институции да утврди стратешки пристап за реформа на МРТ и одржливо решение за реструктуирање на долгот на јавниот радиодифузен сервис и за истото да ја информира Европската комисија, преку Секретаријатот за европски […]

Извештај на ЕК: Државата да ги приоритизира реформите за финансиска стабилност и независност на МРТ

7 октомври 2020

Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година упатува забелешки за неспроведување на реформите во Македонската радио-телевизија (МРТ). Во делот за слобода на изразување, ЕК нотира дека минатогодишните препораки остануваат на сила. Прва на листата е токму приоритизирањето на реформите во МРТ преку обезбедување на нејзината финансиска одржливост и независност, […]

СДСМ со неколку ветувања за развојот на медиумската сфера во новиот мандат

3 септември 2020

Владејачката СДСМ пред изборите на медиумските организации јавно им вети брзо формирање на новите управувачки органи на Македонската радио-телевизија и на медиумскиот регулатор во рамките на медиумските реформи. Одговарајќи на јавно упатените прашања од страна на Здружението на новинари на Македонија и на другите новинарски и медиумски организации, СДСМ вети дека веднаш по заокружување на […]

Владата ветува развој на МРТ во новиот мандат, ќе го дозволи ли тоа собранискиот состав?

1 септември 2020

Изборот на новиот состав на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) во Собранието на РСМ е една од главните точки кои ќе покажат дали власта предводена од СДСМ и опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеале да изградат консензус во однос на важните општествени прашања во новиот четиригодишен собраниски мандат. Мандатот на актуелните членови на Програмскиот совет […]

МИОА ја одобри новата систематизација за дополнителни 460 работни места во МРТ

15 јуни 2020

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) минатата недела ја одобрило новата систематизација на работните места во Македонската радио-телевизија (МРТ), предложена од Програмскиот совет на МРТ. Потпретседателот на Програмски совет, Ведат Мемедалија, вели дека новата систематизација е потпишана од државниот секретар на МИОА, Адем Авзиу и предвидува зголемување на бројот на вработените на јавниот сервис […]

Избран старо-новиот Надзорен одбор на МРТ со пет години мандат и по 400 евра плата

10 февруари 2020

Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 6 февруари го избрал новиот Надзорен одбор на МРТ со мандат од пет години. Како што се наведува во одлуката објавена на веб-страницата на МРТ, мандатот на членовите на Надзорниот одбор на МРТ започнува на 5 март. Дел од избраните членови на Надзорниот одбор и досега членуваа […]

Смилка Јанеска Саркањац: Неизборот на нов Надзорен одбор ќе предизвикаше блокада на работата на МРТ

30 јануари 2020

По објавувањето на текстот на „Мета.мк“ „Програмскиот совет на МРТ со истечен мандат ќе си бира нови членови на Надзорниот одбор“, во јавноста се разви дилема дали навистина е тоа така. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара повлекување на одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на конкурсот за избор на членови на […]

ЗНМ бара итна реконструкција во МРТ, а не кратење на средствата за јавниот сервис

27 јануари 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се јави со реакција по објавата на „Мета.мк“ за кратење на буџетските средства за 2020 година за јавниот радиодифузен сервис, во која укажува дека ваквата одлука на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е „опасен преседан’. „Со предвидениот буџет за 2020 година на МРТВ наместо 0,9 отсто од […]

Нема реформи, нема зголемен буџет – владата ѝ скрати на МРТ над 6 милиони евра

24 јануари 2020

Раководството на Македонската – радио телевизија (МРТ) и владата имаат спротивни ставови околу околу висината на средствата што ќе ги добие јавниот радиодифузен сервис за 2020 година. А тоа, според МРТ ќе се одрази на платите на вработените. И покрај тоа што планираше од државата да добие околу 21 милиони евра, МРТ сега, преку новиот […]

ЗНМ бара да се поништи конкурсот за нови членови на Надзорниот одбор на МРТ

22 јануари 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара да се повлече одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на јавен конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис во услови кога мандатот на членовите на овој совет е истечен. „Мета.мк“ вчера објави дека на 17 јануари на веб – страница на […]

Програмскиот совет на МРТ со истечен мандат ќе си бира нови членови на Надзорниот одбор

21 јануари 2020

Досегашните членови на Програмскиот совет на Македонската радио – телевизија (МРТ) распишаа јавен конкурс за избор членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис. Органот на МРТ што треба да врши надзор над материјално – финансиското работење треба да биде избран од Програмскиот совет, којшто во моментов е со истечен мандат. Конкурсот за изборот на […]

Манчевски апелира членовите на Советот на МРТВ и на ААВМУ сами да си поднесат оставки

24 јули 2018

ВМРО-ДПМНЕ повеќе од пет месеци го блокира донесувањето на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), а тоа го продолжи и денеска. Апелирам и членовите на Програмскиот совет на МРТ и на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (ААВМУ) да поднесат оставка и да овозможат да се случат медиумските реформи, […]

ЗНМ бара да се прекине мандатот на членови на Советите на МРТ и на ААВМУ

29 јуни 2018

Ако опозицијата продолжува да се однесува неконструктивно и со фиктивна амандманска расправа во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за да ги заштити своите партиски војници, бараме собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата да утврди престанок на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски сака закон за партизација на медиумските регулаторни тела

12 јуни 2018

Дамјан Манчевски денеска изврши класичен притисок врз законодавната власт со намера да се донесе неквалитетен закон кој што ќе овозможи груба партизација на медиумските регулаторни тела, обвини ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на денешната прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација. Манчевски обвини дека опозицијата го кочи донесувањето на Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги […]

Манчевски: Опозицијата четири месеци ги кочи медиумските закони

12 јуни 2018

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска на прес-конференција во Владата побара собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, со која претседава ВМРО-ДПМНЕ, да работи без престан и секојдневно, додека не заврши амандманската расправа за Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Тој рече дека опозицијата треба да мисли на интересот на […]

Јанеска – Саркањац: Програмскиот совет на МРТ не коментира политички изјави

15 февруари 2018

Претседателот на Програмскиот совет на МРТ, Смилка Јанеска – Саркањац, не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски, кој рече дека новиот избор на старо-новиот директор на МРТ, Марјан Цветковски е „одлука на Програмскиот совет на МРТ кој сè уште функционира во стариот состав, а граѓаните добро знаат […]

Шест години не се мешам во политиката, вели старо-новиот директор на МРТ, Цветковски

15 февруари 2018

Марјан Цветковски, кој во вторникот беше избран за уште еден мандат за директор на Македонска радио телевизија (МРТ), за „Мета“ вели дека не сака да ја коментира изјавата на владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Изборот на Цветковски, кому ова му е трет мандат на чело на МРТ, предизвика серија негативни рекации од политичари, новинари и новинарски […]

Страна 1 од 2