среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: програма | 148 резултати

Турски серии и политички дебатни емисии – новата телевизиска сезона по стара шема

септември 27, 2020

Речиси три четвртини или 72,6 проценти од граѓаните гледаат телевизија, покажуваат податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици за вториот квартал од 2020 година. И покрај тоа што извештајот се однесува на периодот од почетокот на пандемијата, кој беше одбележан со долги полициски часови, а […]

Британската амбасада ќе одржи презентација на Чивнинг програмата во Прилеп

септември 16, 2020

Утре (17 септември), со почеток во 12 часот во општина Прилеп, Британската амбасада ќе одржи презентација на која сите заинтересирани ќе може да се информираат за едногодишни постдипломски студии на било кој универзитет во Велика Британија во склоп на Чивнинг програмата. Повикот е отворен до 3 ноември, а повеќе детали за универзитетите, како и за […]

Отворен повикот на Women in Tech Macedonia за млади амбасадори

септември 11, 2020

Меѓународната непрофитна организација Women In Tech Global и Women In Tech Македонија, чија мисија е да се затвори родовиот јаз и да им помогне на жените полесно да се вклучат во технологијата, отвораат повик за нивната програма, Women In Tech Youth Ambassadors, наменета за млади девојки од 16 до 21 година. „Women In Tech Youth […]

Најпознатата програма за млади во Европа со зголемен буџет до 2027 година, но помалку од ветеното

јули 28, 2020

Најпознатата програма за млади во Европа, Еразмус+ може да се соочи со скратување на предвидените средства за финансирање во претстојниот буџет на Европската Унија. Буџетот од 21,2 милијарди евра на Еразмус+ прогрaмата за периодот 2021-2027 година е за дури 14,7 милијарди евра поголем од буџетот за 2014-2020 година. Сепак, оваа сума е помала од 24,6 […]

Проектот РИСЕ ќе поддржи над 200 млади претприемачи од Западен Балкан

јули 20, 2020

Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) заедно со своите партнери започнува програма за млади социјални претприемачи од Западен Балкан. Проектот РИСЕ ќе поддржи над 200 млади претприемачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да ги развијат своите идеи за социјален бизнис. Преку серија работилници, програми за мобилност и финансиска […]

Дел од жителите на Полошкиот регион сè уште се движат по земјен пат

јули 6, 2020

Состојбата на дел од регионалните патни правци не е во согласност, не само со барањата за економски развој, туку и со стандардите за безбедно одвивање на сообраќајот. Во Полошкиот плански регион локалната патна мрежа е во лоша состојба. Ова го пишува во Програмата за развој на Полошки плански регион 2015-2019 година, пишува „Порталб.мк“. Во документот […]

ЕБОР нуди бесплатни онлајн обуки за мали бизниси

јуни 25, 2020

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) почна програма за бесплатно онлајн учење и советување за микро, малите и средните компании кои се соочуваат со економска криза од пандемијата со корона вирусот. Програмата ќе се фокусира на пет клучни столбови во бизнисот: кризен менаџмент, клиенти и добавувачи, основи на финансиски менаџмент, финансирање на вашата компанија, […]

Се родија првите еленчиња во репродуктивниот центар на Галичица

јуни 3, 2020

Во репродуктивниот центар за европски елен во Националниот парк Галичица, се родија првите еленчиња. Во периодот кој следи, од паркот очекуваат на свет да дојдат уште нови младенчиња. Овој центар е распространет на стотина хектари, во кој се донесени 24 женки и шест мажјаци од овие елени. Тој е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, […]

„МАИКА“ – бесплатна алатка која гласовно чита текст на македонски јазик

мај 19, 2020

МАИКА е бесплатна алатка која пишаниот текст на македонски јазик го претвора во говор. Алатката е изработена од тимот на „Emit Knowledge“. Инспирација за создавањето на оваа алатка, како што велат од тимот, е да се остави наследство за следните генерации, со цел да се зачува и збогати македонскиот јазик, но и да се помогне […]

Завршија активностите од проектот „Култура во време на корона“

мај 11, 2020

Запираат маалските концерти кои беа дел од проектот „Култура во време на корона“, информираат од Град Скопје. Од општината најавуваат дека наскоро ќе излезат со адаптирани програми усогласени со идните препораки на Владата. „Она што е важно за овој проект е дека сите изведувачи беа еднакво платени со минимален износ од 14.500 денари, вклучувајќи ги […]

Здравствените работници имаа онлајн тренинг како да се заштитат од корона вирусот и да го спречат ширењето

април 29, 2020

Министерството за здравство во изминативе четири недели ја реализираше онлајн тренинг програма „Ковид-19 риспонс тренинг“ (COVID 19 Response Training) наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјава, информираат од таму. За само три недели близу 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари, биле дел од интерактивните тренинзи кои се одвивале онлајн. „Тренингот […]

Два концерти во паркот „Ибни Пајко“ во рамките на проектот „Култура во време на корона“

април 28, 2020

Вечерва во 20 часот во паркот „Ибни Пајко“ концерт ќе одржи музичарот Мартин Мила, а во 21 часот на истата локација, настап ќе има квартетот „Агни Авшар“. Овие две нови изведби се во рамките на програмата „Култура во време на корона“. За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април објави Јавен […]

МРТ од денеска започнува со емитување на четири нови канали, кои ќе се пуштаат етапно

април 8, 2020

Македонската радио телевизија информира дека дека од денеска почнува со емитување на четири нови телевизиски канали, и тоа МТВ 2 – 24 часовен канал на албански јазик, МТВ 3 – канал за спорт и забава, МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна програма, МТВ 5 – специјализиран канал за детска програма. „Прв канал […]

Манчевски апелира на разум и повика на дијалог со кабелските оператори

февруари 26, 2020

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, за новонастанатата ситуација со кабелските оператори рече дека кога Собранието во 2018 година ги усвоило законските измени со кои се забранува емитување на странски програми без регулирани авторски права, имало согласност и од кабелските оператори и од националните медиуми како засегнати страни, но исто така имало и политички консензус. […]

Владата ја отвори расправата за прeдлог-буџетот за 2020 година, но ќе го утврди на наредната седница

ноември 6, 2019

Владата на 163. седница ја отвори расправата за предлог-буџетот за 2020 година, но ќе биде утврден идната недела. „Министрите во Владата ги презентираа програмите кои треба да се финансираат од буџетот за наредната година и донесоа одлука предлог-буџетот за 2020 година, како и предлог-законот за извршување на буџетот за 2020 година да бидат утврдени на […]

Британската влада доделува „чивнинг“ стипендии за лица со лидерски потенцијал

јули 31, 2019

Во периодот од 5 август до 5 ноември 2019 година, Секретаријатот „Чивнинг“ прифаќа апликации за стипендии за учебната 2020/2021 година. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply. Стипендиите „Чивнинг“ им се доделуваат на лица кои покажуваат лидерски потенцијал и имаат одлична академска основа. Стипендијата дава финансиска поддршка за школување на едно годишни магистерски студии на кој било британски […]

МЗШВ: Специјално опремени авиони ќе го штитат земјоделското производство од град

јуни 19, 2019

Владата на вчерашната седница ги усвои измените на Уредбата за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, со кои што се додаде нова подмерка „Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви“, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Станува збор […]

Се поголем број на жени работат во ИТ-секторот

април 8, 2019

Ако дваесетина години одвај од пет до 10 отсто од вработените во ИТ-секторот биле жени, сега состојбите значајно се промените. Според Елизабета Најковска од „Мајкрософт“, во 2019 година овој процент изнесува од 40 до 45 проценти и постојано е во нагорен раст. Во истовреме, расте и интересот на девојките за работа во секторот, кој до […]

Три компании од преработувачката индустрија ќе добијат 315.000 евра од ИПАРД-2 програмата

април 8, 2019

Од денеска започна склучувањето на договорите за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од последниот повик за ИПАРД 2 програмата, кој заврши на крајот на јануари годинава. Проектите на трите компании кои денеска ги потпишаа договорите со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се однесуваат […]

Царовска: Високи 95 отсто искористеност на Оперативниот план за вработување лани

јануари 23, 2019

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година има високи 95 проценти реализација, информираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Со него биле опфатени вкупно 6,374 лица, од кои 3.359 или 53 проценти млади лица до 29 години. Царовска како посебно значајна ја потенцираше […]

Страна 2 од 8