fbpx
Таг: Програма за работа на Владата

таг: Програма за работа на Владата

Мета факт: Сите рокови за усвојување на Законот за климатска акција се пробиени

Сите рокови предвидени за донесувањето на Законот за климатска акција во Собранието на РСМ се пробиени. Иако владата во својата програма има ветено дека ова законско решение ќе биде усвоено во 2022 година, законодавниот дом до денешен ден ова го нема направено. Министерството за животна средина и просторно планирање дури на почетокот од август годинава ја објави финалната нацрт-верзија...

Мета факт: Сè уште нема поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години

Поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето – ова ветување стои во предизборната програма на владејачката СДСМ за парламентарните избори во 2020 година. СДСМ на чело со Зоран Заев тогаш ја формираше новата владина коалиција, но и по неговото заминување од премиерската позиција, ветувањето за поврат на персоналниот данок за...

Meта факт: Mладите лекари не добија субвенција за стан, ниту грантови да отворат ординации во рурални средини

Во Програмата за работата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, има ветувања дека ќе ги стимулираат младите лекари да работат во руралните средини со тоа што ќе им додели грантови за да отворат ординации, како и дека сите оние млади лекари кои се на специјализација, а кои живеат надвор од Скопје, ќе добијат субвенција...