fbpx
Таг: проекти

таг: проекти

Сугарески му ги презентираше на Шчербак инфраструктурните проекти во Македонија

Министерот за транспрот и врски, Горан Сугарески денеска имал средба со амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Олег Шчербак, на која го информирал амбасадорот за инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија. Сугарески ги потенцирал проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Македонија, особено доизградбата на железницата на Коридорот 8, односно проектот за изградба на пругата кон...

ЈП „Енерго“ Штип треба да изработи проекти за гасифицирање на градот догодина

Јавното претпријатие „Енерго“ Штип, годинава треба да ги заврши сите проекти, односно да ја изработи документацијата за следната година да биде ставена мрежа за гасифицирање на градот, најави штипскиот градоначалник, Благој Бочварски по средбата со директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Благојче Котески. ЈП „Енерго“ Штип било формирано од претходната власт, но седум години не ја вршело функцијата за кое било...

Светска банка предвидува пораст на економијата од 3,2 проценти

Светска банка предвидува пораст на економијата во Македонија од 3,2 проценти, во најновиот извештај Глобални економски перспективи за земјите од Европа и Централна Азија. „По надминувањето на политичката криза, која имаше влијание врз економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит, поради најавените трошоци за инфрструктурни проекти“, се вели во извештајот на Светска банка. Светска...

Градоначалниците да подготват проекти за гасифицирање на општините

Градоначалниците да подготват проектна документација за гасификација на општините и да одлучат дали сами ќе инвестираат, дали ќе најдат инвеститори или тоа ќе го сторат преку јавно-приватно партнерство, порача премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Министерство за финансии. Прашан за гасификацијата на Скопје, Заев додаде дека има гасоводна цевка до градот, но дека нејзината искористеност е од 15 до 20...

Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа државниот буџет за 2018 година

Собранието, со 62 гласа, без гласови против и без воздржани, вечерва го изгласа Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Буџетот за 2018 година ја отсликува економската и социјалната политика на Владата, чија цел е стабилен економски пораст, подобар животен стандард, повисоко ниво на социјална правда како и ефикасно и домаќинско управување со парите на граѓаните, рече министерот за финансии,...

Германската влада со финансиска поддршка за Македонија во висина од 9 милиони евра

Aмбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих и министерот за финансии, Драган Тевдовски ја потпишаа спогодбата помеѓу владата на Македонија и владата на СР Германија, за финансиска соработка во висина од девет милиони евра. Спогодбата опфаќа реализација на два клучни проекти, Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар фаза 2 и Програмата за водовод и канализација фаза 2,...

Анѓушев: Состојбите во економијата не се најдобри, потребни се правилни решенија

Состојбите во економијата не се најдобри во моментов, но добро е да се прикажат вистинските состојби, за Владата да преземе конкретни и соодветни чекори за правилни економски решенија, рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на тркалезната маса во организација на Македонската академија за науките и уметностите на тема „Растот на македонската економија: состојби, проблеми и перспективи“. Тој исто така...

Македонија и Кина ќе потпишат нов договор за економска соработка вреден 2,5 милиони евра

Владите на Македонија и на Кина до крајот на годината се очекува да потпишат нов договор за економска соработка со кој би се обезбедиле околу 2,5 милиони евра што би биле наменети за реновирање на училишта во земјава, но и за финансирање на други проекти што ќе се утврдат како приоритетни од македонската Влада. Ова било констатирано на денешната средба...

ВМРО-ДПМНЕ ја носи светлината што ѝ треба на Македонија, порача Груевски од Делчево

В недела нема да се гласа само за градоначалници и за советници, туку ќе се одлучува за тоа каква ќе биде Македонија по 15 октомври, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на партијата и на Коалицијата за подобра Македонија во Делчево. - Каква држава ќе имаме и по кој пат ќе се движиме, вие ја носите конечната одлука,...

Заев: Изборите в недела ќе бидат новиот 11 Октомври за Прилеп и за Македонија

Кога секому е јасно дека Никола Груевски е минато, недозволиво е Прилеп да остане неосвестен. Прилеп прв се освестил кога требало, тука пукнала првата пушка, затоа 15 октомври ќе биде новиот 11 Октомври за Прилеп и за Македонија, а јас сум убеден дека Прилеп повторно ќе крене востание и повторно ќе победи. Ова вечерва го порача лидерот на СДСМ и...

Заев од Тетово: Иднина има само заедничка, а не „чиста“ Македонија

„’Чиста’ Македонија нема иднина. Иднина има само заедничка Македонија. Тоа е нашето богатство и тоа богатство треба да го искористиме, зашто е наша предност, а не слабост“, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Тетово. - Мораме да живееме заедно и Тетово е пример за тоа. Ги отворивме сите теми, затоа што ако не ги отвориме, тие ќе бидат...

Груевски ја обвини власта дека демонстрира сила и работи незаконски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Ресен рече дека власта работи незаконски, но и демонстрира сила. - Кандидатот за градоначалник во Шуто Оризари беше претепан до бессознание, друг наш кандидат беше погоден со куршум, на кандидатот за градоначалник на Кавадарци му вперија оружје и го третираа како терорист за потоа само да му се извинат - рече Груевски. Тој додаде дека...

Швајцарските експерти ќе продолжат да им помагаат на македонските компании

Вицепремиерот Кочо Анѓушев и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, потпишаа изјава за согласност во врска со соработка на проектот „Ангажман на сениор екперти за развој на мали и средни претпријатија во Македонија“. Проектот, кој беше почнат од претходната Влада, според Анѓушев се покажал како успешен и корисен за македонските компании и затоа ќе се продолжи со реализација на овој проект....

Мислав Галер ќе биде нов извршен директор на „Оне-Вип“

Мислав Галер ќе биде нов извршен директор на телекомуникацискиот оператор „Оне-Вип“. Тој обврските на новата функција ќе ги преземе од октомври 2017 година и ќе го наследи Димитар Ковачевски, кој одлучил да ја напушти компанијата. „Ковачевски ќе остане во „Оне-Вип“ до крајот на годината за да помогне во веќе почнатите проекти кои се однесуваат на зацврстување и на позиционирање на брендот на...

Османи – Атебери: Поддршката од УСАИД има големо влијание за развојот на Македонија

Поддршката од УСАИД има големо влијание за развојот на Македонија, истакнал вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на средбата со новиот постојан претставник на УСАИД во земјава, Дејвид Атебери. Османи, како што соопштија од неговиот кабинет, на Атебери му ги презентирал надлежностите и политичката агенда на Секретаријататот за европски прашања (СЕП), посочувајќи дека моменталниот фокус на Владата и на СЕП е...

Изградбата на патот Градско – Дреново е проект на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата

Средствата во висина од 35,4 милиони евра за изградба на делницата Градско - Дреново во должина од 15 километри, беа обезбедени уште пред СДС и Сугарески да дојдат на власт, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Од партијата велат дека „тендерот за изградбата на делницата беше објавен и заради законските...

Мицкоски: Во општините со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ реализирани се 10.359 проекти

Во општините со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, реализирани се преку 10.359 проекти од инфраструктурата, образованието, индустријата, спортот и секојдневниот живот, информираше денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека „градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во своите општини изградија и реконструираа преку 2.170 улици и патишта, односно беше поставен преку 1.750 километри нов асфалт.“ - Се заменија или поставија нови водоводни и канализациони мрежи...

Град Скопје: Дадовме 3,4 милиони евра на ЈСП, но не за Панорамското тркало

Град Скопје денеска соопшти дека на последната седница на Советот донел одлука за субвенционирање на работата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ со 3,4 милони евра, но тврдат дека оваа сума не е за финансирање на изградата на Панорамското тркало, туку за покривање на загубите на ЈСП и помагање на други проекти. Од Град Скопје велат дека неточни се информациите што...

Граѓаните не видоа бенефит од задолжувањето од 100 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС, откако е на власт, за два месеци, само врз основа на аукции на државни хартии од вредност, ја задолжи државата за повеќе од 100 милиони евра, од кои граѓаните не видоа никаков бенефит, изјави на прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека со тие пари не се почнала изградба на нови училишта, ниту се почнала изградба на нови градинки, канализации,...

УНИЦЕФ Македонија спроведе проекти во вредност од повеќе од 13 милиони евра

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс. - Во соработка со државните институции, граѓанското општество, но и експерти, УНИЦЕФ направи многу за подобрување на животот на многу деца во земјата, особено за најранливите категории. За тоа сме благодарни како земја, но сакам да ви ја искажам и мојата искрена лична...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...