fbpx
Таг: проекти

таг: проекти

Сугарески во Брисел побара поддршка од ЕУ за реализација на инфраструктурните проекти

Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески присуствува на вториот Министерски совет на ЕУ за Западен Балкан што се оддржува во Брисел во рамки на Договорот за основање на транспортната заедница. Во обраќањето пред присутните, Сугарески ја потенцираше важноста од примената на овој Договор, како основа за поврзување на Европската унија и земјите од Западен Балкан, а кој е во...

Релизацијата на изградбата на гасоводот е минимална, потрошено само 8,6 отсто од планираното

Реализацијата на изградбата на гасоводот досега е минимална и изнесува едвај 8,6 проценти од планираните 2 милијарди денари за годинава. Поради слабата искористеност на средствата, се поставува прашањето дали ќе се реализираат најавените проекти, како што е интерконекциската врска со Грција и Бугарија, но и поврзувањето на ТЕЦ Неготино со магистралниот гасовод. Директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи за „Мета“ вели дека интерконекцијата со Грција...

Анѓушев: Првпат растот е одраз на реалната економија, а не со вештачки проекти

Eкономијата не оди во надолна линија, бројките кажуваат дека оди токму во нагорна линија рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев при денешната посета на производствените капацитети на компаниите „МИК“ и „БИМ“ каде што оствари средба со бизнис секторот. - Минатата година имавме негативен раст, после тоа првиот квартал не беше најдобар. Меѓутоа вториот квартал во 2018 година, спореден со вториот...

Сугарески: 800 милиони евра за подобрување на патната инфраструктура

Во моментов низ целата територија на Македонија се работи на реализација на проекти во висина од преку 800 милиони евра, што е историски највисока инвестициска програма за подобрување на квалитетот на патната мрежа во државата, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денеска изврши увид во изградбата на нов мост на реката Луда Мара во село Ваташа, Општина...

Потпишани договори во вредност од 5 милиони евра за прекугранична соработка со Грција

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во Владата изјави дека до 2020 година, за проекти за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција, од страна на Европската унија се обезбедени вкупно 45,5 милиони евра, од кои 50 отсто за проекти кои што ќе бидат имплементирани во Македонија. Средствата за национално кофинансирање ги обезбедува Министерството за локална самоуправа од буџетот на државата. Денеска во...

Нова транша од осум милиони евра за општините за инфраструктурни проекти

Општините од денеска ќе можат да аплицираат со нови капитални проекти за осум милиони евра средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги. Министерството за финансии објави јавен повик за доделување на нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската банка. Со овие осум милиони евра општините ќе можат да финансираат проекти како изградба и реконструкција на...

Тевдовски: Шест општини ќе добијат 290 милиони денари за инфраструктура

Mинистерот за финансии Драган Тевдовски потпиша договори со градоначалниците на Кавадарци, Кисела Вода, Илинден, Центар Жупа, Желино и Студеничани за подобрување на 20 километри патна мрежа и реконструкција на основно училиште. Станува збор за 290,7 милиони денари средства за инфраструктурни проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии во соработка со Светска банка. Директен...

Општините ќе може да искористат 6,5 милиони евра за инфраструктура и градинки

Општините ќе можат да аплицираат за 6,5 милиони евра за капитални проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги - МСИП, информираат од Министерство за финансии. Општинските власти треба да подготват предлог-проекти со кои ќе аплицираат на јавниот повик, кој Министерството за финансии ќе го објави во септември и истиот ќе го спроведува. Тој е поддржан од Светска банка со...

РСС објави повик за грантови за развој на туризмот во земјите од Западен Балкан

Регионалниот совет за соработка (РСС) објави програма за доделување на грантови во вкупна вредност од 1,62 милиони евра за развој на туризмот во земјите од Западен Балкан.Парите се наменети за унапредување на инфраструктурата и квалитетот на услугите на културните и авантуристичките рути во регионот. Со повикот кој ќе трае до 16 август годинава, се очекуваат понуди на субјекти од јавен...

Потпишани договори од 4,5 милиони евра за 98 проекти за развој на руралните средини

Денеска, во Владата беа потпишани договори за имплементација на 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, информираа од таму. Проектите се финансирани од буџетот на државата, конкретно од Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој, во вкупна вредност од 280 милиони...

Тевдовски: ЕБОР заинтересиран да вложи во ветерниците во Миравци

Европската банка за обнова и развој, но и други инвестициски банки, како Европската инвестициска банка, сакаат да учествуваат во финансирањето на изградбата на ветерниците во Миравци и фотоволтаична централа во Осломеј, рече министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествуваше на годишните средби на Европската банка за обнова и развој кои се одржаа во Јордан. - Во рамките на средбите зборувавме...

Тевдовски: ЕБОР сака да инвестира во гасоводна мрежа во општините

Два крупни проекти од областа на гасификацијата, најави министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на годишните средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Јордан. Првиот се однесува на изградба на секундарна гасоводна мрежа во општините, а вториот за изградба на магистрален гасовод помеѓу Македонија и Грција. ЕБОР е заинтересирана за финансирање на двата проекти. - ЕБОР во...

Сугарески апелираше општините да искористат 12 милиони евра за изградба на водоводи

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески ги повика општините да достават инфраструктурни проекти, бидејќи на располагање има околу 12 милиони евра неискористени средства од кредитната линија од Европската инвестициона банка (ЕИБ). Тој денеска изврши увид во изградбата на резервоар за вода и потисен и доводен цевковод во Општина Желино, каде што има 18 населени места од кои само во...

Украински компании може да учествуваат на проекти со гасификацијата и железницата

Украински компании специјализирани за гасификација и железница биле заинтересирани да учествуваат во изведбата на проекти во Македонија, информираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој се сретнал со амбасадорката на Укрaина во Македонија, Наталија Задоржњук која ја информирал за инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија. „Амбасадорката ме информише дека постојат компании кои се специјализирани за овие сектори и се заинтересирани...

ЕБОР ќе финансира 181 милиони евра за надградба на патната мрежа

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе обезбеди 86 милиони евра за надградба на транспортната инфраструктура и зајакнување на регионалната интеграција на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Инвестицијата е делумно поддржана и од Фондот на Централнo европската иницијатива (ЦЕИ), обезбеден од Владата на Италија. Од втората транша во вкупен износ од 181 милиони евра од ЕБОР, ќе се финансира надградбата на 26...

Швајцарската влада ќе помогне со 5,4 милиони франци за регионален развој

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада го претставија новиот проект „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиски поддржан од швајцарската Влада. Фазлиу нагласи дека вкупната вредност на проектот е 5,4 милиони швајцарски франци, а ќе го имплементираат Министерството за локална самоуправа и канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања. Проектот во првата компонента ќе помогне...

Заев и Јазбец разговарале за интензивирање на соработката меѓу Македонија и Словенија

Премиерот Зоран Заев денеска имал средба со амбасадорот на Словенија во земјава, Милан Јазбец, на која, како што соопштија од владината прес-служба, амбасадорот ја пренел оценката дека се чуствуваат позитивни промени во Македонија и му честитал на Заев за ефектите од „засилената дипломатска активност што ги отвора перспективите на државата кон ЕУ и НАТО“. На средбата било констатирано дека се...

ММФ: Инфраструктурата е пречка за побрз економски развој на земјите од Западен Балкан

Анализата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) покажува дека, недостатокот на основна јавна инфраструктура на земјите од Западен Балкан е значителна пречка за побрз економски развој. „Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија имаат недоволно развиена транспортна, енергетска и телекомуникациска мрежа во однос на просекот на Европска унија. Западен Балкан заостанува зад европскиот просек кога се работи и...

Сугарески и Гарет разговарале за економската соработка меѓу Македонија и Британија

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска имал средба со амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет, на која го информирал за капиталените проекти што се реализираат во Македонија во делот на инфраструктурата. „Амбасадорот беше запознаен со проектите што ќе се реализираат во следниот период во делот на патната инфраструктура, изградба на железницата на Коридорот 8, како и...

ВМРО-ДПМНЕ: Единствената деструктивна партија во Македонија е СДСМ

Бојкотот на институциите е последниот демократски механизам кога власта ја има погазено правната држава, а затворите се преполни со политички затвореници, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека единствената деструктивна партија на македонската политичка сцена е СДСМ. „Проекти во полза на граѓаните нема. Буџетот и народните пари безмилосно се трошат само за да се...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...