Таг: проект
таг: проект
Почна санацијата на свлечиштето на патот Пробиштип – Штип кај Неокази
Со пари од Европската Унија, почна санацијата на свлечиштето на патниот правец Пробиштип – Штип кај селото Неокази, предизвикано од поплавите, поради кое возачите речиси две години мораа да минуваат по една страна од коловозната лента.
- Ќе биде поставен потпорен ѕид, со целосно одводнување на свлечиштето, со што трајно ќе се спречи понатамошното општетување - изјави денеска градоначалникот на...
Пратениците ќе се обучуваат за антикорупција
Денеска и утре во Собранието ќе се одржува работилница за пратениците, на која ќе се обучуваат за превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и кај обвинителите, судир на интереси, етички кодекс и за други етички прашања за пратениците, како и за лобирање врз носителите на законодавната власт.
Работилниците ги организира Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство...
Фондот за иновации со 450.000 евра ќе поддржи 15 компании
На третиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој, кој ќе биде отворен утре, ќе бидат обезбедени 450.000 евра, а се планира да се поддржат 15 претпријатија.
Директорката на фондот, Јасмина Поповска, посочи дека сите заинтересирани компании подетални информации може да добијат во седиштето на фондот, на интернет-страницата, како и во новата контакт-канцеларија на фондот, која е отворена на...
Стигнаа спомениците на албански дејци од проектот „Скопје 2014“
Викендов во центарот на Скопје ќе се поставуваат спомениците на албанските дејци од проектот „Скопје 2014“, кои вчера пристигнале во главниот град.
Споменикот на албанскиот деец Пјетер Богдани, како што јавуваат медиумите, ноќеска по полноќ бил истоварен на тревникот во Паркот „Жена Борец“, спроти Собранието.
Од Италија пристигнале и другите два споменици, на Неџат Аголи, прв министер за здравство во Владата...
Канадски инструктори ќе предаваат како да се води успешен бизнис
Бизнис-едукација за професионалци и за претприемачи ќе се одржува во рамките на проектот „Лидер“, кој е во организација на платформата „Македонија 2025“ и ќе трае од 9 до 20 мај.
Теоретските познавања, совети и тајни од занаетот за водење успешен бизнис ќе ги пренесат инструктори од школата за бизнис „Ричард Ивеј“ (Richard Ivey) од Канада.
- Овој проект ѝ помага на Македонија да...
Груевски: Македонија ќе се врати на патот на ЕУ и на НАТО
„Народот застанува против виткањето „кичми“, против сценаријата за дестабилизација, против уривањето на мирот и на соживотот. Македонија е многу повеќе од ова. Сето ова ќе помине и на крајот сите ќе треба да се погледнеме во огледало, и ние кои сега сме со народот, а и тие кои се од другата страна. Историјата ќе суди за улогите, а народот ќе...
Груевски промовираше нов проект за земјоделците
Новиот проект што денеска го промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, „Агробизнис-зона Македонија“, подразбира интегрирана зона во која на едно место ќе бидат застапени и сконцентрирани складишни центри, трговци и компании, како и други претставници на синџирот за набавка на свежи и на преработени земјоделски производи.
Проектот, како што најави Груевски, е комплексен и неговото организирање и изградба ќе почне во...
Кирацовски: Незаконски исплатени еден милион евра на фирма блиска до власта
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски дозволи околу еден милион евра пари на граѓаните да бидат незаконски префрлени на сметката на фирмата „Виста Груп“, блиска до власта, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за информатичко општесто и администација, Александар Кирацовски.
Тој изјави дека незаконската исплата била за проектот за интероперабилност и покажа документи за кои тврди дека докажуваат...
Сообраќајната полиција ќе ги учи охриѓани како да се снаоѓаат на кружна крстосница
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за Охрид денеска ќе реализира едукативен проект, на тема „Како возиме на кружен?“. Во 11 часот, во кафулето „Аквариус“, како што е предвидено, треба да се одржи промоција на едукативен материјал за правилата и прописите при движење на кружните крстосници.
Во 12 часот, пред кружниот тек на булеварот „Туристичка“, кај „Охридска банка,...
Ќе се изработува план за управување со сливот на Охридското Езеро
Со 365 илјади долари одобрени од програмата на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) за Дримскиот проект, ќе се изработува прв заеднички интегрален План за управување со сливот на Охридското Езеро.
Вториот проект се однесува на развивање на систем за предупредување од поплави во Дримскиот басен за кој се одобрени 470.000 долари. Со одлуката за овие и неколку други проекти всушност се почнува со имплементирање...
Русија е подготвена за гасовод сличен на „Јужен тек“ ако ЕУ е заинтересирана
Русија е подготвена да го спроведе проектот за гасовод под Црно Море сличен на „Јужен тек“ ако Европската комисија покаже интерес, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Песков изјави дека Русија разговарала за таквиот проект со партнерите, но сè зависи од тоа „колку е предвидливо и конструктивно однесувањето на Европска комисија“, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Тој изјавил дека директорот...
Спасов: Преку „Македонија вработува“ се вработија 15.200 лица
Преку проектот „Македонија вработува“ се вработени 15.200 лица, информираше заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Преку ослободување од трошоци и субвенции од државата, според Спасов, компаниите заштедиле од 27 до 37 отсто од средствата.
Поволностите од овој проект, кој завршува на 15 април, ги искористиле 8.400 компании.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане да се занимава со укинување и со забранување
„Единствените проекти што СДСМ ги нуди во предизборниот период се сведуваат на зборовите „ќе укинеме“, „ќе урнеме“, „ќе избркаме“, „живи луѓе ќе јадеме“. Тоа е изборот што им го оставаат на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое е реакција на прес-конференцијата на потпретседателот на СДММ, Дарко Каевски, кој најави укинување на екстерното тестирање.
„СДСМ по којзнае кој пат со евтин...
Уметнички проект на Зоран Попоски на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја
Уметнички проект од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е изложен во демилитаризираната зона на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја.
Изложбата е дел од меѓународниот уметнички фестивал „DMZ Pilgrimage International Art Festival“, на кој учествуваат повеќе од 60 уметници од 11 земји во светот. Тема на годинешното издание на фестивалот е „Соочување со другиот“.
Попоски се претставува со дигиталната графика „Конфликтот во...
Груевски и понатаму се однесува како да е премиер
ВМРО-ДПМНЕ вчера организираше состанок за проектот (на Владата!) „Купи куќа за млади“, кој се одржа во хотелот „Александар палас“ и на кој присуствуваше претседателот на партијата, Никола Груевски. На средбата присуствуваа градоначалници и министри.
Проектот „Купи куќа за млади“ го промовираше Никола Груевски како премиер на 18 декември 2015 година, а почна да се реализира на 15 јануари 2016 година.
И...
Гашпаровиќ, носител на Светската награда за хуманизам за 2016 година
Вечерва, кај местото Долна Порта, на влезот во старото градско јадро на Охрид од јужната страна, ќе биде промовиран проектот „Охрид, град на светскиот хуманизам“ од академик Светлин Русев, од Република Бугарија.
Русев е еден од досегашните добитници на ова високо светско признание - Светската награда за хуманизам, која, пак, за 2016 година му припадна и ќе му биде врачена...
За проектот „Купи куќа за млади“ ќе може да се аплицира од утре
Собранието ги усвои измените на Законот за субвенционирани станбени кредити, со кои се создадоа услови за спроведување на проектот „Купи куќа за млади“.
Заинтересираните граѓани може да ги поднесат апликациите во една од осумте банки што учествуваат во проектот – НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка, Стопанска банка Битола, Шпаркасе, Охридска банка, ТТК, Алфа и Прокредит банка.
„Купи куќа за млади“ е нов...
Во април годинава ќе се знае кои се најголемите загадувачи на воздухот
Министерството за животна средина во соработка со владите на Финска и на Австрија почна проект со чија реализација ќе се дознаат факторите што придонесуваат за аерозагадувањето и колкаво е нивното учество во загадувањето на амбиенталниот воздух. Проектот е почнат уште во мај минатата година, кога на повеќе локации во Тетово и во Скопје се поставени филтри каде ќе се апсорбираат...
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не успева да ја сокрие својата деструктивност
СДСМ не може да се помири кога има позитивни придвижувања во државата и кога се реализираат проекти од полза на граѓаните, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на опозициската партија во врска со оперативниот план за вработување.
„СДСМ сè потешко успева да ја сокрие деструктивноста и основата на својата политика „колку полошо со народот, толку подобро за СДСМ“. Да ги...
Развој на туризмот со „Курајчко сретсело“
Селото Куратица, на дваесетина километри од Охрид, почна со реализација на проектот „ Курајчко сретсело“.
Тој се реализира во рамките на програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид.
Се адаптира еден постар селски руиниран објект, на кој се поставува нов покрив, се уредува простор со скара и со шанк кој ќе служи за сите манифестации, а се внимава и на зачувувањето...