сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: продолжување | 41 резултати

Заев: Ако го добијам мандатот, нема да трошам 20 дена за преговори за состав на владата

март 17, 2017

Закажување на седница на Собранието, координација на пратениците за договор околу составот на комисијата за избори и именување, избор на претседател на законодавниот дом, допис до Иванов, негова одлука да го даде мандатот, преговори за влада и нејзин состав. Ова е редоследот на чекорите за кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува да бидат реализирани […]

Милошоски: Мандатот на СЈО истекува во јуни и ние им посакуваме сè најдобро – до јуни

февруари 20, 2017

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, во интервју за „Сител“, изјави дека став на меѓународната заедница е оти е потребно продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство (рокот за завршување на истрагите и за поднесување обвиненија, н.з.). Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пак, синоќа, во интервју за истата телевизија, […]

УЈП ги продолжи роковите за поднесување даночни пријави и извештаи

јануари 26, 2017

Роковите за поднесување на даночните пријави и на годишните даночни извештаи се продолжуваат за пет работни дена, информираат од УЈП. Оттаму велат дека роковите се продолжени во согласност со Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување даночни пријави и извештаи преку системот „е-даноци“. За ДДВ-04 пријава, крајниот рок за поднесување, 25 јануари, се продолжува […]

Завршува продолжениот зимски распуст, учениците од утре на настава

јануари 22, 2017

Завршува зимскиот распуст и од утре почнува второто полугодие од учебната 2016/2017 година за околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци. Зимскиот распуст беше продолжен за два дополнителни дена, односно 18 и 20 јануари, со одлука на Министерството за образование и наука, а по препорака на Комисијата за заразни болести и на […]

МОН: Распустот продолжен до 23 јануари, деновите ќе се одработуваат во сабота

јануари 13, 2017

Министерството за образование и наука (МОН) ја прифати мерката на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за продолжување на зимскиот распуст за учениците, поради состојбата со грипот. Со ова, и официјално, второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари, ќе почне на 23 јануари.­ „Врз основа на сиот ризик што постои […]

СЈО: Не ги коментираме изјавите на Груевски, очекуваме да ни се продолжи мандатот

јануари 10, 2017

Специјалното јавно обвинителство не сака да ги коментира „политичките“ изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање на новата влада, Никола Груевски, кој во интервју за „Дневник“ категорично вели дека неговата партија нема да поддржи продолжување на мандатот на СЈО. „Повеќепати имаме истакнато дека не коментираме политички изјави. Што се однесува до Вашето второ прашање, […]

Груевски: ВМРО-ДМПНЕ нема да се согласи за продолжување на мандатот на СЈО

јануари 9, 2017

Во денешното интервју за „Дневник“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, опширно говори за мандатот, работата и за иднината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тој недвосмислено вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи на продолжување на рокот на СЈО, дека „од авион се гледа дека обвинителството работи под сугестија на некои амбасади и очигледно е дека некому надвор […]

И во Србија е продолжен зимскиот распуст поради зголемен број на заболени од грип

јануари 4, 2017

Училишниот распуст во Србија ќе биде продолжен поради зголемениот број на болни од грип, информира српското министерство за образование. Одлуката била донесена во координација со министерството за здравство, па наместо на 9 јануари, учениците ќе тргнат на училиште на 11 јануари. Постои можност рокот уште еднаш да биде продолжен, доколку бројот на заболени се зголеми […]

Рано е да се каже дали грипот и студот ќе го продолжат зимскиот распуст

јануари 4, 2017

Сè уште е рано е да се размислува за тоа дали зимскиот распуст за учениците, кој трае до 18 јануари, ќе биде продолжен поради состојбата со грипот, велат неофицијално од Министерството за образование и наука (МОН). Официјален одговор на прашањето на „Мета“ дали поради грипот се размислува распустот за учениците да биде продолжен, сè уште […]

СЈО има уште 6 месеци за истраги и за обвиненија, дали ќе продолжи ќе решат изборите

декември 4, 2016

Денеска навршува точно една година откако Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги презеде од Јавното обвинителство предметите поврзани со незаконското прислушување. Со ова, според актуелниот Закон за СЈО, на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим им остануваат уште шест месеци за истраги и за поднесување обвиненија во врска со случаите што произлегуваат од „бомбите“. Според членот […]

Пендаровски вети продолжување на мандатот на СЈО и специјални судски одделенија

ноември 21, 2016

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во првата изборна единица, Стево Пендаровски, денеска, на првиот ден од изборната кампања, најави дека ако ја добијат довербата од граѓаните, ќе биде продолжен мандатот на Специјалното јавно обвинителство, а ќе бидат формирани и специјални судски одделенија за процесирање на предметите на СЈО. Според Пендаровски, законот овозможува формирање на […]

Владата бара продолжување на кризната состојба до јуни 2017 година

октомври 10, 2016

Комисијата за одбрана и за безбедност и Законодавно-правната комисија во Собранието на Република Македонија денеска ќе го разгледуваат предлогот за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница поради мигрантската криза. Ако предлогот биде усвоен, наместо до 31 декември оваа година, кризната состојба ќе трае до 30 јуни 2017 година. Продолжувањето на кризната состојба е на барање на […]

Вонредната состојба во Турција продолжена за уште три месеци

октомври 3, 2016

Турската влада денеска одлучи да ја продолжи за уште три месеци вонредната состојба во земјата, која беше воведена по неуспешниот воен пуч кој се случи во јули. Продолжувањето од три месеци почнува да тече од 19 октомври. – Вонредната состојба ќе биде продолжена за 90 дена, почнувајќи од 19 октомври – изјави на конференција за […]

ЕУ официјално ги продолжи санкциите против Русија до март 2017 година

септември 15, 2016

Европска Унија официјално ги продолжи санкциите против Русија до 2017 година. Тие се воведени поради окупацијата и илегалната анексија на украинскиот полуостров Крим и поради поддржување на проруските сепаратисти на истокот на Украина. Санкциите се однесуваат на финансискиот и на енергетскиот сектор на Русија, а стапија на сила во јули 2014 година и оттогаш се […]

СЈО: Треба да ни се продолжи рокот од 18 месеци оти е нереален за целосни и објективни истраги

август 25, 2016

Специјалното јавно обвинителство очекува од релевантните институции, односно од Собранието, да ја воочат потребата од промена на Законот за СЈО и да го продолжат рокот од 18 месеци за завршување на истражните постапки и поднесување обвиненија против осомничените, велат за „Мета“ од СЈО. Според нив, рокот од 18 месеци не соодветствува со реалните можности за целосно […]

СЈО побара продолжување на куќниот притвор на градоначалникот Талески

август 19, 2016

Специјалното јавно обвинителство денека од Кривичниот суд во Скопје побарало продолжување на куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески за нови 30 дена, потврдија за „Мета“ од СЈО. Ова е второ барање на СЈО за продолжување на притворот на Талески, кој му истекува утре. Мерката куќе притвор битолскиот градоначалник, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ […]

Нe ни се доволни 18 месеци, Собранието треба да го продолжи рокот, вели Ленче Ристоска

август 15, 2016

Предвидените 18 месеци за завршување на истражните постапки и за покренување на обвиненија за случаите кои произлегуваат од незаконското прислушување нема да бидат доволни и Специјалното јавно обвинителство очекува Собранието да го продолжи тој рок, оценува обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска во интервју за австрискиот весник „Курир“. Таа вели дека работат под огромен притисок, а […]

Страна 2 од 2