fbpx
Таг: проблемот со името

таг: проблемот со името

Граѓаните оптимисти за придобивките доколку влеземе во ЕУ

Доколку Македонија влезе во ЕУ, драматично ќе се подобри демократијата во земјава, јавната администрација, судството, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и човековите и малцинските права, сметаат големо мнозинство од вклучените во дебатната анкета на Институтот за европска политика - Скопје. Дебатната анкета (Deliberative Polling) е форма на политички консултации со спојување на испитување на јавното мислење и јавната расправа...

Бутарис: Потпалувачките изјави и митинзите не треба да ги попречуваат преговорите

Солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, како „потпалувачки“ ги оцени изјавите на познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, споредувајќи ги со воинствените изјави на генералот Франгос во Солун и потенцираше дека, иако митинзите можеби биле големи и впечатчиви, тие не треба да ги попречуваат преговорите. Бутарис, за телевизијата СКАЈ, повтори дека Грција го нема ексклузивното право на терминот Македонија, како и дека тој...

Дури 61 отсто од граѓаните се за решавање на спорот за името

Мнозинството граѓани на Македонија, односно 61 отсто од нив поддржуваат решавање на проблемот околу името, со цел побрз влез на земјава во Европската Унија и во НАТО, додека 33 отсто се категорично против, покажува новата анкета на Институт за демократија „Социетас цивилис“. Анкетата е спроведена од агенцијата „М-проспект“ од 19 до 26 јануари, телефонски со 1.000 испитаници. Можноста за статистичка...

Заев и Нимиц се договорија: Наумовски и Василакис се аут, Димитров и Коѕиас се ин

Во идните разговори за разрешување на спорот за името меѓу Македонија и Грција под покровителство на Обединетите нации (ОН), наместо досегашните преговарачи, на чело на преговарачките тимови ќе бидат министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, се согласиле посредникот во преговорите, Метју Нимиц, и премиерот Зоран Заев на нивната денешна средба, извести Владата. На денешната средба во кабинетот на...

Нимиц денеска на средби со Иванов, Заев, Димитров, Мицкоски и Ахмети

Посредникот во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција под покровителство на ОН, Метју Нимиц денеска ќе има официални средби со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Првата средба на Нимиц, кој од Атина во...

Нимиц во Скопје на средби со државниот врв и Мицкоски и Ахмети

Посредникот од ОН во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, утре ќе биде во Скопје на официјална посета и разговори со државниот врв и министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Нимиц утре во 12 часот ќе се сретне со...

Заев: Референдумот за името не е ништо трагично, страшно или невозможно

По изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети викендов, дека е најдобро решението за спорот за името до кое ќе дојдат државните врвови на Македонија и Грција да се реши како во случајот со Договорот со Бугарија, односно да се гласа во Собранието и да не се распишува референдум, премиерот Зоран Заев по денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“...

Нимиц денеска во Атина, в среда доаѓа во Скопjе

Метју Нимиц, посредникот на Обединетите нации (ОН) во преговорите помеѓу Македонија и Грција за спорот со името, в среда ќе дојде во Скопје од Атина, каде, пак, пристигнува денеска. Нимиц доаѓа во посета на двете земји по лидерската средба во Македонија во саботата, во која учествуваа претседателот Ѓорге Иванов со двајца претставници на неговиот кабинет, премиерот Зоран Заев со министрите...

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани типови

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос, вели дека уште во 1992 година на тогашниот шеф на дипломатијата, Андонис Самарас, му кажал оти северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта. - Чест треба да ни биде да можеме да го копираме Александар Велики...

МНР го осуди палењето на македонското знаме во Солун

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) реагираше на инцидентот на големиот протест вчера во Солун, кога беше запалено македонско знаме. И покрај градењето мерки на доверба од страна на двете влади, за жал уште се случуваат инциденти од луѓе кои сѐ уште живеат во минатото, се вели во соопштението од МНР. „Целиот регион и нашите две земји се на вистинскиот...

Нема план Б за влез во НАТО, името мора да се реши, порача Столтенберг

Мора да бидам искрен со вас и не е добро да ве лажам - нема план Б и нема влез во НАТО сè додека не се реши проблемот со името, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во три наврати, одговарајќи на новинарски прашања дали е можен прием со привремената референца на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Зоран...

Исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, вели Владата

Владата на Република Македонија по преговорите во Њујорк со посредништво на Метју Нимиц порача дека посветена на решавање на спорот кој  Република Грција го има со уставното име на Република Македонија.  Во соопштението се вели дека се создаваат услови за напредок, но за да дојде до тоа мора да има подготвеност за компромис на двете страни. „Активно се создаваат услови...

За Наумовски предлозите на Нимиц се далеку од достоинствено решение

Македонскиот преговарач во разговорите за името под покровителство на ОН, Васко Наумовски, по последната рунда разговори во Њујорк изјави дека предлозите изнесени од медијаторот Метју Нимиц се „далеку од достоинствено решение“. Според него, рамката за разговорите е дадена во Резолуцијата 817 на Советот за безбедност, а тоа е да се надмине разликата околу името. – Нашата држава има име, тоа е...

Новиот предлог на Нимиц е комбинација на старите идеи

Посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц, денеска во седиштето на ОН, по средбата со македонскиот и грчкиот преговарач, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, најави дека на повидок е решение за спорот за името, со што ќе се стави крај на 27 годишниот спор меѓу Грција и Македонија. – Имам големи надежи дека овој процес се движи во...

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Грција го награди Анѓушев за лицитирањето со ново име?

Мошне симптоматично е што истовремено додека засилено се одвиваат преговори помеѓу Грција и Република Македонија, во услови кога Заев е убеден дека ќе го реши името, вицепремиерот Кочо Анѓушев лицитира со имиња на државата а потоа ја продава неговата фирма на грчкото електростопанство, порача  Христијан Делев на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. - Целата јавност беше сведок дека Анѓушев од...

Димитров: Го охрабривме Нимиц в среда да излезе со првичен предлог за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров велии дека се уште нема предлог за решавање на спорот со името, но медијаторот Метју Нимиц бил поттикнат од македонската страна да излезе со првична рамка уште следната недела. – Сè уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно...

Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за преговори за името

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе водат преговори за решавање на 25-годишниот спор за името, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров за агенцијата „Ројтерс“. Тој очекува првата средба на новите групи да се одржи во февруари, при што директно ќе се преговара за можни решенија за спорот. - Се...

Бутарис: Прашањето за името е „надувано“ поради глупавоста на политичарите

Мора да имате добри односи со соседите. Прашањето за името е надувано пред се поради глупавоста на политичарите. Луѓето сакаат да си најдат идентитет. Со отстапки од двете страни, но и од опозицијата, подготвени се за компромис. Господинот Заев рече дека ќе го смени името на аеродромот, ќе ги смени таблите на улиците, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во...

Иванов: Грција да не ја држи Македонија во заложништво за приемот во НАТО

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов порача оти очекува на претстојниот самит на НАТО конечно Македонија да стане членка на Алијансата, а Грција „да покаже свест за она што се случува во регионот и своите себични интереси да не и бидат основа за да не држи во заложништво“. При денешната посета на војниците во касарната Чојлија, тој рече и...

Бошњаковски: Ако се постигне договор за името, ќе се организира референдум

Течат преговорите за спорот со името под закрила на Обединетите нации, но во моментов нема видливо решение, но секако кога ќе биде постигнат договор, ќе се организира референдум, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на новинарско прашање на денешната прес-конференција дали има некаков исчекор во долгиот спор. Прашан дали премиерот Заев ја прифатил поканата на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис да...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...