fbpx
Таг: проблемот со името

таг: проблемот со името

Мета: Албанците и Македонците заедно да најдат решение со Грција

Албанците и Македонците заеднички да го решат прашањето за името со Грција, побара албанскиот претседател Илир Мета по денешната посета на Струга и средбата со градоначалникот Рамиз Мерко, јави Алсат-М. Мета потенцира дека е оптимист дека ќе се дојде до решение пред самитот на НАТО во јули во Брисел. -Името е прашање за кое Македонците и Албанците заедно треба да се...

Ципрас: Грција прв пат решително бара решение за името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер порача дека неговата земја по прв пат на толку решителен начин се обидува да најде заемно прифатливо решение за името, јави Радио Слободна Европа. Според него, Грција во последните години покажала дека треба да игра централна улога во обидот Европската унија во иднина да ја надгради...

Димитров и Коѕијас ги завршиле разговорите со работна вечера

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас вчера во Виена четири часа разговараа за решение на спорот за името, а средбата ја завршиле со работна вечера. По средбата, шефовите на дипломатии на двете земји не дадоа изјави за медиумите. Посредникот во преговорите Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на ОН рече дека имало интензивна...

Заев: Важно е да не бидеме обезличени дома

Многу е важно дома да не бидеме обезличени, да не бидеме обесчестени, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за бугарската телевизија БТВ, коментирајќи ги разговорите за прашањето за името во Грција. Притоа, на прашањето кое име е најприфатливо, не даде директен одговор, но нагласи дека мора да се гледа реално и да се каже дека Македонија е многу поголема...

Нимиц, Димитров и Коѕиас денеска се среќаваат во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас денеска во Виена ќе се сретнат со Метју Нимиц, посредникот во преговорите за името под покровителство на ОН. Како што соопштија од седиштето на ОН во Њујорк, Нимиц ќе им „асистира на двете страни во изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето со името“. Иако вчера еврокомесарот Јоханес...

Димитров, Коѕиас и Нимиц за пет дена на нова средба во Виена?

Медијаторот Метју Нимиц и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, наредната недела на 25 април ќе одржат нова средба во Виена, објавија грчките медиуми, пренесува МИА. На оваа средба, според грчките медиуми, ќе се направат напори да се надминат разликите од средбата во Охрид. За десетина дена по оваа, најверојатно ќе следува уште...

Темелни промени во отворена политичка атмосфера, видел Брисел во Македонија

Во извештајот на Европската Комисија (ЕК) објавен денеска во Брисел, заедно со неусловената препорака Европскиот Совет да почне преговори за зачленување со Македонија, се вели дека земјата конечно ја надмина најсилната политичка криза од 2001 година, со чекорите што од мај лани ги презема новата реформски ориентирана влада за справување со заробувањето на државата, преку постигнувањето баланси, зајакнувањето на...

Димитров и Коѕиас имале „разговор без надмудрување“ и дефинирале временска рамка

Разговаравме за првпат за временската рамка и за чекорите кои ќе следат, доколку се постигне решение, односно како тоа ќе изгледа и ќе се имплементира. Ова беше разговор без надмудрување, со големо разбирање за потребите на другиот. Нашиот главен предизвик е како главните грижи на двете страни да ги составиме и да ја најдеме комбинацијата што ова ќе го...

Коѕиас по средбата со Дачиќ: Направен е чекор напред во преговорите на Грција и Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по денешната средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Белград изјави дека во преговорите на Грција и Македонија за спорот за името е направен чекор напред, како и дека клучот за решавање на проблемот се „реализмот, прагматизмот и сфаќањето дека треба да се направат компромиси“, пренесуваат српските медиуми. - Треба да направиме...

Жбогар: Се интензивираат разговорите за спорот за името

Постои посветеност и дискусиите се интензивираат, што е добро. Со нетрпение ги очекуваме состаноците оваа недела, изјави амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар при денешниот престој во Прилеп, одговарајќи на прашањето како ги оценува последните разговори и средби меѓу Македонија и Грција за решавање на прашањето за името. – Добро е што дискусиите продолжуваат и дека се интензивираат. Гледаме дека...

МАНУ: Апсурдни, неодржливи, невозможни и неостварливи се предлозите за името

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Таки Фити во своето експозе на годишното собрание на академијата апелираше за изнаоѓање заемно прифатливо решение за прашањето за името и ги охрабри властите на Македонија и на Грција да ја преземат одговорноста и храбро да се соочат со реалностите на времето. Tој порача и дека решение за име за сеопшта...

Коѕиас неделава во Скопје со предлогот од седум точки

Нацрт-предлогот за решавање на спорот за името со седум точки, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас ќе го донесе неделава во Скопје, слетувајќи на меѓународниот аеродром „Скопје“, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Според весникот, името, опсегот на неговата употреба, јазикот, идентитетот, трговските марки, кратенките и акронимите се седумте точки што ги содржи нацрт спогодбата. Според „Катимерини“, предлогот за решение е...

Владиката Агатангел нема да го предводи денешниот протест за одбрана на државата

Владиката Агатангел, кој беше најавен како предводник на вечерашниот протест за одбрана на државата и идентитетот на нацијата, негира дека тоа ќе се случи. Во изјава за „Макфакс“ владиката вели дека ќе биде само учесник, а не предводник. Тој за агенцијата рекол и дека секој треба да си ја гледа својата работа. Протестот е организиран од повеќе здруженија кои се...

Коѕиас: Доаѓам во Скопје со план 20 страници, првиот дел за името е готов

Јас претпочитам име што во меѓународни рамки ќе зборува дека тој дел на Македонија е сега делот на ФИРОМ, Скопје, со Албанци и Словени и дека тој дел нема ништо заедничко со грчка Македонија - не сакам да се случуваат забуни, вели Никос Коѕиас, грчкиот министер за надворешни работи во интервју за грчката телевизија „Алфа“. Коѕиас објаснувајќи дека месецов ќе дојде...

Контраспин: Ниту името, ниту „браникот на таковината“ зависат од Агатангел

Две и пол деценискиот спор со Република Грција за името е политички, државен. Владиката Агатангел, се разбира дека може да има став, меѓутоа не може да настапува во име на Македонската православна црква (МПЦ –ОА), а особено не смее да повикува на одбрана на „татковината и на името“ (!), од проста причина што тоа не е црковно прашање. Зачудува и...

МНР за средбата во Виена: Продолжуваат напорите за наоѓање решение

Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН, соопшти македонското Министерство за надворешни работи, известувајќи за денешната средба на личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц со министрите за надворешни работи на  Македонија и Грција. Средбата се одржа во канцеларијата на ОН во Виена. „По конструктивната средба која е дел од напорите за...

Јилдирим: Грција не треба да го диктира официјалното име на друга земја

Турскиот премиер Бинали Јилдирим на прес-конференцијата со својот македонски колега, Зоран Заев, во Анкара порача дека е погрешно Грција да го диктира официјалното име на Македонија, но додаде оти се надева дека двете соседни земји ќе го разрешат спорот во пријателски дух, јави „Асошијетед прес“. - Погрешно е друга земја да го одредува името на една земја - рече тој. Заев...

Груби се сретнал со Нимиц во Њујорк, му рекол дека ДУИ сака достоинствено решение

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, денеска во Њујорк имал работен ручек со посредникот на Обединетите Нации за спорот со името, Метју Нимиц, соопшти кабинетот на собраниската Комисија за европски прашања. На средбата Груби му ги пренел впечатоците од претходните средби во Вашингтон, а разговарале и за процесот за спорот за името. „Ставовите на двајцата премиери вродуваат оптимизам дека решението е...

Јанушев: СДСМ и ДУИ се натпреваруваат кој ќе направи поголема отстапка за името

СДСМ и ДУИ како да се натпреваруваат кој ќе направи поголема отстапка без да се направи проценка за последиците врз највисоките национални интереси, порача денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. - Пратеникот Артан Груби се пофали дека формата на новото име била договорена. Истиот јавно кажа дека на медијаторот ќе му понудел дополнителни идеи кои ги добил, ни помалку,...

Земјата во која живееме со Ахмети има име: Република Македонија

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во интервју за грчки медиум ја даде следната изјава што e невистина, оценува „Вистиномер.мк“: Ние сме земја без име, имаме едно привремено име, ПЈРМ. Во пракса се обидуваме конечно да добиеме нормално име со преговорите што се водат – изјави Ахмети во емисијата „Историес“ на ТВ Скај. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Изјавата на Али Ахмети, пратеник и лидер на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...