fbpx
Таг: приватност

таг: приватност

Конференција „GOT_DATA“: Дискусија за довербата во институциите што ги контролираат личните податоци

Во Приштина денеска започна меѓународната конференција „GOT_DATA“ организирана од организацијата „Опен дата Косово“ (ODK), на тема прифаќање на дигиталната трансформација во регионот, под насловот „Дигиталната агенда, заштита на податоци и доброто управување“. Конференцијата се одвива во хибриден формат, преку физички собир во салата „Вендум“ и преку интернет. Настанот започна со панел дискусија модерирана од извршната директорка на Опен дата Косово,...

МВР со кампања „Кажи не!“ ќе ја зголемува свеста за споделување фото и видео материјали на интернет

Сексуалната злоупотреба на деца на интернет остава далекусежни последици врз жртвата, која мора да живее со сознанието дека фотографиите и видеата добиени преку злоупотреба на довербата може да се шират на интернет во секое време и да бидат достапни за секого. Затоа, во соработка со полициите во регионот и Европол, МВР спроведува кампања чија цел е да им се...

Вистиномер: Училиштата не се отворија за да се собере генетски материјал

Тврдењето дека училиштата се отвораат за „да се собере генетски материјал“ се коси со законите кои се однесуваат на тајноста на здравствените податоци и заштита на правата на пациентите. Споделувањето на ставови со сомнеж за „собирање на генетски материјал“ не е ново и често е присустно кога се споменува вакцинацијата против ковид-19. Овие сомневања доаѓаат во пресрет на најавениот...

Фондацијата „Шеар“ алармира: Србија ќе стане првата земја во Европа со постојан биометриски надзор на граѓаните

Доколку се усвојат одредбите за масовен биометриски надзор, коишто се содржани во нацрт-законот за внатрешни работи, Србија ќе стане првата земја во Европа што спроведува постојан, неселективен надзор на граѓаните во јавниот простор, алармира Фондацијата „Шеар“ од Белград. Во Србија заврши јавната расправа за нацрт-законот, со што веќе е почната официјалната процедура за регулативата за масовниот надзор на јавните простори....

„Гугл Хром“ ги исфрла колачињата, новите ажурирања ќе ги променат правилата на интернет

Гугл Хром
Најраспространетиот интернет прелистувач „Гугл Хром“ (Google Chrome) планира да ги исфрли колачињата од трети страни од својот пребарувач. Се очекува новите ажурирања кои доаѓаат во 2022 година суштински да ги променат правилата на рекламирањето преку интернет, но и да го отежнат следењето на веб активноста на милијарди корисници во светот. „Гугл“ не е прва компанија која од својот прелистувач ги...

Новиот ковид-калкулатор остава отворени многу прашања за приватноста на корисниците

ковид калкулатор
Новиот ковид-калкулатор со кој корисниците можат да си ја пресмета својата т.н. ковид-возраст или колкав е нивниот ризикот од заболување со ковид, иако може да послужи како корисна алатка, остава отворени многу прашања во однос на приватноста на податоците на оние што ќе го користат. Ковид-калкулаторот е изработен од страна на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во соработка...

Нудењето на електронски услуги бара и прецизно утврдување на мерките за заштита на личните податоци

Растечкиот тренд на обезбедување на сè повеќе услуги на државните институции до граѓаните по електронски пат освен што бара доследно следење на технолошкиот развој, унапредување на знаењата и менување на навиките на граѓаните, бара и прецизно утврдување на мерките за заштита на личните податоци на граѓаните, пишува Елена Стојановска, експерт за заштита на личните податоци во својата колумна за Порталб.мк....

СЕЕДиг објави препораки за мобилните апликации поврзани со борбата против ковид-19

Меѓународната мрежа „СЕЕДиг“ посветена на дијалог за управување со интернет во југоисточна Европа (SEEDIG – South Eastern European Dialogue on Internet Governance) објави препораки до владите, здравствените власти и ИТ заедницата со кои дава насоки како да пристапуваат кон дизајнот и користењето на апликациите за следење на ширењето на Ковид-19, а притоа да водат сметка за почитувањето на човековите...

Покана за вебинари за дигитална безбедност за граѓански активисти и медиумски работници

Фондацијата Метаморфозис заедно со ISC Project овој месец организираат два вебинари кои опфаќаат теми за кои сметаме дека се од исклучително значење на невладините организации кои имаат медиумски проекти како и на самите медиуми, а се од доменот на дигитална безбедност. Деталите за вебинарите може да ги погледнете подоле. Доколку сте заинтересирани, пријавете се на следниот линк*: https://forms.gle/Es9GAjrcPQJFH5rC9 *Податоците се прибираат само за вебинарите...

Дали може да им се верува на апликациите за ковид-19?

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Познатиот портал за проверка на фактите polygraph.info анализира едно тврдење на министерот...

Дарко Омерагиќ, новинар од Сараево: Пандемијата го промени животот на сите, посебно на новинарите

 „Навистина не знам зошто некои медиуми отпуштаа новинари, посебно ми е нејасно зошто беа отпуштани добри новинари. Една од причините која ја слушнав беше намалениот приход од маркетингот, но сепак тоа не би требало да биде причина, ако се земе предвид фактот дека медиумите одамна се присутни и со дигитални платформи, кои од своја страна, им овозможуваат приходи од...

Главниот уредник на A2CNN, Узеири: Намалувањето на платите не ги запре новинарите

Ковид-19 во медиумите во Албанија влијаеше на разни начини. Во интервју за Portalb.mk, Елерт Узеири, главен уредник на A2CNN зборува за предизвиците со кои се соочило новинарството за време на пандемијата. Узеири вели дека потешкотиите ги натерале новинарите да ја вршат својата професија на уште поодговорен начин Како ковид-19 го трансформираше новинарството во Албанија? -Oвој период не беше добар, не само од...

Медиумите во време на пандемија, приватност и исклучоци

Балансот помеѓу потребата за професионално и инспиративно известување од една страна и приватноста на заразените пациенти со ковид-19 од друга страна, е еден од новите предизвици со кој се соочени новинарите, а експертите велат дека изборот мора да се направи внимателно. Покрај загрозувањето на личното здравје, со избувнување на пандемијата на ковид-19 медиумите во Косово се соочија со нова ситуација...

„Метаморфозис“: Кои се предизвиците за заштита на приватноста при на мерки за справување со Ковид-19

Мерките кои се преземаат за справување со Ковид-19 се во фокус на владите, јавните и приватните претпријатија, граѓанскиот сектор низ целиот свет. Сосем очекувано, динамичните мерки во голема мера го допираат и прашањето на обработка на различни категории на лични податоци. Законите за заштита на личните податоци, вклучувајќи ја и Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR –...

Приватноста не смее да биде луксуз кој се нуди само на оние кои можат да си го дозволат

Privacy International, со поддршка од повеќе од 50 организации од целиот свет, објави отворено писмо до Sundar Pichai, Извршен директор на Alphabet Inc., мајка фирма на Google со кое бара од Google да преземе мерки против користењето на претходно инсталираните апликации на паметните телефони кои користат Android. Преку оваа иницијатива се испраќа предупредување но и се повикува на акција...

УЈП: Личните податоци од „МојДДВ“ се чуваат единствено во нашиот систем

Управата за јавни приходи испрати реакција на текстот на „Мета.мк“ со наслов „Апликацијата МојДДВ сè уште нема Политика на приватност, од УЈП без одговор”, во која се вели дека „одговор на прашањето за Политиката на приватност која што се однесува на податоците кои што се обработуваат преку користењето на „МојДДВ“ од страна на Управата за јавни приходи е доставен...

„Метаморфозис“: На апликацијата „МојДДВ“ ѝ недостасува Политика на приватност

На мобилната апликација „МојДДВ“ ѝ недостасува Политика на приватност која на лесно разбирлив начин ги објаснува мерките кои Управата за јавни приходи ги презема за безбедност и заштита на личните податоци на граѓаните кои се обработуваат со користењето на апликацијата, велат од фондацијата „Метаморфозис“, која го анализираше аспектот на информираност на граѓаните за обработката на личните податоци со користењето...

Фондацијата “Метаморфозис” и МИОА со ново видео го одбележуваат Денот на побезбеден интернет

Во над 140 земји од светот денеска се одбележува меѓународниот Ден на побезбеден интернет под мотото „Заедно за подобар интернет“. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите, особено за младите. Фондацијата “Метаморфозис” во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го одбележуваат...

ВМРО-ДПМНЕ: Со „отворањето“ на сметките граѓаните ќе станат мета на уцени од власта

Со укинувањето на приватноста на банкарски сметки, власта на Заев дополнително ќе ги оданочува извозниците на интелектуален труд и ја загрозува приватноста на граѓаните. Укинувањето на приватноста на сметките ќе ги направи граѓаните потенцијална мета на уцени, закани и други криминогени дејанија на структури блиски до власта, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, со ова законско решение „СДСМ уште еднаш бескрупулозно...

Елена Трифуновска: Не треба да се меша говорот на омраза со клеветата и навредата

Станува тренд да се пријавуваат дискриминацијата и говорот на омраза во онлајн сферата за да се спречи да се развиваат, но важна е и техничката неутралност. Поточно, колку брзо се развива информатичката технологија, исто толку брзо треба да се развиваат и да се приспособуваат и тие механизми, но едукацијата на корисниците не ја следи секогаш брзината на технологијата, рече,...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...