fbpx
Таг: притисоци

таг: притисоци

ЛДП: Власта во заминување да не си игра со егзистенцијата на вработените во МЖ

Шести ден патничките и товарните возови во Македонија не сообраќаат поради протестот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат исплата на јануарската плата, а штети трпат и патниците и компаниите, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП). Во него се додава дека ова е уште еден доказ дека власта во заминување си поигрува со егзистенцијата на вработените во МЖ...

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести во Охрид, СДСМ предупредува на притисоци

По вчерашните протести на членството и на симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, против, како што велат, притисоците на СЈО, раководството на локалниот разгранок најави дека тие ќе продолжат и во наредните денови. Во меѓувреме, се огласија од општинскиот разгранок на СДСМ во Охрид, од каде, како што велат, ги охрабруваат вработените во јавните институции да не подлегнуваат на паничните реакции на криминалната власт...

„Цивил“: Продолжуваат притисоците врз гласачите, пријавени повеќе од 170 случаи

Во периодот од 5 до 8 декември, граѓанската организација „Цивил“ примила повеќе од 600 повици од граѓани кои биле загрижени за тоа дали ќе имаат можност да го искористат своето право на глас на предвремените парламентарни избори в недела на 11 декември, информираат оттаму. „Цивил“ денеска во 13 часот ќе одржи прес-конференција пред Државната изборна комисија, по која, нивни претставници ќе им...

„Ние одлучуваме“: Граѓаните немаат доверба во институциите кои треба да обезбедат услови за фер и демократски избори

Досега се регистрирани 30 пријави од граѓаните поврзани со изборни нерегуларности и притисоци, соопшти денеска на прес-конференција правниот тим што работи на бесплатната СОС-линија 0800 88 888 за пријава на изборни нерегуларности во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“. Како што соопштија од „Ние одлучуваме“, мнозинството од пријавите се однесуваат на пријави од граѓаните за постоење фантомски гласачи во избирачкиот...

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со притисоци и со заплашувања

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува со злоупотреба на сите државни и јавни ресурси од раководните кадри на владејачката партија за вршење притисоци, заплашувања, повреда на слободата на определување и поткуп врз вработените за изборни цели, вели дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацоски. Кирацоски го истакна последниот случај од Велес, каде родител на носител на листата за пратеници во...

Арсовска-Томовска до ОБСЕ/ОДИХР: Опозицијата користи државни ресурси за партиски цели

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, упати отворено писмо до Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во кое ја критикува опозицијата дека ги користи институционалните ресурси за партиски активности. „Преку дел од медиумите се врши политичко етикетирање на вработените, истите се нарекувани со погрдни зборови („крлежи“, „штетници“, „корумпирана стока“), а институциите „штали“. Ова говори за фактот дека на вработените се гледа...

Спасовски во СВР Тетово: Притисоците врз избирачите да се пријават во МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при денешната посета на Секторот за внатрешни работи Тетово, апелираше секој притисок што се врши врз гласачите од страна на државните службеници во пресрет на престојните избори, навремено да се пријави во Министерството за внатрешни работи. - Истакнав дека ниту еден полициски службеник не смее да се вклучува во политички кампањи, не смее да се...

Кирацовски: За уцени кон администрацијата предвидена е затворска казна до три години

Ве охрабрувам да ги пријавите сите притисоци, заплашувања, повреди на слободата на определување што се поврзани со изборниот процес, рече Александар Кирацовски, дополнителен заменик-министер за информатичко општество, на денешната прес-конференција, на која го најави проектот „Пријави притисок за фер избори“. - Сите неправилности ќе може да ги пријавите анонимно на адресата www.dzm-mioa.mk и на телефонскиот број 02/ 3200955. Целта на овој проект е...

Караџовски се пожали на притисок од медиумите врз судот

Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџовски, денеска на прес-конференција апелираше да престанат притисоците врз судската бранша. Тој речe дека какво било мешање и притисок од медиумите врз судиите е целосно спротивно на барањата на меѓународната заедница во оваа сфера, како и прекршување на меѓународните и на домашните стандарди. Караџовски изјави дека е недозволиво какво било влијание врз судските...

Министерство за финансии: Сумата што неделава се враќа во стопанството е 31 милион евра

„Сумата што Министерството за финансии ја враќа во стопанството неделава врз основа на државни хартии од вредност изнесува 1,915 милијарди денари. На денешната аукција запишани се 1,959 милијарди денари, иако дополнителниот заменик-министер за финансии Наумов во своето соопштение до јавноста вчера тврдеше дека таа сума е за 17 пати повисока од сумата што се враќа во стопанството“, се вели во реакцијата на...

Наумов се сретна со претседателката на ССК, Арсовска

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, денеска се сретна со претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. На средбата се зборувало за актуелните состојби во стопанството и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите членки на Сојузот на стопански комори на Македонија. Наумов бил информиран за проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се однесуваат на надлежност на...

Фармерот Душко Илиевски бара политички азил, полицијата не му издава пасош

Битолскиот фармер Душко Илиевски бара политички азил во една европска држава, бидејќи како што вели, повеќе не може да ги издржи постојаните притисоци, закани и провокации што секојдневно ги трпи како од полицијата, така и од политичките неистомисленици, пренесува „Телма“. Тој, како што вели, кон краот на овој месец договорил прием во една странска амбасада, но се соочил со проблеми,...

Заев на Јуратовиќ: Груевски бега и се плаши од фер избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со германскиот пратеник и член на комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Јосип Јуратовиќ. Како што информираат од СДСМ, на средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија и за решенијата за излез од политичката криза. „На средбата е констатирано дека во Македонија се владее преку политики што не се во согласност со...

Трајановски: СДСМ врши притисок врз судовите

Претставници на Граѓанското движење за одбрана на Македонија по денешниот протест доставија декларација за поддршка до судот, со која, како што рекоа, сакаат да му дадат поддршка на судот и да ги охрабрат судиите да не подлегнуваат на притисоци. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во името на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, од кои поголем број беа присутни на протестот, рече дека...

Кирацовски: Администрацијата во Охрид е уценувана да присуствува на протестот на ГДОМ

Вчера и денеска, во Општина Охрид се вршат масовни притисоци врз вработените во институциите на јавниот сектор, за да присуствуваат на собирот на ГДОМ, вели дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски. „На вработените во јавниот сектор во Охрид им се врши политички притисок и им се закануваат со дисциплински постапки, отказни решенија, слаби оценки преку оценувањето на...

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов нема елементарни познавања од областа

СДСМ повторно лови во матно со лаги и со манипулации, стои во реакцијата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на Петар Атанасов за наводните притисоци во образованието. Од партијата велат дека интерниот министер за образование од редовите на СДСМ нема елементарни познавања за областа што претендира да ја раководи, а доказ за тоа се паушалните прес-конференции, на кои изнесува невистини. „ВМРО–ДПМНЕ чувствува обврска...

СДСМ: Да престанат заканите и притисоците во образованието

Опозицискиот СДСМ денеска на прес-конференција соопшти дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ почнала да врши политички притисоци и предизборна корупција во образованието. - Информациите доставени до СДСМ покажуваат со какви средства се служи власта во заминување во обид да изврши уште една изборна измама. Пред неколку денови од едно средно училиште од Скопје, од страна на МОН, се побарани податоци за учениците што завршиле...

СДСМ: Жените трпат притисоци за да присуствуваат на настан на ВМРО-ДПМНЕ

Општинската организација на СДСМ од Кавадарци ја обвинува владејачката партија дека бара 17 автобуси да бидат наполнети со жени за присуство на годишното собрание на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, в недела, во Скопје. - Соочени со силно „не“ од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз вработените жени во општинската администрација и во други државни институции во Кавадарци, да присуствуваат на...

Трајанов: Власта нишани во Јанева, а пука во судот

Медиумската хајка што деновиве се води против Специјалното јавно обвинителство, според Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз, е насочена и кон судот кој треба да одлучи дали првообвинетиот за случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, ќе биде ослободен од притвор, објави „А1 он“. Тој очекува институциите да ја опструираат работата на специјалната обвинителка и да не соработуваат при обезбедување докази во постапките...

„Средношколски пленум“: Ќе протестираме сè додека не ни ги исполнат барањата

Средношколци денеска се собраа во Градски парк во Скопје, на протест под мотото „Борбата продолжува“. Од „Средношколски пленум“ велат дека барањата им остануваат исти, односно укинување на екстерното тестирање и државната матура да остане иста за веќе запишаните средношколци, а за новите да се формира нов концепт во чие креирање ќе учествуваат засегнати страни. - Единствената средба помеѓу преговарачките тимови на...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...