недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Приштина | 45 резултати

Првите резултати од истрагата за убиството на Ивановиќ се очекуваат денеска

јануари 22, 2018

Приштина најави дека денеска ќе ги објави првите резултати од истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби. Косовскиот обвинител кој ја води истрагата за убиството на Ивановиќ, Шухри Суља, во петокот изјави дека во резултатите се вклучени снимки од безбедносни камери, детали за запалениот автомобил како и форензички докази.

Заев предлага заеднички компании со Косово за струјата, железницата и авиосообраќајот

декември 12, 2017

Македонскиот премиер Зоран Заев на денешната средба во Приштина со бизнисмените од Косово, потсетил дека Македонија и Косово покренале иницијатива за формирање на заедничка економска зона, царинска унија и олеснување на граничните процедури и порачал дека двете земји имаат заеднички интерес за формирање заеднички компании и оператори за менаџирање на енергетската мрежа, железничкиот и авио-сообраќајот, се […]

Дачиќ смета дека треба да има меѓународна конференција за Косово

ноември 5, 2017

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, смета дека е потребно да се организира нова меѓународна конференција за да се најде решение за Косово, што би спречило евентуална војна во иднина. На конференцијата, според Дачиќ, би учествувале ЕУ, САД и Русија. – Србија, која Косово и Метохија исторски ги смета за нејзин нераскинлив дел, […]

Истепан главниот и одговорен уредник на косовскиот портал „Инсајдери“

октомври 13, 2017

Главниот и одговорен уредник на косовскиот портал „Инсајдери“, Вехби Кајтази, бил нападнат денеска во центарот на Приштина. Тој добил тупаници в лице и по нападот побарал лекарска помош. Кајтази вели дека знае кој го нападнал и дека мотивот е тоа што го пишувал, но поради полициската истрага не смее да го открива идентитетот. – Знам […]

Косовски пратеници се степаа во дебатна емисија

септември 29, 2017

Политичката спротивставеност во Косово денеска ескалираше, откако во телевизиска дебата во живо се степаа двајца пратеници. Во емисијата „Инфо Локале“, Фрашер Красниќи пратеник на „Самоопределување“ и Милаим Зека, пратеник на „Иницијатива“ најпрво почнаа жестока расправија, а набргу и започнаа со навреди, по што во еден момент Красниќи фрли вода кон Зека. На тоа, тој одговори […]

Владината програма на Харадинај наиде на остри критики

септември 10, 2017

На вонредната седница на Собранието на Косово, свикана од опозицијата, новата владина програма презентирана од премиерот Рамуш Харадинај наиде на силни критики. Шефот на парламентарната група на Самоопределување, Гљаук Коњуфца, ја критикуваше владината програма, велејќи дека е сигурен дека тоа е дело на самиот премиер Харадинај, бидејќи според Коњуфца се работи за многу сиромашна програма […]

Косово изгласа нова влада

септември 10, 2017

Со 62 гласа „за“, во парламентот на Косово беше изгласана нова влада, предводена од лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај. Владата ја поддржаа партијата на Харадинај, Демократската партија на Кадри Весели, Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај, Алијансата за Ново Косово на Беџет Пацоли, пратеничката група на Србите и онаа на немнозинските […]

Харадинај: Преговорите за Косово мора да бидат само за негово признавање

јуни 13, 2017

Кандидатот за премиер на Косово, Рамуш Харадинај, вели дека досегашната рамка за разговорите меѓу Косово и Србија била погрешна и дека дијалогот мора да продолжи само за една точка – признавање на Косово. Според него, погрешна била одлуката на косовските институции  со Белград да се разговара за внатрешните прашања на Косово. – Дијалогот со Србија […]

Харадинај бара САД да се вклучат во преговорите меѓу Косово и Србија

мај 15, 2017

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, порача дека Брисел очигледно „не може да ја заврши работата меѓу Косово и Србија“ и замоли Вашингтон да интервенира, а ако не го стори тоа, Белград и Приштина да бидат оставени „да си ја завршат работата сами“, пишува српски „Блиц“. – Вашингтон е добар во завршувањето на […]

Во Приштина претепана политичарка и новинарка

мај 13, 2017

Новинарката, и од неодамна член на Демократската партија на Косово, Арбана Џара, синоќа пред полноќ е физички нападната од неколку лица во Приштина. Во тешка состојба била пренесена во Универзитетската болница и според последните информации, нејзината здравствена состојба е стабилна. Џара, која е поранешен главен уредник на приштинскиот весник „Зери“, и претходно добивала закани. Во […]

Столтенберг: Балканот останува приоритет на НАТО, Белград и Приштина да ги смират тензиите

февруари 3, 2017

Балканот беше и останува еден од критичните региони и приоритети на НАТО, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во Приштина. Тој посочи и дека е важно да се спроведуваат договорите што досега се постигнати во дијалогот на Приштина и Белград и истовремено им порача на политичките водачи во Белград и Приштина […]

Вучиќ: Приштина го опструира дијалогот, а ЕУ го толерира тоа

февруари 3, 2017

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, ја обвини денеска Приштина дека ги опструира разговорите во Брисел затоа што не сака да се постигне договор, а за претставниците на Европската Унија рече дека го толерираат тоа. Вучиќ рече дека ЕУ „нема храброст да каже дека Приштина е виновна за кршењето на договорот“. Тој оцени дека на Србија […]

Вучиќ и Тачи разговарале да продолжи дијалогот помеѓу Белград и Приштина

јануари 28, 2017

Српскиот премиер, Александар Вучиќ, разговарал денеска преку телефон со косовскиот претседател, Хашим Тачи, за да продолжи бриселскиот дијалог помеѓу Србија и Косово, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Според пишувања на „Блиц“, Вучиќ и Тачи се договориле Белград и Приштина да го продолжат дијалогот, бидејќи разговорот бил единствен начин за решавање на несогласувањата. „Вучиќ и Тачи […]

Тачи е разочаран од одлуката на Брисел и ги повикува граѓаните на протест

декември 16, 2015

Министерот за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи, ги повика граѓаните на протест пред канцеларијата на ЕУ во Приштина поради вчерашната одлука на Брисел да не ја одобри визната либерализација на државата. Како што јавуваат косовските медиуми, Тачи тврдел дека против одлуката ќе протестираат „два милиони граѓани“ и дека оваа одлука ќе ги доведе во прашање „тековните […]

Косово: Тензична ситуација на улиците на Приштина

декември 14, 2015

Напната е ситуацијата на улиците на Приштина откако приврзаниците на опозицијата со боја и со камења ја нападнаа зградата на собранието, а со контејнери за ѓубре блокираа една од главните улици во центарот на градот. Ситуацијата настана по суспендирањето на одредени пратеници на опозицијата од работата на денешната пленарна седница, што следуваше по активирањето на […]

Вучиќ: Верувам дека до крајот на август, работите со Приштина ќе бидат решени

јули 25, 2015

Александар Вучиќ, премиерот на Србија, денеска изјави дека продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел се очекува тогаш кога ќе биде извесно дека може да се постигне напредок. Тој рече дека денеска во Белград претстојува делегација од Брисел, со која ќе разговара за да се најде решение за примена на договорот со Приштина […]

Попоски: Инфраструктура за интегрирање на Балканот во европскиот проект

март 25, 2015

Бидејќи Европската унија е политичка унија, треба да се применат политички критериуми за поврзување на регионот. Инфраструктурата не служи само за транспорт на стоки и на луѓе, туку и за интегрирање на Балканот во европскиот проект. Тоа го истакна македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во обраќањето на министерската конференција на Западен Балкан „Подобра […]

На протестите во Косово повредени 23 лица

јануари 25, 2015

На протестите во Приштина повредени се 23, а приведени се 20 лица, изјави портпаролот на косовската полиција, Баки Кељани. Неколку илјади граѓани учествуваа на маршот од зградата на владата до собранието на Косово за да го искажат своето незадоволство од положбата на металуршкиот комбинат „Трпеча“ и побарале оставки на министрите Александар Јаблановиќ и Хашим Тачи. […]

Тачи: Могерини треба да учествува во преговорите со Белград

декември 19, 2014

Еврокомесарката за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, треба да се вклучи во дијалогот меѓу Приштина и Белград за тој да биде успешен, рече шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи, во интервју за „Волстрит џурнал“. – Ако сакаме да имаме успех, Могерини треба да биде присутна на состаноците. Таа треба да биде на чело […]

Форум за води во Приштина: Панелист и предавач, Дејан Паноски од Македонија

декември 17, 2014

Во Приштина се одржува „Форум за води“, во организација на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), потпомогнат и од Иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC). Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат (Македонија-Албанија) за заштита на Охридско Езеро, појаснува дека на форумот главни теми се ефикасното […]

Страна 2 од 3