fbpx
Таг: Прилеп

таг: Прилеп

Ученици од Прилеп и годинава вклучени во проектот дуално образование

Ученици од две паралелки од средното стручно училиште „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп, и годинава ќе бидат вклучени во проектот „дуално образование“ по германски терк. Учениците од две струки: техничари за индустриска мехатроника и за производно машинство, покрај редовната настава, ќе извршуваат и практична настава во прилепските компании: „Витаминка“, Гентерм“ и „ВИК“. „Оваа учебна година за профилот техничар за индустриска мехатроника...

Димитров: Ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, нема да ја заслужи придавка „европска“

Ако Европската Унија (ЕУ) дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров од Прилеп, каде ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание. - Една работа ќе кажам. Мислам дека е неевропски предизвик македонскиот јазик да стане...

Јованоски: Состојбата со ковид-19 во Прилеп е сериозна

Состојбата со корона вирусот во Прилеп се влошува. За разлика од месеците јуни и јули, кога подолг период немаше, или имаше по еден заболен дневно, во изминатите два месеца бројот на заразени е зголемен. Во моментот, состојбата со корона вирусот е сериозна, но сè уште не е алармантна. На ова предупредува градоначалникот Илија Јованоски, кој раководи со Кризниот штаб...

Утре во Прилеп изложба на прилепските уметници во Центарот за култура

Утре со почеток во 20 часот, членовите на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп (ДЛУП) на прилепската јавност ќе и ги презентираат делата од годинешната заедничка поставка, кои ќе бидат изложени во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“. „Во најтешките ситуации како што е оваа, каде што за да се одржува духот на човекот неопходно е да се...

Во Прилеп пандемијата ќе се спречува со зголемено полициско присуство и казнени мерки

Преземање засилени заштитни мерки за учениците и наставниците во сите училишта со почеток на новата учебна година. Активно вклучување на училишните одбори и советите на родители со цел доследна примена на заштитните мерки. Засилени редарски служби пред банките и поголемите маркети, со цел да се спречат поголеми групирања. Засилени протоколи, дезинфекција и забрана на влез на потрошувачи без заштитни...

Промени во Советот на Општина Прилеп откако двајца советници станаа пратеници

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на општина Прилеп, Елена Ташкоска, е новоименуван претседател на Советот, на местото на досегашниот Миле Талевски, којшто во новиот собраниски состав ја извршува функцијата -пратеник во редовите во пратеничката група на СДСМ. -Изборот за претседател на Совет на општина Прилеп за мене претставува огромна чест, но и уште поголема одговорност пред граѓаните,...

Кризниот штаб во Прилеп утре ќе заседава поради зголемениот број заболени од ковид-19

Во Прилеп енормно расте бројот на заболени од корона вирус. Само во последните 24 часа се евидентирани 15 нови случаи. Поради зголемениот број на новозаразени, утре ќе заседава општинскиот Кризен штаб со којшто раководи градоначалникот Илија Јованоски. „Активни се 77 случаи, а од нив 63 се на домашно, додека 14 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се 173...

Во Прилеп двојно е зголемен бројот на ковид заразени за само 10 дена

За десет дена, двојно е зголемен бројот на заболени од ковид-19 во Прилеп. Според податоците од Центарот за јавно здравје - Прилеп, во последните 24 часа евидентирани се нови 8 лица со коронавирус, а оздравеле само двајца, така што вкупниот број на заболени изнесува 62, во споредба со состојбата на 14 август, кога активни биле 32 случаи. „Во моментов 62...

На 27 август започнува фестивалот „Џез викенд“ во Прилеп

Со премиерата на филмот „JAZZMAN – The form as a verb” од Велибор Педевски, на 27 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започнува деветтото издание на „Jazz Weekend“. Фестивалот ќе трае до 29 август, а поради актуелната ситуација со ковид-19 пандемијата, бројот на посетители оваа година ќе биде ограничен и според квадратурата на...

„Напред, без да се заборави нашата солидарност и антифашизам“ – нов мурал во Прилеп

Со изработка на муралот насловен „Напред, без да се заборави нашата солидарност и антифашизам“ на фасадата на хотелот „Скопје” во центарот на Прилеп, продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У). Автор на муралот е Ристо Аврамовски во соработка со Владимир Милиќ, Филип Јовановски и...

„Ликовните предели“ од Најденовски се изложени во Прилеп

Четириесетина дела ја чинат тематската поставка „Ликовни предели“ од битолскиот сликар Драган Најденовски, што до 22 овој месец ќе биде изложена во галеријата на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Делата работени во повеќе техники масло на платно, молив на хартија, пастели, маслени пастели комбинирани со молив на хартија се од циклусот „Ливадата на музите“. „Најденовски евидентно во своите...

Фотографирање на ливчиња и физичка пресметка регистрирало МВР на некои гласачки места

Министерството за внатрешни работи (МВР) досега регистрирало неколку изборни прекршоци во текот на денешниот изборен ден низ земјава. Полицијата регистрирала фотографирање на гласачките ливчиња на избирачките места бр.0537 во Дебар, 0755 во село Осој, општина Кичево и 2909 во Скопје. Против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. Исто така, нарушување на јавен ред и мир имало во...

Ахмеди: „Студенчица“ летово веројатно ќе има доволно вода за сите населени места

Ова лето сите општини приклучени на регионалниот водовод „Студенчица“ ќе имаат доволно вода за пиење. Досега изворот има доволни количества вода, а надлежните прогнозираат дека хидролошката состојба и натаму ќе биде поволна, дознаваме од Урим Ахмеди, директор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“. „Досега врнежи има доволно, нема никакви проблеми, и ниту една од општините не се пожалила на проблеми...

Седум вработени во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп се позитивни на ковид-19

Болничарка вработена во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп инфицирала уште шест свои колеги со кои што работела, други болничарки и медицински сестри. Заболената болничарка ги криела симптомите и продолжила да оди на работа. По нејзина хоспитализација, извршено е тестирање и потврдено дека уште 6 други вработени се позитивни на корона вирусот. „Точна е информацијата дека во овој оддел има заболени лица...

Отворен Ургентен центар, реновирано акушерското и амбулантскиот оддел во Прилеп

Денеска во Прилеп е пуштен во работа нов Ургентен центар, реновиранo e акушерскoто oдделение и амбулантскиот оддел во општата болница „Борка Талески“. Со овој проект квалитетна и брза здравствена заштита ќе добиваат не само граѓаните на Прилеп, туку и од поширокиот регион. - Во центарот ќе има амбуланта за преглед на пациенти, просторија за реанимација за згрижување на рани, како...

Се копаат нови бунари во атарот на Канатларци, жителите конечно ќе имаат доволно вода за пиење

Повеќе од три децении над 2.000 жители на прилепското село Канатларци се соочуваат со континуиран недостиг на вода за пиење. Низ годините со свои средства изградиле локален водовод и сами стопанисувале, но сепак не успеале да ги решат проблемите со водата како елементарен услов за живот. Дареживоста од 2,5 литри вода во секунда на единствениот бунар ископан во атарот...

На 612 прилепски семејства доделени им се 4,5 милиони денари еко-субвенции

Стасани се парите на личните сметки на 612 прилепски домаќинства кои аплицираа на јавниот повик за субвенции на дел од трошоците за набавка на клима уреди и велосипеди, согласно критериумите од јавниот повик на Општина Прилеп, а со цел да се намали аерозагадувањето во градот и да се подигне еколошката свест и совест кај граѓаните. „Со издвојување на 4,5 милиони...

По рамазанските празници во Прилеп повторно ќе стартува јавниот превоз

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Општинските власти најавуваат дека од вторник во Прилеп повторно ќе сообраќаат автобусите за градски сообраќај, заедно со неделната вонредна линија. - По продолжениот празничен викенд, од вторник ќе се воведе јавниот градски превоз со примена на сите заштитни протоколи. Воедно од сабота ќе биде отворен градскиот зелен пазар од 7 до 15 часот - најави денеска прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Прилеп...

Прилепските занаетчии претрпеа огромни штети поради состојбата со корона вирусот

Околу 350 самостојни занаетчии од Прилеп претрпеа сериозни штети поради пандемијата со корона вирусот. Дел од дуќаните сè уште се со катанци на вратите, а голем број занаетчии кои и претходно не можеа да врзат крај со крај, два месеца немаат никаков приход. „Пандемијата предизвика сериозни штети, бидејќи ситуацијата со корона вирусот ни наметна сосема нови услови за живот. И...

ЦЈЗ Прилеп: Дезинформације е тврдењето дека населбата „Тризла“ е жариште на корона вирусот

Центарот за јавно здравје - Прилеп ги демантира дезинформациите објавени од страна на општинскиот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во населбата „Тризла“ се појавиле повеќе позитивни случаи на корона вирусот. Од Центарот за јавно здравје потенцираат дека во оваа населба има само седум регистрирани случаи од вкупно 193 во општина Прилеп. - Петмина од седумте заболени од Ковид-19 во населбата...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...