fbpx
Таг: пријави

таг: пријави

СЈО: Отворени истражни постапки за Јанкулоска, Јанакиески и за Божиновски за фалсификување на изборите

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска одржa прес-конференција на која ја најави првата акција под името „Титаник“. Во неа, како што информираа од Специјалното обвинителство, биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против секретарот на Владата, Кирил Божиновски, за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на гласање, поткуп и за уништување...

Пет албански и седум македонски државјани фатени во нелегален риболов на Охридско Езеро

Повеќе рибарски мрежи, во вкупна должина од околу 500 метри, близу 30 килограми разна риба и стотина примероци риболовен алат, прибор и друга опрема биле пронајдени и одземени од патролните екипи на полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, информира МВР. Според Министерството, во неколку одделни акции, на околу еден километар од граничната линија во близина на Радожда, во македонските територијални...

Двајца малолетници од Скопје и од Гостиварско пријавени за исчезнати

Триесет и двегодишна скопјанка вчера, во полициската станица Чаир, пријавила дека во саботата од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот 13-годишен син. Утрово околу 5.40 часот во полициската станица Гостивар, Ш.А.(78) од селото Беловиште, исто така, пријавил дека вчера околу 13 часот, од дома во непознат правец се оддалечил неговиот 15-годишен внук. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на малолетниците.

Матурата ќе се полага, наставата ќе се бојкотира, пред МОН ќе се протестира

Матурантите кои протестираа и ја бојкотираа наставата ќе ги пополнат пријавите за државна матура, но нема да го прекинат бојкотот на наставата. Тие велат дека пријавите ги потпишуваат од технички аспект, чисто формално, но остануваат на барањата затоа што не е постигнат компромис со надлежните. За наредните три дена најавија протести, кои ќе почнат во 17 часот пред Министерството за...

На СОС-линијата на Општина Тетово, 111 пријави за аерозагадување

На телефонската СОС-линија на Општина Тетово, која беше воведена минатиот месец, досега има пријавено 111 случаи на аерозагадување. За поголем дел од случаите, тетовскиот инспекторат не постапил затоа што пријавите се однесуваат за територија надвор од Општина Тетово. Педесетина пријави се за Општина Боговиње, а 40 случаи се однесуваат на Јегуновце. За шест случаи од останатите дваесетина пријави, формирани се предмети и по сите...

УЈП ќе прима пријави и в сабота и в понеделник

Управата за јавни приходи информира дека поради тоа што 15 март, до кога треба да се поднесе годишна даночна пријава, паѓа во неработен ден, пријави ќе примаат и на 16 март (понеделник). Регионалните дирекции и даночните одделенија ќе работат и в сабота до 14 часот. Веќе од вторник, 17 март, ќе можат да се поднесуваат и исправки на поднесените годишни...

Малолетничка и 21-годишно момче пријавени за исчезнати

Дваесет и едногодишен скопјанец и 14-годишно девојче вчера и завчера, во два одвоени случаи, биле пријавени за исчезнати од нивните родители, соопшти полицијата. Според пријавата на В.Ј. (54), неговиот син А.Ј., на 23 јануари, околу 16 часот, се оддалечил од дома во непознат правец. Синоќа, околу 23 часот, скопјанката А.А. (39), во полициската станица пријавила дека истиот ден од дома во...

Малолетна скопјанка и средовечен тетовец пријавени за исчезнати

Родител од Скопје вчеравечер во полициската станица Бит Пазар ја пријавил својата 16-годишна ќерка за исчезната, информираат од полицијата. Според пријавата на Н.Ј. (43), истиот ден неговата ќерка А.Ј. се оддалечила од дома во непознат правец. Вчера и 26-годишната тотовка В.А. пријавила дека утрото околу 9.30 часот нејзиниот татко Р.К. (56) излгол до дома и не се вратил. Полицијата презема мерки за...

Полицијата запленила петарди во повеќе градови

Полицијата, во три одделни случаи, во Делчево, Радовиш и во Струга, вчера и завчера запленила поголемо количество петарди, информираат од МВР. Делчевската полиција, вчера, при претрес на домот на жител на градот, пронашла и запленила вкупно 5.632 петарди. Нивните колеги од Радовиш, во понеделникот, по преглед на возило со бугарски регистарски таблички, што го управувал радовишанец, заплениле 6.460 парчиња петарди. Вчера, пак,...

СВР Битола во акција против незаконското играње комар

Екипи на СВР Битола завчера, по добиени информации за недозволено организирање и играње комар, извршиле контроли на шест локации во Битола и во Прилеп и во пет откриле неправилности, информира МВР. При контролата, во три објекти полицијата затекнала 11 лица како играат комар и запленила разновидни предмети, од кутии за жетони, карти, зарови до пари, 20 евра и околу 46.000...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...