fbpx
Таг: пријава

таг: пријава

Уште 40.000 граѓани се очекуваат да пријават данок – рокот истекува утре

Утре истекува рокот за поднесување на годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход, за приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2016 година, соопштуваат од Управата за јавни приходи (УЈП). - Во текот на вторник и на среда се очекува околу 40.000 граѓани да ја исполнат својата обврска. Според последните податоци, најмногу пријави се доставени во Скопје...

Починато лице пронајдено на булеварот Св. Климент Охридски во Скопје

С.П. пријавил дека на булеварот Св. Климент Охридски, го пронашол починат В.М. (1947) од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција. Увид на местото каде што е пронајден починатиот извршила екипа од СВР-Скопје.

Полицијата го пронајде исчезнатото девојче од Гази Баба

Петнаесетгодишното девојче од Скопје кое било пријавено за исчезнато, било пронајдено и предадено на родителите, информираат од МВР. Во вчерашниот билтен на полицијата пишуваше дека исчезнувањето на девојчето во полициската станица Гази Баба било пријавено од страна на нејзината сестра, според која, девојчето отишло на училиште и не се вратило дома.

Петнаесетгодишно девојче од Гази Баба заминало на училиште и не се вратило

Во полициската станица во Гази Баба, М.Н. (20) од Скопје пријавила дека на 27 јануари, во 6 часот, од дома во непознат правец се оддалечила нејзината петнаесетгодишна сестра. Таа, според пријавителката, отишла на училиште и не се вратила дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Цимерот на бездомникот од Битола е осомничен за неговото убиство

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.А. (53) од Битола, поради постоење основан сомнеж дека извршил убиство. Настанот се случил во текот на ноќта помеѓу 24 и 25 јануари, во неутврдено време, при што пријавениот со употреба на физичка сила и тврди предмети, на свиреп и подмолен начин, му нанел повеќе повреди по целото тело и на тој начин го лишил...

УЈП ги продолжи роковите за поднесување даночни пријави и извештаи

Роковите за поднесување на даночните пријави и на годишните даночни извештаи се продолжуваат за пет работни дена, информираат од УЈП. Оттаму велат дека роковите се продолжени во согласност со Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување даночни пријави и извештаи преку системот „е-даноци“. За ДДВ-04 пријава, крајниот рок за поднесување, 25 јануари, се продолжува за пет работни дена, односно до 1...

„Бомбите“ на СДСМ ги отстранил корисникот што ги блокирал и видеата од „Шарената револуција“

Седумнаесетте „бомби“ избришани од официјалниот канал на СДСМ на „Јутјуб“ биле отстранети по пријава од „ОМД Нетворк“, истиот корисник што претходно бараше да се отстранат видеозаписи и снимки на „Нова ТВ“ од „Шарената револуција“ и од студентските протести објавени на „Јутјуб“, пишува  „Нова ТВ“. Сепак, како што нагласува, по аргументација испратена до „Јутјуб“, видеоснимките биле вратени. „ОМД Нетворк“ е истиот корисник што досега редовно ги...

Повредата на избирачкото право граѓаните да ја пријават кај Народниот правобранител

Граѓаните утре, на денот на изборите, ќе можат да пријават повреда на избирачкото право во седумте канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, информираат од кабинетот на Народниот правобранител. - Народниот правобранител истакнува дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека...

Амбасадата на САД без телефонски линии – пријавено возило позитивно на експлозив

Американската амбасада во Македонија синоќа преку социјалните мрежи соопшти дека телефонските линии ѝ се надвор од употреба и во итни случаи, граѓаните на САД во Македонија да го контактираат американскиот Стејт департмент. „Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го оперативниот центар на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512“,...

Спасовски: Пријавен е случај на нудење поткуп од ВМРО-ДПМНЕ за гласање на изборите

Двајца граѓани на Прилеп пријавиле случај на нудење поткуп во име на ВМРО-ДПМНЕ заради добивање глас на изборите закажани на 11 декември, изјави денеска министерот за внатрешни работи и носител на листа од СДСМ во изборната единица 2, Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на СВР-Битола и на полициската станица во Прилеп. Спасовски соопшти дека во врска со случајот...

Исчезна 17-годишна девојка од струшко Корошишта

Исчезнала 17-годишна девојка од струшкото село Корошишта, а случајот во СВР Струга го пријавил жител од селото Делогожда. Девојката се упатила во непознат правец од домот на нејзиниот дедо. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Полициски службеник измамил турски државјанин

Единица за имотни деликти на СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје гo предаде М.И.(44) од Скопје, поради основи на сомнение дека во својство на униформиран полициски службеник, вработен во полициска станица Бит Пазар, заедно со Н.А.(25) од Скопје, извршиле измама, а првопријавениот сторил и злоупотреба на службената положба и овластување за противправно да стекне имотна корист од 500...

Судијата Иван Џолев поднел кривична пријава против колега од Кривичниот суд Скопје

Судијата Иван Џолев од Основниот суд Скопје 1 поднел кривична пријава против судија од истиот суд, за кривично дело поврзано со вилијание врз судија, за да преземе одделни незаконски дејства, пишува „Дојче веле“. „Поради сензитивноста на ситуацијата, нема да го откријам идентитетот ниту, пак, ќе ги кажам иницијалите на судијата против кој ја поднесувам кривичната пријава. Сепак, сметам дека е потребно...

Граѓаните од поплавените подрачја и денеска можат да се пријават за исплата на аванс

Граѓаните од поплавените подрачја и денеска може во Министерството за финансии да ги пријават деловните банки во кои сакаат да им биде исплатен авансот. Владата одлучи семејствата од поплавените подрачја да добијат по 30.000 денари аванс, а вкупното авансно обесштетување ќе изнесува 2,5 милиони евра. Од Министерството за финансии посочуваат дека сите лица кои беа евидентирани од Комисијата за проценка на...

64-годишен маж извршил полов напад врз четиригодишно девојче во Гостивар

На 19 август во Полициската станица -Гостивар, 33-годишно лице од Гостивар, пријавило дека бил извршен полов напад над неговата четиригодишна ќерка, од страна на Д.В. (1952) од Гостивар, на тој начин што откако го повикал девојчето во неговиот дом да го види аквариумот кој го поседувал, и рекол да му седне во скут, по што извршил полови дејствија врз девојчето. Во...

Парични казни за 300 штипјани оти заборавиле да пријават дека платиле данок

Парични казни од 100 евра треба да платат околу 300 штипјани, главно издавачи на станови, кои платиле данок, но не пријавиле дека го сториле тоа. Тие, главно поради неинформираност, не поднеле аконтативна даночна пријава, со која се пријавува дека е платен данокот на остварениот приход. На нивните домашни адреси деновиве почнале да пристигнуваат решенија со кои се казнуваат поради тоа што...

Мајка го пронашла синот починат во стан во Скопје

Вчера, околу 18 часот, С.К. (70) пријавила дека на булеварот Партизански oдреди во нејзиниот дом го пронашла починат нејзиниот син Александар К. (44). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.  

Општина Центар ја пријави ВМРО-ДПМНЕ за гласната прослава за распуштањето на Собранието

Општина Центар денеска поднела пријава против ВМРО-ДПМНЕ поради нарушување на јавниот ред и мир со гласната прослава на синоќешното распуштање на Собранието, во седиштето на партијата. Од Општината денеска соопштија дека ноќеска голем број граѓани, жители на Центар, пријавиле дека се вознемирени од бучавата и од гласната музика што доаѓала од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. „Надлежните од општинскиот сектор за инспекциски работи излегоа...

Во куќа во Ваксинце откриени 77 мигранти

Вчера попладне, околу 17.30 часот, во Секторот за вантрешни работи Куманово мигрант пријавил дека бил нападнат од непознато лице во куќа во селото Ваксинце, кое го удирало по главата и му барало пари, информираат од МВР. Мигрантот пријавил дека успеал да побегне, но во куќата останало неговото семејство. Полициска екипа заминала на местото, каде бил извршен разговор со мигрантот, но...

Досега поднесени 184.182 годишни даночни пријави до УЈП

До Управата за јавни приходи досега се доставени вкупно 184.182 годишни даночни пријави, а очекуваат да бидат поднесени 400.000 пријави. Граѓаните треба да поднесат годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во текот на 2015 година, до 15 март 2016 година. Годишна даночна пријава (ГДП) задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска, односно самостојна дејност, приходи...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...