fbpx
Таг: приходи

таг: приходи

Патарините се мал дел од инвестициите – патиштата ги градиме од кредити (инфографик)

Најголем дел од средствата што се инвестираат во патната инфраструктура во земјава се средства добиени од кредити. Дури 57,4% од средствата во годинешниов буџет на Јавното претпријатие за државни патишта се позајмувања од кинеската Ексим банка, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Светската банка (СБ) и Европската инвестициона банка (ЕИБ). Наспроти нив, само 15,4% од вкупните приходи планирани...

Приходите од патарините пораснале за 130% во последните осум години (инфографик)

Патарините се златната кокошка на Јавното претпријатие за државни патишта. Во последните 8 години приходите од патарини пораснале за 130%. Откако се зголеми цената за овој надоместок во јули 2014 година, ова претпријатие бележи забрзан раст на средствата што ги добиваат од граѓаните за користење на автопатите. За само 5 години, финансиите од наплата на патарина се зголемени за...

Тевдовски: Буџетот е во одлична кондиција, приходите се согласно планираното

Во буџетот има пари да се рализираат сите проекти кои се проектирани со него, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски, по потпишувањето на договорот со Светска банка во Министерство за финансии. „Приходите се согласно планираното. Наплатата оди одлично. Ребаланс се прави секогаш кога има потреба од тоа, состојбата се следи и кога ќе има одлука за ребаланс јавноста ќе знае“,...

Банките со рекордни профити, странци го собираат кајмакот

Банкарскиот систем во земјава лани остварил добивка од работењето во износ од 8,4 милијарди денари или околу 136 милиони евра, што во споредба со претходната година е зголемување за 27,4 отсто, покажува најновиот годишен извештај за ризиците во банкарскиот сектор на Народната банка. Најголема причина да бидат задоволни од ваквите резултати се сопствениците на банките, од кои мнозинство се акционери...

ЕЛЕМ оствари добивка од речиси 30 милиони евра лани

ЕЛЕМ лани заврши со добивка од 29.827.097 евра, што ја прави 2018-та, најуспешна финансиска година од постоењето на компанијата, информираат од таму. „Големата добивка пред се се должи на ефикасното работење на АД ЕЛЕМ, но и на одлично изведените и синхронизираните продажби на вишоци на електрична енергија со просечна цена за околу 50 проценти повисока од регулираната цена на електрична...

УЈП ќе ги доставува претпополнетите годишни даночни пријави од 1 април

Управата за јавни приходи (УЈП) ќе почне да им ги доставува на граѓаните претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот на 2018 година од почетокот на наредниот месец, информираат од таму. „ До минатата година граѓаните за остварени приходи во претходната година ја доставуваа годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи, а со реформата што беше спроведена...

Буџетот за 2019 денеска на пленарна седница во Собранието

Повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда и зачленување во ЕУ и НАТО.  Ова се клучните цели и приоритети на Владата, што е рефлектирано и во предлог-буџетот за 2019 година, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски во експозе на предлог-буџетот на пленарната седница во Собранието. Вкупните приходи на буџетот...

Пензионерите кои имаат приходи само од ПИОМ, не треба да се регистрираат во УЈП

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска информираше дека 300.000 граѓани се регистрирале преку системот е-регистрација, но и дека обврската за пензионерите се одложува до 2024 година, доколку нивните приходи се само од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. „Со новиот закон за личен доход се предвидува, во наредните седум години да се одложи обврската за доставување на годишна...

Новиот буџет е планиран на 3,7 милијарди евра, дефицитот на 2,5 проценти од БДП

Предлог-буџетот за 2019 година тежи 3,7 милијарди евра, а главните контури на овој значаен документ денеска беа презентирани на јавна дискусија со синдикатите, коморите и невладиниот сектор во Министерство за финансии, пред тој да влезе во владина процедура неделава. Буџетот за 2018 година изнесуваше 3,4 милијарди евра. Вкупните приходи во 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, (3,4 милијарди евра),...

Секое трето државно претпријатие лани ја завршило со загуба

Анализата на финансиските резултати на компаниите во државна сопственост што ја изработи Центарот за граѓански комуникации според податоците за 2017 година, преземени од Централниот регистар, покажува дека профит оствариле 86 државни фирми, додека загуба имало кај 36 државни претпријатија. Тоа значи дека секое трето државно претпријатие лани ја завршило со загуба. Профитот изнесува 141 милиони евра додека загубите 30 милиони евра....

Експерти од Светска банка прават анализи ќе понудат различни модели на оданочување

Светска банка смета дека Владата оди во добра насока со заложбите за воведување на прогресивен данок, имајќи ги предвид податоците за приходната страна на буџетот. При презентацијата на редовниот економски извештај за Западен Балкан, на новинарско прашање, дали Светска банка смета дека прагот од 1.000 евра за воведување на прогресивен данок е добар,  директорот на Канцеларијата на Светска банка во...

ММФ: Инфраструктурата е пречка за побрз економски развој на земјите од Западен Балкан

Анализата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) покажува дека, недостатокот на основна јавна инфраструктура на земјите од Западен Балкан е значителна пречка за побрз економски развој. „Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија имаат недоволно развиена транспортна, енергетска и телекомуникациска мрежа во однос на просекот на Европска унија. Западен Балкан заостанува зад европскиот просек кога се работи и...

Околу 70.000 работници од 80 компании во Германија штрајкуваат за повисоки плати

Околу 70.000 работници во Германија од 80 компании, помеѓу кои и „Фолксваген“, „Форд“, „МАН“ штрајкуваат, а до утре, бројката на компании во кои работниците ќе прекинат со работа ќе се зголеми на 260, јавуваат германските медиуми. Синдикатот на работниците „ИГ метал“ бара зголемување на платите од осум проценти за 3,9 милиони работници во металскиот и инженерскиот сектор. Штрајковите, компаниите би можеле да...

Хотелите да се пријават на повикот за да примаат работници со ниски приходи

Министерството за економија ги повикува заинтересираните хотели во Македонија да се пријават на јавниот повик за организиран одмор на работници со ниски приходи. „Право на учество имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување. Тие треба да достават пополнет образец на барање за пријавување“, се вели во повикот на Министерство за економија. Во него се додава дека по реализација на организираниот одмор, угостителските...

СДСМ: 3.000 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок од 7.596 денари

Отстранети се сите пречки и наскоро ќе биде донесен законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како законот за стечајци, се вели во утринското соопштение на СДСМ. Во него се додава дека „со оваа мерка ќе се реши проблемот со статусот на стечајните работници и ќе се исправи...

2,3 милиони евра од ЕУ за подобрување на услугите на општините

Европската Унија ќе ѝ помогне на Македонија со 2,3 милиони евра за проектот „Унапредување на општинското владеење“. Проектот ќе се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии и општините во текот на наредните 30 месеци. „Европската Унија континуирано ѝ помага на земјата во процесот на градење на...

Тевдовски: Целта на ребалансот на буџетот е да се намалат непотребните трошоци

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на денешната расправа за ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека основнa цел на ребалансот e да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада. - Ребалансот не е нов буџет, туку прилагодување на тековниот буџет. Поради тоа, за реализацијата на неговата основна цел,...

СДСМ: Новата влада ќе преиспита за што биле потрошени 34,7 милиони евра во јануари

Новата одговорна влада ќе ги преиспита сите нетранспарентни трошења на парите на граѓаните од буџетот, вклучувајќи ги трошењата на власта во заминување во јануари годинава, за време на нејзиното техничко функционирање, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата велат дека „според, извештајот за извршување на буџетот за јануари 2017 година, владата во заминување потрошила 34,7 милиони евра повеќе од...

Блогер доби кривична оти не пријавил 33.712 евра приход

Струмичанец стар 54 години доби кривична пријава од СВР Струмица бидејќи не пријавил приход од блогирање во износ од 33.712 евра, односно не платил персонален данок за тие пари, извести СВР Струмица. Пријавениот се товари за даночно затајување, за приходи од 2.073.315 денари остварени во 2015 година, кои ги добил од странство преку сервис за брз трансфер на пари. Не...

Возовите и денеска не сообраќаат, состојбата со МЖ останува статус кво

Патничките и товарните возила седми ден не сообраќаат поради протестот на вработените во претпријатието „Македонски железници“, кои бараат исплата на јануарската плата. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, вчера апелираше МЖ да продолжат со работа истакнувајќи оти така ќе може да ги исполнат законските можности за да бидат префрлени дополнителните средства и за да се реализираат договорените обврски што ги имаат...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...