недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: приговори | 65 резултати

Истече рокот за поднесување тужби на партиите до Управниот суд

декември 19, 2016

Ноќеска на полноќ истече рокот за поднесување тужби од политичките партии до Управниот суд во врска со одлуките на Државната изборна комисија за приговорите за текот на гласањето на изборите на 11 декември. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на жрепка, во рок од 48 часа, на јавна седница […]

ДИК го одби и последниот приговор на СДСМ

декември 17, 2016

Со четири гласа „за“, четири „против“ и еден воздржан, ДИК вечерва го отфрли приговорот на СДСМ за гласачкото место 2011 во Теарце, во шестата изборна единица. За одлуката не гласаше претставникот на ДУИ во ДИК, Субхи Јакупи, кој претходно рече дека експертите треба да одлучат за последниот предлог и се иззеде од гласањето. Согласно Изборниот […]

Тече рокот за тужби на партиите до Управениот суд

декември 17, 2016

Тече 24-часовниот рок за тужби по решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). Од ДИК синоќа најавија дека правната служба на комисијата ќе ги подготви и ќе им ги достави Беса и на коалицијата предводена од СДСМ решенијата за 13 приговори за кои веќе донесе одлука. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани […]

ДИК денеска ќе одлучува за последниот приговор на СДСМ

декември 17, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе продолжи да расправа за последниот приговор на коалицијата предводена од СДСМ за избирачкото место 2011 во Теарце, во шестата изборна единица. Според приговорот, на ова гласачко место, на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на крајот при пребројувањето на гласовите било најдено во избирачката кутија. […]

ДИК отфрли уште еден приговор на СДСМ, а за последниот ќе одлучува утре

декември 16, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва едногласно го отфрли приговорот на СДСМ кој се однесуваше на постапката за утврдување на резултатите од гласањето на избирачкото место 2016, a последниот приговор на СДСМ, како што соопшти претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, ќе биде разгледуван утре, на седница закажана за 11 часот. – Ви соопштувам дека ДИК вечерва […]

Тодоров: ДИК испраќа невини луѓе во затвор заради политичките амбиции на СДСМ

декември 16, 2016

„Со незаконската одлука за графолошко вештачење не само што Државната изборна комисија (ДИК) активно се вклучи во фалсификување на волјата на народот, туку испраќа во затвор невини луѓе само за да ги задоволи политичките амбиции на СДСМ“, изјави денеска на прес-конференција носителот на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, Никола Тодоров. – Со […]

Амбасадата на САД повика процесот на приговори за изборите да се одвива законски

декември 16, 2016

Политичките партии треба да овозможат процесот на приговори за резултатите од предвремените парламентарни избори од 11 декември да се одвива во согласност со законот, изјавија од Амбасадата на САД, на прашањето на „Мета“ како ги коментираат синоќешните вербалните напади врз странски дипломати во Македонија, говорот на омраза и апелите за линч. – Ова беа тесни избори […]

ДИК досега отфрли два приговори на СДСМ за неправилности при гласање

декември 15, 2016

Државната изборна комисија ги отфрли приговорите на СДСМ за избирачките места 2.010 и 2.025 кои се во шестата изборна единица во општина Теарце. Приговорите за овие избирачки места се однесуваат на преправани записници, како и на несовпаѓање на бројките на гласачите со распределбата на гласовите. Членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев, истакна дека записникот […]

ДИК го бара записникот од гласачко место 2.011 да утврди кога исчезнало гласачкото ливче

декември 15, 2016

Државната изборна комисија почна да постапува по приговорите на СДСМ за гласањето на одредени избирачки места и долго расправа по првиот, од вкупно осумте приговори, кој се однесува на избирачко место број 2.011 во шестата изборна единица. На ова гласачко место, според приговорот на СДСМ, на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на […]

ДИК одби седум приговори на Беса, за осмиот ќе одлучува дополнително

декември 15, 2016

Државната изборна комисија одби седум, а дополнително ќе одлучува по осмиот приговор од Движењето Беса за текот на гласањето и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември, по што членовите на комисијата заминаа на пауза за ручек од еден час. Во последниот приговор, […]

Во тензична атмосфера, членовите на ДИК отфрлија два приговори од Беса

декември 15, 2016

Државната изборна комисија во тензична атмосфера и со постојани препирки меѓу членовите, одбија два од осумте приговори поднесени од Движењето Беса. Првиот приговор за избирачко место во општина Арачиново беше одбиен затоа што од Беса не доставиле докази пред истекот на рокот. Да не го прифатат приговорот, членовите на ДИК одлучија со седум гласа „против“ и со […]

ДИК денеска ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

декември 15, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи јавната седница на која Комисијата ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. „Државната изборна комисија ве известува дека во големата сала на ДИК (централа во […]

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не влегува во сценарија за постизборен инженеринг

декември 14, 2016

„ВМРО-ДПМНЕ внимателно и одблиску, со крајна сериозност и загриженост ја следи работата на Државната изборна комисија и најновото одложување на одлучувањето по апсурдните приговори од страна на СДСМ и на Беса“, се вели во соопштението од партијата, чиј извршен комитет денеска одржал седница на која било разговарано за „актуелната политичка состојба и постојаното одолговлекување на […]

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола излегоа на улиците да ја чекаат одлуката на ДИК

декември 14, 2016

Стотици членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ од Битола попладнево околу 16 часот се собраа пред зградата на општинскиот комитет на партијата, во центарот на градот, поради, како што велат, нивниот гнев од непризнавањето на изборните резултати од страна на опозицијата. Портпаролката на битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Марковска, вели дека членството и симпатизерите на партијата […]

ДИК утре ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

декември 14, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) за утре ја закажа седницата на која треба да расправа и да одлучува по приговорите од партиите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Во ДИК сè уште го немаат утврдено времето кога ќе се одржи седницата и велат дека за тоа дополнително ќе информираат. […]

Партиите до ДИК доставиле 16 приговори, СДСМ и Беса по осум

декември 13, 2016

До државната изборна комисија поднесени се 16 приговори кои се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември, но и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите. – СДСМ и партијата Беса поднесоа по осум приговори. Приговорите на Беса се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Гази Баба и Липково, […]

ДИК: Рокот за приговори истекува денеска во 19 часот

декември 13, 2016

Приговорите за постапката за гласање, политичките партии можат да ги поднесуваат најдоцна до 19 часот денеска, соопшти попладнево Државната изборна комисија. „Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето […]

Заев: Груевски не смее да формира влада

декември 13, 2016

Режимот на Никола Груевски не смее да формира влада, истакна попладнево на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и ги повика партиите чии кандидати добиле пратенички манданти да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ за нова влада. – Поразивме режим со пенкало и со глас. Режимот не смее да формира влада. Ги повикувам сите партии што добија мандат […]

Полицијата чува 3.570 вреќи со избирачки материјал во Клубот на пратеници

декември 12, 2016

Во Клубот на пратеници, под силно полициско обезбедување се наоѓаат 3.570 вреќи со избирачки материјал. Синоќа по завршувањето на изборите, па сè до денеска, вреќите со избирачките ливчиња и другиот материјал за гласање од сите гласачки места се носат во Клубот на пратеници, каде што комисија на ДИК прави записници. Долж булеварот Теодосиј Гологанов има голем […]

Чичаковски: До 17 часот излегле 60,38 проценти од гласачите, имало 335 приговори

декември 11, 2016

До 17 часот излегле на гласање 60,38 проценти од гласачите на ниво на државата, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски. – Во изборна единица 1 излегле 66,38 проценти од гласачите, во ИЕ 2 – 59,89 проценти, во ИЕ 3 – 64,90 проценти, во ИЕ 4 – 67,15 проценти, во ИЕ 5  – 58,46 проценти, а […]

Страна 3 од 4