недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: приговори | 65 резултати

ДИК отфрли еден приговор на ВМРО-ДПМНЕ, друг предизвика жестока дискусија

октомври 19, 2017

Државната изборна комисија денеска едногласно го офрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ, со кој партијата бараше да се поништи гласањето на две избирачки места во Прилеп, поради тоа што копиите од записниците не одговарале на оригиналот. ВМРО-ДПМНЕ ги достави копиите со приговорот, а ДИК откако го провери ориганалот од општинската изборна комисија, заклучи дека копиите и оригиналите […]

ВМРО-ДПМНЕ повлече три приговори за локалните избори од 43 доставени до ДИК

октомври 19, 2017

На почетокот на денешната седница на ДИК, на која треба да се расправа за приговорите за локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата за Албанците, ТМРО и од Левица, седницата беше бргу прекината затоа што ВМРО-ДПМНЕ повлече три приговори од вкупно 43 што ги поднесе до ДИК. Како што објаснија претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, тие повлекуваат приговори и […]

ДИК денеска ќе ги разгледува приговорите и ќе одлучува по нив

октомври 19, 2017

Државна изборна комисија на денешната седница, која ќе почне во 10 часот, ќе ги разгледува приговорите и ќе одлучува по нив. ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. На седницата вчера, ДИК го усвои извештајот за поднесените приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите. До Државната изборна […]

ДИК го усвои извештајот, приговорите ќе се разгледуваат утре

октомври 18, 2017

Државна изборна комисија на денешната 158. седница го усвои извештајот за поднесените приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите. Од таму информираат дека разгледувањето на приговорите и одлучувањето по нив, ќе биде утре на седницата која е закажана во 10 часот. ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа […]

ДИК денеска ќе се занимава со извештајот за приговорите

октомври 18, 2017

Со почеток во 18 часот, Државна изборна комисија денеска ќе ја одржи 158. седница, на која ќе го разгледува извештајот за поднесените приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите. Планирано е и донесување предлог-заклучок за објавување на конечни резултати за општините каде што нема поднесено приговор.

ВМРО-ДПМНЕ со 43 приговори до ДИК, Левица, Алијанса за Албаниците и ТМРО по еден

октомври 18, 2017

До Државната изборна комисија пристигнале вкупно 46 приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите од локалните избори, кои се одржаа во неделата, на 15 октомври. Најмногу приговори – 43 поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а по еден приговор поднеле ТМРО, Алијансата за Албанците и Левица. Рокот за поднесување приговори за постапката за гласање […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 приговори до ДИК

октомври 17, 2017

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, ТМРО и Алијанса за Албанците се единствените партии што досега имаат поднесено приговори до Државната изборна комисија за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите, соопштија за „Мета“ од ДИК. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вкупно поднела 22 приговори, од кои дел се за постапката на гласање, а дел за сумирањето […]

Досега нема приговори до ДИК, роковите истекуваат денеска

октомври 17, 2017

Во 19 часот денеска истекува рокот за поднесување приговори за процесот на гласањето до Државната изборна комисија (ДИК), а на полноќ ќе заврши и рокот за поднесување приговори за првичните резултати од локалните избори што се одржаа во неделата, на 15 октомври. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, за „Мета“ вели дека досега ниту една политичка партија нема поднесено […]

Врховниот суд официјално кажа дека одбил буквално сè, но не и зошто

април 11, 2017

Врховниот суд попладнево и официјално соопшти дека ги одбил сите барања и приговори што беа на дневен ред на денешната општа седница. Имено, на седницата се одбиени барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, приговорот на судијката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, и приговорите на 17-те судии од […]

Врховниот суд го одби барањето на СЈО за изземање на Вангеловски

април 11, 2017

Врховниот суд на денешната општа седница го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски, од Кривичниот совет, кој треба да одлучува за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ што го отвори СЈО. Од Врховниот суд сè уште нема официјална потврда за одлуката за Вангеловски. […]

Врховниот суд денеска ќе одлучува по барањето на СЈО за изземање на Вангеловски

април 11, 2017

Врховниот суд денеска на општа седница во 11.30 часот, ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски. На седницата ќе се резгледуваат и ќе се одлучува и по приговорите на судиите од Основниот суд Скопје 1 за годишниот план за работа, што на крајот на минатиот месец […]

Врховниот суд утре ќе одлучува за изземањето на Вангеловски

април 10, 2017

Врховниот суд за утре ја закажа општата седница на која треба да одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на највисокиот суд во државата, Јово Вангеловски, потврдија за „Мета“ од судот. На седница која е затворена за јавноста, како што информираат од Врховниот суд, ќе се одлучува и по приговорите на […]

Седумнаесет судии поднеле приговори до Врховниот суд за распоредот на Рибарев

април 5, 2017

Седумнаесет судии од Основниот суд Скопје 1 досега поднеле приговори до Врховниот суд за новиот годишне распоред што кон крајот на минатиот месец го донесе претседателот на судот, Стојанче Рибарев, потврдиле од Врховниот суд за дел од медиумите. Не се исклучува можноста до Врховниот суд деновиве по пошта да пристигнат нови приговори, по што треба […]

Врховниот суд го поништил прераспоредувањето на седум судии

март 2, 2017

Врховниот суд денеска на седница прифатил седум од вкупно осумте приговори поднесени од судии во Основниот суд Скопје 1, кои со новиот годишен распоред на в.д. претседателката на судот, Татјана Михајлова, беа прераспоредени од кривичниот во прекршочниот оддел, јавува „СДК“, повикувајќи се на судии од Врховниот суд. Според судии во Врховниот суд, сега Михајлова ќе […]

Судиите Неделкова и Џолев најавија тужби против Судскиот совет до Управниот суд

јануари 20, 2017

Судиите Иван Џолев и Лидија Неделкова најавија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд заради одлуките на Судскиот совет, кој ги одбил нивните приговори во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, пишува „Алсат М“. Џолев и Неделкова велат дека нивните забелешки биле поткрепени […]

Антикорупциска ги одби сите приговори на СДСМ за предизборни вработувања

јануари 4, 2017

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска на јавна седница ги одби како неосновани сите приговори на СДСМ што се однесуваа на незаконски вработувања во неколку државни институции во предизборниот период. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку својот претставник Стевица Јосифовски до ДКСК поднесе четири приговори за вработувања во Министерството за правда, односно за избор на шест нотари, […]

Управниот суд ја уважи тужбата на СДСМ и го поништи гласањето во Теарце

декември 20, 2016

Советот на Управниот суд ја прифати како основана тужбата на СДСМ и го поништи гласањето на гласачкото место број 2.011 во општина Теарце, во шестата изборна единица. Приговорот и тужбата на СДСМ за ова гласачко место се однесуваат на тоа дека на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на крајот при […]

Управниот суд напладне ќе одлучува по тужбата од ВМРО-ДПМНЕ

декември 20, 2016

Управниот суд за денеска напладне закажа седница на која ќе ја разгледува тужбата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на ДИК да се поништи гласањето во едно избирачко место во Гостивар по приговорот поднесен од Беса. Советот кој ќе одлучува по оваа тужба ќе го води судијката Есма Алибашиќ-Јонуз, а членови се Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, […]

Управниот суд ја заврши расправата по тужбите од СДСМ, рокот за одлука е утре во 19 часот

декември 19, 2016

Управниот суд ја заврши јавната седница на која попладнево судиите ги разгледуваа двете тужби поднесени од СДСМ за решенијата на Државната изборна комисија по приговорите за предвремените парламентарни избори. Едната тужба се однесува за избирачкото место 1978 во општина Тетово, а другата е за одбиениот приговор за избирачкото место 2025 во општина Теарце. Судиите известители […]

Кој го раководи и што е Управниот суд, кој ќе пресече за резултатот од изборите

декември 19, 2016

Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера, пред истекот на рокот (ноќеска, на полноќ), соопштија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд за дел од одлучките на Државната изборна комисија по приговорите околу текот на гласањето на изборите на 11 декември. Управниот суд, пак, сега, според членот 150 од Изборниот законик, откако ќе ги прими тужбите, има […]

Страна 2 од 4