fbpx
Таг: превоз

таг: превоз

Груевски најави „Средношколска среда“ и бесплатен автобуски превоз за студентите

Од први јануари следната година ќе се воведе бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај за сите редовни студенти на сите државни универзитети во земјата. Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски во своето обраќање на Свечената академија по повод државниот празник Св. Климент Охридски. - Почнувајќи од први јануари 2016 година, а заради грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни...

Повеќе од 6.000 мигранти се превезуваат со автобуси поради штрајкот на машиновозачите

Со автобуси и со такси-возила се одвива транспортот на мигрантите од Гевгелија до Табановце поради штрајкот на машиновозачите од „Македонски железници“. Како што информираат од Железничка станица во Гевгелија, вчера од кампот кон Табановце заминале четири специјални возови со околу 2.000 мигранти, а другиот дел од околу 4.000 мигранти биле превезени со автобуси и со такси-возила. Според процените, и во текот...

Зголемен превозот на мигранти од Гевгелија кон Табановце

Изминативе два-три дена интензивиран е превозот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце, поради напливот на мигранти кои пристигнуваат во прифатниот камп на јужната граница. Во изминатото деноноќие, со четири специјални возови, од Гевгелија за Табановце се превезени околу 2.500 мигранти. Утрово од Гевгелија за Табановце заминал уште еден воз со околу 600 мигранти. Според оцените на УНХЦР, изминативе два месеци низ...

Австрија и Германија очекуваат илјадници нови бегалци

Речиси 10.000 мигранти во изминатите 24 до 48 часа ја минале австриската граница, соопштиле властите на земјата, откако Будимпешта одлучи да ја крене блокадата и да им овозможи на бегалците да заминат за Австрија. Најголем дел од луѓето што пристигнале во Австрија својот пат веднаш го продолжиле кон Минхен, на југот на Германија, каде биле дочекани со аплаузи од локалните жители,...

Германија денеска ќе прими близу 10.000 бегалци

Помеѓу 5.000 и 10.000 бегалци до крајот на денот се очекува да влезат во Германија, соопштила тамошната полиција, јавуваат светските агенции. Првата група од 450 луѓе во текот на денот пристигна на железничката станица во Минхен, откако, поради вонредната ситуација, Германија и Австрија се договориле со Унгарија да им биде дозволено на бегалците да ги преминат нивните граници. Бегалците со посебен...

Унгарските власти попуштија, илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија

Илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија, откако унгарските власти донеле „неочекувана“ одлука и обезбедиле автобуси за превоз на мигрантите од железничката станица Келети во Будимпешта до границата со Австрија, јавуваат медиумите. Унгарските власти, претходно, неколку дена ги суспендираа меѓународните железнички линии кон Северна и Западна Европа, поради што стотици мигранти вчера попладне пеш тргнаа кон австриската граница, пат долг околу...

Полицијата ја отвори границата – 4.000 мигранти ја преплавија Гевгелија

Неколку часа откако мигрантите на неколку наврати го пробија полицискиот кордон и насилно влегоа во Македонија, речиси сите останати мигрантри кои беа заглавени во безграничната зона со Грција се пуштени во земјава, јавуваат активистите за човекови права и светските агенции. Зад оградата, во делот меѓу двете земји се останати само уште околу 200 лица. Според информациите од теренот, околу 4.000...

Електронска картичка за автобусите во ЈСП, на пробна употреба од 1 август

Во автобусите на ЈСП - Скопје, од 1 август годинава пробно ќе почне да се користи единствена картичка, а од 1 јануари 2016 година таа ќе биде во употреба и кај приватните превозници. Проектите за автоматска локација на автобусите и за електронската наплата во јавниот превоз, беа промовирани денеска. Како што информираше градоначалникот Коце Трајановски, картичката за јавен превоз ќе биде од...

Во првите три месеци, превезени 2 милиони патници

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички национален и меѓународен превоз, бројот на превезените патници изнесува 2.090.000. Во железничкиот превоз, пак, изнесува 156.000, во градско-приградскиот превоз - 19.987.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 268.046. Во истиот период, во споредба со првото тримесечје од 2014 година, количеството на превезената...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...