fbpx
Таг: претрес

таг: претрес

Скопјанец и прилепчанец осомничени за продажба на дрога во Охрид

Охридската полиција поднела кривична пријава против две лица, од Скопје и од Прилеп, осомничени дека препродавале дрога на локални наркозависници и на туристи, информираат од полицијата. Според пријавата, осомничените Г.С. (30) од Прилеп и Ф.Ј. (21) од Скопје, се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Судија на претходна постапка на осомничените...

Притворен скопјанец, осомничен за трговија со хероин

Скопската полиција поднела кривична пријава против 25-годишниот Б.Ш., осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотичи дроги, психотропни супстанци и прекурсори, соопшти полицијата. Судија на претходна постапка на осомничениот скопјанец му одредил мрека притвор од 30 дена. Според полициските информации, единицата за недозволена трговија со дрога добила информации дека осомничениот во текот на јуни оваа година, од непознато лице...

Кривична за стружанец, осомничен за кражба на дрва

Струшката полиција поднела кривична пријава против М.В. (37), жител на градот, кој се товари за кражба на дрва. Според полициските информации, нивна екипа на 14 јуни оваа година, кај местото Арабаба, во селото Поум, затекнала тројца албански државјани како незаконски сечат дрва и по извршениот увид било утврдено дека биле ангажирани од осомничениот стружанец. На местото биле најдени 10 кубни метри...

Во куќа на гостиварец, најдени 12 стебла марихуана

Екипа на гостварската полиција вчера, по наредба на судија на претходна постапка, извршила претрес во домот на 34-годишниот Д.С., каде пронашла вкупно 12 стебла канабис сатива (марихуана). Како што информираат од полицијата, при претресот, една од саксиите со марихуана била најдена во бањата, додека другите 11, полицајците ги пронашле во дворот од куќата. Стеблата марихуана биле подигнати од екипа на крим-техника...

Кривична пријава за велештанец поради поседување кокаин

Струшката полиција поднела кривична пријава против А.Б. (27) од струшкото село Велешта, кој се товари за недозволена трговија со дрога и за поседување оружје. Како што информираат од полицијата, на 2 мај оваа години, при претрес на неговиот дом, полицијата пронашла неколку мали најлонски пакувања со кокаин, семе од „канабис сатива“ (марихуана) и неколку куршуми со различен калибар. Дел од пакувањата...

При претерс на куќа во Шипковица, најдени насади со марихуана

Полициски екипи на Секторот за внатрешни работи Тетово, ноќеска извршиле претрес во домот и во помошни простории, сопственост на З.Р. (73) во Шипковица, каде пронашле насади, најверојанто со канабис сатива, кои, според сомневањата, ги одгледувал синот на сопственикот, 42-годишниот Х.Р., кој е во бегство. Според полицијата, при претресот на балкон на третиот кат од куќата, што го користел Х.Р., биле пронајдени...

Кавадарчанец фатен со 100 грама хероин во струмичко Босилово

Вчеравечер, околу 20 часот, полициски службеници од СВР Струмица, во селото Босилово извршиле претрес над Б.Ј. (32) од Кавадарци, кај кого нашле околу 100 грама прашкаста материја, за која постојат сомневања дека е хероин, информираат од полицијата. Кавадарчанецот бил приведен и задржан во СВР Струмица за понатамошна постапка, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

При претрес во куќа во Рашче, пронајдени оружје, муниција и дрога

Полициски екипи, по обезбедена судска наредба, а врз основа на информации за сторени повеќе кривични дела, денеска извршиле претрес во домот на Б.К. (46) во скопското село Рашче, каде пронашле неколку парчиња оружје, муниција, пакувања со дрога и други предмети, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка од непозната марка,...

Странски државјанки нелегално работеле во локал во Боговиње

Полициски екипи утрово извршиле претрес во угостителски објект во селото Боговиње и затекнале осум странски државјанки кои нелегално работеле во локалот. Според полицијата, станува збор за локалот „Ориентал ас“, а затекнатите девојки, на возраст од 19 до 39 години, се државјанки на Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и на Бугарија. Тие биле приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Два часа го држел своето дете на нишан за да спречи полициски претрес

Жител на скопски Раштак два часа го држел сопственото дете на нишан, заканувајќи им се на полицајците дека ќе стрела со пушката во него, а потоа и во нив, доколку влезат во неговата куќа за да извршат претрес. По двочасовни преговори, Д.Ѓ. (43) му дозволил на еден од полицајците да влезе во куќата, по што бил совладан и приведен. Против него,...

Полицијата запленила петарди во повеќе градови

Полицијата, во три одделни случаи, во Делчево, Радовиш и во Струга, вчера и завчера запленила поголемо количество петарди, информираат од МВР. Делчевската полиција, вчера, при претрес на домот на жител на градот, пронашла и запленила вкупно 5.632 петарди. Нивните колеги од Радовиш, во понеделникот, по преглед на возило со бугарски регистарски таблички, што го управувал радовишанец, заплениле 6.460 парчиња петарди. Вчера, пак,...

Полициски контроли и претреси во локали во Тетовско

Екипа на гостиварската полиција утрово извршила контрола во угостителски објект во селото Жеровјане и затекнала пет женски лица, три македонски и две албански државјанки, информираат од полицијата. Контролата била извршена во локалот „Ловец“, сопственост на А.Ш. (42) од Мала Речица. Албанските државјанки биле приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка. Според МВР, во саботата, викендов, полицајци од регионалниот центар за гранични...

Жител на Корошишта дома чувал 400 куршуми за „калашников“

Струшката полиција поднела кривична пријава против жител на селото Корошишта, откако при претрес на неговиот дом биле пронајдени речиси 400 парчиња муниција за автоматска пушка. Против Д.У. (26) е поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и за тргување со оружје или распрскувачки материи. Според полицијата, кон средината на јули оваа година, при извршен претрес во домот на осомничениот, биле пронајдени...

Велешанец осомничен за организирање комар

СВР Штип поднел кривична пријава против 37-годишен велешанец кој во простории во Штип организирал комар. Како што информираат од полицијата, против велешанецот Д.С. е поднесена пријава за кривично дело комар, а против С.А.(21) од Штип за кривично дело помагање. Според полицијата, велешанецот од почетокот на септември до крајот на ноември во простории во Штип неовластено организирал комар, за што му помагал младиот...

Малолетник осомничен за кражба на компјутерска опрема од општинската зграда во Охрид

Малолетник е осомничен дека кон средината на октомри годинава извршил кражба на компјутерска опрема од новиот дел на општинската зграда во Охрид, кој е во изградба, информираат од полицијата. СВР Охрид до јавното обвинителство доставило посебен извештај против 16-годишното момче поради постоење основа за сомневање дека сторил тешка кражба и кражба. Според полицијата, малолетникот на 13 октомври се искачил на катот од новиот...

Странски државјанки приведени при претрес на локал во гостиварско Чегране

Три странски државјанки, кои илегално работеле како пејачки, биле затекнати од екипа на гостиварската полиција која ноќеска извршила претрес во угостителскиот објект „Експорт - импорт“, во селото Чегране, сопственост на 32-годишен жител на селото. Како што информираат од полицијата, две од странските државјанки биле од Косово и една од Албанија, на возраст од 30, 33 и 34 години. Во локалот...

Албански државјанин снабдувал наркозависници во Кичево

Полициската станица од Кичево, поднела кривична пријава против на Д.Б. (22) од Елбасан, Република Албанија, кој е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори. Според полициските информации, на 19 овој месец, при претрес во куќа на улицата 11 Септември во Кичево, каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени биле 40,7 грама марихуана, што албанскиот...

Акција на МВР и на царината: Запленети 236 грама хероин

Екипи на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, во заедничка акција со Царинската управа, денеска на граничниот премин Богородица, спречиле шверц на 236 грама хероин, наменет за домашниот наркопазар, соопшти МВР. Дрогата била откриена при претрес на 46-годишниот скопјанец А.Б., кој патувал во автобус, што сообраќал на редовната линија Скопје - Истанбул. - По извршениот претрес, кај лицето во елекот...

Во куќа на дебранин открино нелегално оружје

Екипа на дебарската полиција, поради сомнеж за сторено кривично дело, вчера извршила претрес на дом на жител на градот, каде пронашла и запленила илегално оружје. Според полициските информации, во куќата на А.М. (33) биле пронајдени една автоматска пушка „калашников“ и две рамки со давесет куршуми, калибар 7.62 милиметр, долго зрно. Запленетото оружје и муција се дадени на вештачење, а против А.М....

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...