fbpx
Таг: пресуда

таг: пресуда

Јанушев доби условна казна за кинеските автобуси по став од закон кој станува непостоечки

Игор Јанушев фото: ВМРО ДПМНЕ
На пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и поранешен директор на ЈСП, Игор Јанушев, денеска му беше изречена условна казна од две години за набавката на двокатните автобуси, за случајот „Дизајн“, што го отвори поранешното Специјално обвинителство (СЈО). Јанушев нема да ја издржи казната ако во рок од пет години не стори друго кривично дело. Пресудата ја изрече судијата Осман Шабани,...

Возачот кој на пешачки усмрти 11-годишно девојче во Велес ќе одлежи 10 години помалку

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати жалбата на велешанецот Ангелче Николов кој пред осум месеци возејќи со голема брзина, под дејство на алкохол, на пешачки премин ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова од Велес и му ја преиначи казната од осумнаесет на осум години затвор. Со ова преиначување на пресудата на Основниот суд во Велес, на Николов фактички казната му...

По 3,5 години затвор за Гури и Алими од ДУИ на повтореното судење за „Титаник 3“

Основниот кривичен суд Скопје на повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ им изрече затворски казни од по три години и шест месеци. Истите казни судот им ги изрече и во март 2020 година, со првата пресуда, но Апелацискиот суд го врати случајот на повторно судење. На Апелацискиот суд...

Куќен притвор за Рашковски за „Софтвери“

Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата ќе биде во куќен притвор до правосилноста на пресудата, одлучи попладнево судијката Фанка Јанчулева Михаиловска за случајот „Софтвери“. Притворот му е одреден поради опасност од бегство и тој доби и забрана да комуницира со останатите обвинети. За останатите обвинети не беше одредена мерка притвор. Обвинителката Ивана Трајчева рече дека смета оти останатите обвинети...

Осум години затвор за Рашковски за случајот „Софтвери“

Казна од осум години затвор пресуди судијката Фанка Јанчулева Михаиловска за поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски за случајот во јавноста познат како „Софтвери“. За делото злоупотреба на службената положба Рашковски е осуден на седум години затвор, додека за делото перење пари, доби една и пол година затвор. Судијката му засмета единствена казна од осум години, во кое...

Меѓународниот механизам за кривични трибунали ја потврди пресудата за Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ

Апелациската комора на Меѓународниот резидуален механизам за кривичните трибунали (IRMCT) донесе пресуда во случајот против двајца поранешни раководители на Службата за државна безбедност (СДБ) при МВР на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, со што ја потврди првичната првостепената пресуда и им ја зголеми казната на 15 години затвор. Тие се осудени дека како дел од поголема криминална група...

Две условни казни и една ослободителна пресуда за пожарот во тетовската модуларна болница

Поранешниот директор на тетовската болница Флорим Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми добија условни казни од една и пол година за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица во септември 2021 година. Двајцата нема да лежат во затвор, доколку не сторат ново кривично дело во наредните три години, пресуди судијата...

Доналд Трамп е осуден за сексуален напад и клевета на колумнистката Керол

Судската порота во Њујорк го осуди експретседателот на САД Доналд Трамп за сексуален напад и клевета на писателката и колумнистка Е Џин Керол. Тој беше обвинет дека пред 27 години во соблекувална во стоковна куќа во Њујорк сексуално ја злоупотребил Керол. Поротата го осуди поранешниот американски претседател за клевета бидејќи ги нарече обвинувањата на писателката „измама и лага“. Но, Трамп,...

Постот дезинформира дека Столтенберг ќе биде осуден за злодела против човештвото

Наспроти наводите изнесени во описот на видеото споделено во постот, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции за кои се бараат лица коишто немаат криминално минато. Во постот не е јасно...

Уставен суд го укина ДУП-от за салата „Борис Трајковски“ каде требаше да се гради бензинска

Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја укине Одлуката за донесување Детален урбанистички план за градска четврт 3 04 блок 04.05 на Општина Карпош.  Станува збор за ДУП-от што се однесува на локацијата кај спортската сала „Борис Трајковски“, при што на една од парцелите е предвидена изградба на бензинска станица, а земјиштето веќе го купи „Пуцко петрол“. „Од утврдената...

Три години затвор за сопственикот на „Доказ“ и 10 години забрана да отвора портал во земјава

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ“, Основниот Кривичен суд во Скопје му изрече казна затвор од 3 години и 1 месец, а тој доби забрана од 10 години да регистрира веб-портал во земјава. Со првостепената пресуда, престанува да важи регистрацијата и на сите досега регистрирани домени на негово име. Пресудата е неправосилна и тој има право на жалба до...

Даравелски е на слобода, кривичното дело застаре

Кривичниот суд ја запре постапката против ексдиректорот на Царинската управа, Драган Даравелски, бидејќи настапила апсолутна застареност за кривичното дело, соопштија денеска од судот. Toj беше осуден за злоупотреба на службената положба во Царината во периодот од 1999 до 2002 година, за направени штети од повеќе од два милиони евра. Како што е наведено во објавеното соопштение, судскиот совет постапувајќи по...

Забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани, бара Платформата за родова еднаквост

Платформата за родова еднаквост реагираше на пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот меѓу 2015 и 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрираната ординација во својата куќа. Од платформата велат дека се згрозени од пресудата, но и дека фрапира фактот што Судот не изрече и споредна...

Руски суд осуди познат новинар на осум години затвор, ширел „лажни вести“ за инвазијата во Украина

Познатиот рускиот новинар и критичар на Владимир Путин, Александар Невзоров е осуден на затворска казна од осум години за „ширење лажни вести“ за руската војна во Украина, пишува Политико. Московскиот суд го осуди Невзоров поради „објавување лажна информација за намерно бомбардирање на руската војска на породилиште во Мариупол“ на неговите профили на Инстаграм и Јутјуб. Новинарот Невзоров известуваше и за...

Апелација потврди, велешанката Пале Иловска ослободена од вина за убиството на насилниот партнер

Велешанката Павлинка (Пале) Иловска, која лани со нож го усмрти својот насилен партнер, полицаец од Велес, и одговараше за кривично дело убиство во миг, е целосно ослободена од обвинението. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Скопскиот Апелационен суд денес ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Со оваа одлука, Илиовска, е целосно ослободена од вина. Минатата...

Обврската за транспарентност важи и за скопска Апелација

Вицепремиерката Славица Грковска има право кога вели дека обврската за транспарентност не може да биде адресирано само на Владата, на пратениците, туку и на адреса на правосудството. Оттука и нејзината изјава во врска со соопштението на Апелациониот суд во Скопје за случајот Таргет-Тврдина го оценуваме како вистина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Потпретседателката на Владата задолжена...

Контраспин: Барањето одговори за одлуката за „Таргет-Тврдина“ не е притисок врз судството

Во услови на висока исполитизираност на општеството и на сè уште премногу дебати за нецелосна поделеност на трите власти, како и во услови на многу ниска доверба на јавноста во судството (од само 4 отсто) за кое постои перцепција за силно влијание од политички, но и од бизнис елити, сосема е разбирлива реакцијата и на јавните функционери и на...

Пендаровски: Шокиран сум од одлуката на скопскиот Апелациски суд за случајот „Таргет-Тврдина

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски објави остра реакција по одлуката на Апелацискиот суд Скопје да ја укине пресудата за случајот „Таргет-Тврдина" и да го врати случајот на повторно судење. „Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“. Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на...

Хашкиот суд со прва пресуда за командант на ОВК: Салих Мустафа доби 26 години затвор

Бившиот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Салих Мустафа е осуден на 26 години затвор од Специјалните совети за Косово во Хаг. Мустафа е осуден за воени злосторства над албанските цивили нелојални на ОВК, извршени во април 1999 година. Како што пренесува агенцијата Асошиејтед прес, ветераните од ОВК ги обвиниле албанските жртви во Косово дека соработувале со Србите или...

Пресудата за „Таргет-Тврдина“ падна на Апелација

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, соопштиja во судот. Случајот беше отворен за масовното нелегално прислушување, а резултираше со вкупна затворска казна од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. „Судот известува дека постапувајќи...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...