fbpx
Таг: прес

таг: прес

СДСМ: Цели девет години се лаже за изградба на гасовод

На граѓаните на Република  Македонија цели девет години им се пласираат лаги за наводна изградбата на гасовод, реагираат од СДСМ. „Девет години Владата на Никола Груевски „гради гасоводи“, но вистината ќе излезе на виделина и ќе се докаже зошто наводната изградба трае толку долго. „Вистината за Македонија“ ќе го покаже криминалот, ќе го покаже целото лошо лице и личните интереси на фамилијата,...

Следната „бомба“ ќе пука во „Универзална сала“

Во вторник, во „Универзална сала“ на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ги презентира, како што најави, „најдрските и најзначајните измами во изборниот процес од страна на Никола Груевски и неговите соработници“. - Дел од тимот на Никола Груевски, богови станале. Слушнавте и кои се дел од луѓето кои му помагаат на Груевски и се дел од изборни фалсификати, местења...

Протоѓер: „И он и жена му и децата, све у ендек ќе ги најдат…“

Во последните неколку аудиоснимки што денеска на прес-конференција ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вклучена е и таква во која се слуша разговор на Никола Груевски со Миле Јанакиески за избирачко место каде што губи ВМРО-ДПМНЕ со 500 гласачи. Зборуваат за тоа дали ќе има потреба од втор круг. Груевски вели дека дознал дека во Центар ќе ги „тепале“...

Средување телевизиско интервју за Груевски

Следниот блок аудиоснимки што денеска ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, според неговите зборови покажуваат како се договарале телевизиски содржини кои требало да обезбедат предност за ВМРО-ДПМНЕ. Во една од снимките, според Заев, се слуша како сопственикот на „Канал 5“, Емил Стојменов, и Мартин Протоѓер разговараат за емисија што треба да се емитува. Протоѓер му вели да ја пуштат емисијата...

Како се вршел притисок врз наставниците

Во четири аудиоснимки на разговори што денеска беа објавени на прес-конференцијата во седиштето на опозицискиот СДСМ, според Заев, се разобличува притисокот врз администрацијата за време на избори. Во еден од разговорите што беше објавен, се слуша како Јанакиески бара поддршка во Могила и во Новаци. Тој инсистира неговиот соговорник да „ги среди“ вработените во фирма во која раководителот бил од СДСМ. Во следниот...

Се правеле списоци за исплата на социјална помош

Заев на денешната прес-конференција објави и прислушуван разговор на Кире Божиновски, во врска со контрола во некој локал, во кој соговорникот тврди дека на сопственикот на локалот „му направил ’ршум“. Во друг разговор од тие што денеска ги објави лидерот на опозицијата, Јанакиески предизборно прави списоци за помош на граѓани кои би требало да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Според зборовите и објаснувањето на Заев, се инсистира да...

Се простуваат долгови во УЈП за време на избори

Заев во продолжението од денешната прес-конференција, објави разговори кои, според него, ја претставуваат манипулацијата со превозниците за време на изборниот ден. На првата од овие аудиоснимки се слуша како Јанакиески зборува за поддршка од превозниците на патници и на стока. Соговорникот му вели дека ќе ги собере превозниците и ќе направи состанок за да обезбеди поддршка. Во другиот разговор што го објави Заев, директорот на...

Заев: Јанкулоска и Ставрески разговараат за ненаменски потрошени пари

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција рече дека ќе прикаже аудиоснимки од разговори за трошење пари, за буџетски трошоци. Тој рече дека ова се признанија лично од министерот за финасии, Зоран Ставрески, и од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. - Ова се правело по налог од еден човек, премиерот Никола Груевски - изјави Заев. Тој рече дека разговорите...

Зоран Заев со прес-конференција во 14 часот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 14 часот, во седиштето на СДСМ, ќе одржи прес-конференција. Според најавите, се очекува Заев да обелодени нови материјали од прислушување.

СДСМ: Кој е јавниот интерес да се ослободи приватен инвеститор од плаќање на 150.000 евра комуналии

На денешната седница за советнички прашања, ќе го прашаме Коце Трајановски кој е јавниот интерес да се ослободи приватен инвеститор од плаќање на 150.000 евра комуналии, за барокен хотел на плоштадот? Овие 150.000 евра, градот можеше да го искористи за да им помогне на поплавените ширум Македонија. Со овие 150.000 евра можеше да се набават 6 нови специјални возила за...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев свесно одработува за странски центри

Зоран Заев и денеска свесно продолжи да одработува за странските центри и за нивните агентури во земјава, на директна штета на интересите на Република Македонија и на нејзините граѓани, стои во реакцијата на  ВМРО-ДПМНЕ по повод прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „Зоран Заев со секој негов чекор без дилема потврдува дека креираните материјали кој ги употребува се креирани...

Заев: Јанкулоска и Протоѓер договараат ексклузивни вести на медиумите

Со другите разговори што денеска на прес-конференција ги објави Зоран Заев, лидерот на опозицискиот СДСМ, според него, се покажува дека Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска менаџираат сè друго во државата. Објавената аудиоснимка, според Заев, е разговор помеѓу Мартин Протоѓер и министерката за внатрешни работи за тоа како да се организираат вестите на „Канал 5“. Во дел од аудиозаписот, Јанкулоска вели: „Треба...

ВМРО-ДПМНЕ: По секоја деструктивност, СДСМ паѓа посилно на земја

СДСМ само нека продолжи да се занимава со своите квинслиншки политики спротивни на интересите на граѓаните и со манипулации со монтирани афери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на Петре Шилегов. „Ако СДСМ не може да види, ние знаеме дека надвор од политиканството и од игрите на СДСМ постои и реален живот. Луѓето во Македонија секој ден одат...

Опозициски советник заработил прекршочна казна за нива на дедо му!

Дејан Блажески, претседател на Општинската организација на ЛДП од Охрид, член на централното партиско раководство и актуелен советник во Општина Охрид, заработил прекршочна казна во износ од 33.000 денари за непријавен имот кој не бил негов ниту, пак, бил впишан во неговиот имотен лист. - Станува збор за земјоделско земјиште во атарот на селото Врбјани. Имотот за кој поведуваат постапка...

СДСМ бара водата да поевтини за 30 проценти

Советничката група на СДСМ и на коалицијата во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за намалување на цената на водата за пиење за 30 проценти. Тоа би значело дека од сегашните 29,39 денари за еден кубен метар вода, кои ги плаќаат граѓаните, отсега би плаќале по 20,57 денари, рече на денешната прес-конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. - Иницијативата ја поднесовме од...

ВМРО-НП: Да се формира натпартиска комисија за загадувањето

„ВМРО-Народна партија е загрижена од секојдневните информации за степенот на загаденост на воздухот во Македонија, а, пред сè, во градовите Скопје, Тетово и Битола. Од оваа состојба која предизвикува тешки нарушувања на здравјето на граѓаните, дури и со фатални последици за некои од нив, сите во Македонија сме крајно загрижени, освен оние кои имаат обврска да нè заштитат од оваа елементарна...

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ја надмина и Шекеринска со кириите

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, се обидува со манипулација да избега од одговорноста. - Шилегов, не само што добива 700 евра од неидентификуван извор за имот кој никаде не постои, туку, како што можеме да видиме, има и четири фирми-кираџии во неговиот стан на булевар Кузман Јосифовски Питу 19/5-4 во Скопје. Тој за овие четири фирми, од кои две...

СДСМ: Им се суди на граѓаните, кои беа против преименувањето на улиците во Скопје

„Денеска почнува судско рочиште против граѓаните кои беа спречени да присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје, на која мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги преименува улиците во Скопје. Граѓаните беа спречени и покрај тоа што седниците на Советот се јавни“, истакна на прес-конференција Саша Богдановиќ, претседател на Општинската организација на СДСМ во Центар. - Денеска им се суди на граѓаните,...

Ердоган: Турција има најголема слобода на медиумите

Турција има најслободен печат во светот, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, отфрлајќи ги на тој начин критиките дека медиумските слободи се сериозно ограничени за време на неговото владеење, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“. „Никаде низ светот печатот не е послободен отколку во Турција. Многу сум сигурен во себе кога ова Ви го кажувам“, изјави Ердоган во говор на конференција во Анкара, што директно...

Реакција на Град Скопје на прес-конференцијата на СДСМ

Градот Скопје реагира на изјавата на советникот од редовите на СДСМ, Дамјан Манчевски, дадена по повод донесениот буџет на Град Скопје за 2015 година, на 25. седница на Советот на Град Скопје. „Прво, би сакале да го демантираме господинот Манчевски, кој во својата изјава тврдеше дека градоначалникот Трајановски не присуствувал на оваа расправа. Тоа не е точно, градоначалникот Трајановски присуствуваше...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...