fbpx
Таг: прес

таг: прес

„Бомба“ од Центар: Груевски нарачува да му удрат шамари на Жерновски

Претседателот на општинската организација на СДСМ од Центар, Саша Богдановиќ, на прес-конференција во скопската населба Капиштец рече дека денешните разговори потсетуваат на заглавените лифтови, на издупените гуми, на скршените штабови, на крадењето избирачки материјали, на човечињата од Пустец и на многу нерегуларности и закани во изборниот период. - Знам дека сега ќе освоиме уште една победа за Центар. За една...

СДСМ од Охрид: ВМРО-ДПМНЕ добивала избори со вагабонти

Претседателот на општинската организација на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, на денешната прес-конференција објави разговори за злоупотреба на медиумите, за купување парцели во Охрид од интерес на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, фабрикувани скандали и местенки пред локалните избори во 2013 година. Според него, во 2013 година, за време на локалните избори, сите државни институции биле злоупотребени за партиски потреби на ВМРО-ДПМНЕ,...

Јанкулоска на Мијалков: Луда банда се тие од лустрациска, ги знаеш

Во следниот разговор што денеска на прес-конференција го објави Зоран Заев, Никола Груевски зборува со Гордана Јакулоска за Воената болница. Тој ѝ објаснува дека зборувал со директорот, кој му сугерирал дека нема да може да функционира болницата ако се вработат луѓето според партиските препораки. Груевски ѝ објаснува дека сака да предложи 30 луѓе да вработи според партиската листа, а потоа да...

Заев: Еве до каде одел апсурдот на партизирање на државата

„Доказите што ги објавивме досега, ги открија вистинските лица на власта. Ги откривме лицата на Никола Груевски, кој заедно со Сашо Мијалков вршел притисоци врз луѓето само за да останат на власт. Тие како крлеж се приклештиле за граѓаните само колку да останат на власт. Видовме дека од нив е узурпирана и ВМРО-ДПМНЕ. Денеска ќе докажеме зошто во извештаите на...

Битолската „бомба“ удри по лустрацијата, уцените и по гласањето

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски, денеска одржа прес-конференција на која објави прислушувани разговори за градот. На почетокот пушти веќе објавен разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, во кој тие коментираат за градоначалникот Владимир Талески. Тие разговараат за склучен договор со фирмата „Транскоп“, кој, според Ставрески, е „коруптивен до даска“. Тој вели дека договорените...

Талески: Блиску е крајот на вампирската политика на СДСМ

Само неколку часа пред да одекнат „бомбите“ на Заев во Битола, битолскиот градоначалник Владимир Талески излезе на прес-конференција со напади и со обвинувања на адреса на опозицијата и на нивиот проект „Вистината за Македонија“. Како ретко кога, Талески се појави на партиската говорница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи дека блиску е крајот на вампирската политиката на СДСМ, која бара...

Заев: Груевски лично командувал со акцијата за амнестија

Во следните разговори, според Заев, Јанкулоска во разговор со Трајко Вељаноски зборува за тоа што треба да им се даде на Албанците. Таа му се жали дека премногу им дале на Албанците и дека два дена не спиела од мака. Јанкулоска зборува со советничката на Груевски, Билјана Бришковска-Бошковски. Таа ѝ објаснува на министерката за автентичното толкување и како тоа би...

Заев: Како Груевски ги договарал законите за хашките случаи

„Никола Груевски бил алчен, грабал сè што ќе му дојде до рака. Тоа го видовме со проектот „Скопје 2014“. Материјалите открија дека човекот немал ниту совест, ниту сочувство. Денеска ќе расветлиме уште едно лице на Никола Груевски. Ќе симнеме уште една маска. Од снимките ќе се уверите дека за да остане на власт, ниту го интересираат нацоналните интереси, ниту...

СДСМ со нов протокол за присуство на „бомбата“

На прес-конференцијата на СДСМ, на која треба да се обрати лидерот Зоран Заев, се чини дека има нов протокол. На влезната врата стои обезбедување, а партиските членови кои беа дел од прес-конференциите ги пуштаат откако ќе влезат новинарите. Последната „бомба“ од седиштето на СДСМ предизвика реакции во јавноста, по исвиркувањето на новинарите кои му поставуваат прашања на Заев. За недоличното однесување на присутните...

Кумановска „бомба“: За избори ги фатиле сите фирми и сите криминалци

На оваа прес-конференција ќе чуете како МВР работело за ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, рече Мартин Костовски, претседател на Општинската организација на СДСМ, пред објавувањето на прислушуваните материјали поврзани со изборните нерегуларности во овој град. Во разговорите што ги презентираше Костовски имаше снимка од разговор на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и на соговорник, за средби во Куманово на кои ќе договорат детали...

„Бомба“ и марш во Куманово

Денеска, во 14 часот, во просториите на општинската организација на СДСМ во Куманово, на прес - конференција ќе се обрати Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ-Куманово. Подоцна, во 18.30 часот, во Куманово ќе се одржи народен марш, кој ќе почне пред поранешниот комитет.

Заев: Само пари и моќ им биле важни на Груевски и на Мијалков

„Денеска ќе откриеме уште еден корупциски скандал кој е поврзан со директорот на УБК, Сашо Мијалков, а зад кој стои премиерот Никола Груевски. Во овие разговори не се зборува за шифри. Тука се зборува за реални суми и за бизниси преку Русија и Унгарија. Станува збор за набавка на опрема на специјалната полиција“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на...

Заев: Невозможна мисија е дијалог без посредник од Брисел

Лидерот на опозицијата на прес-конференцијата објави и разговор помеѓу Миле Јанакиески и неговата сопруга. Во разговорот Јанакиески ѝ зборува, преправајќи се дека зобрува кинески, алудирајќи на преговорите со Кинезите. Јанакиески ѝ вели дека треба да ги испрати Кинезите и дека е премногу изморен. На прашањето дали Заев мисли дека ја губи довербата од албанските граѓани со тоа што ги крие разговорите на албанските партии, лидерот...

Заев: Јанакиески и Груевски договараат провизии

Во следните разговори што беа обелоденети на денешната прес-конференција во седиштето на опозицискиот СДСМ, според Зоран Заев, се слуша како Груевски прави притисок врз Јанакиески за барокните фасади. Во разговорите, според Заев, Груевски му ветува дека нема да биде вовлечен во криминал. Груевски му сугерира на Јанкиески да завршат со фасадата на ЕВН и на „Сити галери“. Министерот му одговара...

Нова „бомба“ на Заев: Еве како Груевски местел тендери и кршел закони

„Ветивме дека целaта вистина за злосторството врз нашиот народ ќе ја објавиме. На сите им е јасно и покажавме колку бил нечесен Никола Груевски. Формирал офшор-компании за негови интереси. Денеска ќе бидеме сведоци на суровата вистина дека сите овие години тој ги злоупотребувал законите. Ќе видите како местел тендери, како кршел закони, како делел тендери за железницата и за автопатиштата“, рече...

Заев: Груевски, Мијалков и Јанкулоска го урнисале правосудниот систем

Ова што се случувало во Македонија, дрско и недозволиво самоволие на Никола Груевски на неговиот братучед Сашо Мијалков и на неколкумина поддржувачи, го урнало правосудниот систем, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата за т.н. дванаесетта „бомба“. Тој рече дека судиите биле местени од Никола Груевски, Сашо Мијалков и од Гордана Јанкулоска. - Тие имале поддршка и во ДУИ. Оваа „група“ местела...

Шилегов: Зошто Груевски се интересира за сопственост на офшор-фирми од Белизе и од Лугано?

Никола Груевски вчера се сокри зад соопштение во кое се правда дека имотот на негово име бил пријавен во анкетниот лист, истакна на денешната прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. - Но, Груевски не кажа, а има должност да објасни на граѓаните, зошто од позиција на премиер, хистерично се интересира за сопственост на офшор-фирми од Белизе и од Лугано? Што го интересирало Груевски...

СДСМ: Правото на граѓаните за фер и демократски избори е неприкосновено

Груевски и неговите соработници не можат да се спасат од „Вистината за Македонија“ и од одговорноста за обелоденетите злодела што ѝ ги правеле на државата, реагираат од СДСМ на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на трибината во СЦ „Борис Трајковски“. „Правото на граѓаните да го дадат својот глас на фер и демократски избори е неприкосновено и СДСМ тие услови...

Заев: Алчноста на Груевски за недвижности немала граници

„Секоја прес-конференција на проектот „Вистината за Македонија“ откри по едно лице на Никола Груевски. Правел фалисфикати, прислушувал граѓани. Денеска ќе видите дека овој човек е нечесен. Денеска ќе видите што се правело со деталните урбанистички планови и кој сè имал интерес за тоа и зошто се случуваше целата драма околу претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ“, рече...

Зоран Заев денеска со нова „бомба“

Во седиштето на СДСМ, во 11.30 часот, ќе се одржи прес-конференција на којашто ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Се очекува Заев денеска да ја објави десеттата по ред т.н. „бомба“ од аудиоснимките од телефонски разговори, кои, како што тој вели, содржат голем број од криминалите и злоупотребите на власта.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...