fbpx
Таг: прес

таг: прес

Заев: Преговорите се неуспешни, „Вистината за Македонија“ ќе продолжи

Преговорите се неуспешни, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција. - Не се можни фер и демократски избори со Груевски во влада. Ќе продолжиме да дејствуваме на сите начини, законски и демократски. Проектот „Вистината за Македонија“ ќе продолжи - рече Заев, кој ниту во еден момент преговорите не ги нарече „пропаднати“ или „прекинати“. Заев во одговорите на новинарските прашања, рече дека...

Заев: ДУИ функционирала како ВМРО-ДПМНЕ – за моќ, власт и за пари

На денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави нови прислушувани материјали, овојпат посветени на улогата на ДУИ. - Сето тоа што го правел Никола Груевски, не можел да го стори без ДУИ. Функционерите на ДУИ се плашеле од прислушување и биле многу внимателни, но, сепак, денеска ќе докажеме дека примарна цел не им биле граѓаните, туку моќ - изјави...

Заев: Груевски и Мијалков со години следеле и прислушувале невладини организации

На денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека Никола Груевски и Сашо Мијалков со години следеле и прислушувале многу невладини организации. Тој рече дека меѓу прислушуваните биле: Инфоцентар, „Цивил“, Институт „Отворено општество-Македонија“, „Ајде“, Форум-центар, Македонски центар зе европско образование, Фондацијата „Метаморфозис“. - Преку следењето на најчувствителниот сектор, невладиониот сектор, Груевски ги загрозил основните човекови права. Проктот „Вистината на...

Нова „бомба“ на СДСМ: Ставрески и Јанкулоска купиле станови во иста зграда

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска објави нови прислушувани разговори во кои се слуша како министерот за финансии, Зоран Ставрески, ја советува поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како да дојде до нов стан. Според Шилегов, својот совет Ставрески го применил и самиот и стекнал стан во истата зграда. – Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко купиле два стана, истите оние надградени и проширени на...

СДСМ со нова „бомба“: Груевски е главен архитект на „Скопје 2014“

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска во „Кампот на слободата“ пред Владата објави нови прислушувани разговори поврзани со владиниот проект „Скопје 2014“, во кои, како што рече, се слуша како Никола Груевски мести и разместува министерства, одредува фасади, балкони, мермери и малтери. Во првиот разговор што денеска беше обелоденет, премиерот Никола Груевски зборува со Миле Јанакиески и бара за зградата на МНР да...

Заев: Не верувам, но очекувам Груевски да си замине

Во вториот дел од снимките што ги презентираше лидерот на СДСМ пред Владата, Гордана Јанкулоска зборува со Горанче Савовски (новиот директот на Бирото за јавна безбедност) за фирма од Неготино, која е контролирана од УЈП за да ѝ прогледа низ прсти иако во цистерната имало 5,5 тони „црвена нафта“. Таа вели да видат дали и што може да се...

Груевски на снимката: Мора нешто и нам да ни фали, мене, тебе, на Чинго, на Зоки…

„Од денеска, домаќин на „Вистината за Македонија“ е Кампот на слободата. Најавувам и досега докажавме со каква расипничка власт си имаме работа. Но, не застануваме додека не ги оспособиме институциите да ги преземат коруптивните дејства на власта. Три оставки не се доволни. Затоа, Груевски, не барај нови жртви. Бараме оставка од носителот на сите криминални дејства“, изјави на денешната...

Заев: Оваа власт работи на уништување на соживотот

На почетокот на денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пушти разговор помеѓу Сашо Мијалков и соговорник на која се слуша славење, пукотници и химната на ВМРО-ДПМНЕ. Се слуша како Мијалков зборува со некого дека е во Долно Лисиче и му кажува дека има многу пукање, како да е војна. Вели дека тоа е „вмровска работа“ и ја пее...

„Протестирам“: Бараме оставка од цела Влада, протестите продолжуваат

„Бараме целосна оставка на Владата, не само на поединци, затоа што козметички решенија не се доволни. Бараме не само политичка, туку и правна одговорност за сета корупција, прекршувања и криминал. Исто така, бараме да се ослободат 11 лица кои се во притвор и едно лице кое е во домашен притвор поради протестите“. Ова се барањата на граѓанското здружение „Протестирам“, кои...

Груевски: Загубивме осуммина кои спречија, можеби, 8.000 невини убиства

„Ова беа два многу тешки дена. Најтешки во мојот живот. Терористичка група од повеќе од 40 добро вооружени лица, нелегално влегла во Македонија, сместена во кумановска населба, спремна за крупни терористички напади врз полициски станици, цивили, спортски натпревари“, изјави премиерот Никола Груевски на денешната прес-конфереција. Според него, во 28-часовната непрекината борба, македонската полиција ја имаше досега најсложената и најтешка операција. - Активноста...

Котевски: Акцијата во Куманово заврши

МВР може да информира дека акцијата во Куманово е завршена, рече на денешата прес-конференција помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски. Според него, полицијата нашла тела на 14 терористи во униформи. - МВР работи на идентификација на загинатите терористи. Од нив сè уште не е идентификуван т.н. командант Нато. Групата има повеќе од 40 луѓе, а терористите планирале напади на институции во Македонија -...

Јанкулоска: Загинаа пет, ранети се повеќе од 30 полицајци, состојбата е уште високо ризична

„Полицајците Жарко Кузмановски, Сашо Самојлоски, Ненад Серафимовски и уште двајца се денешните херои на Македонија. Во мое име и во името на припадниците на безбедносните сили, сакам да им изразам сочувство на нивните семејства“, видно растревожена, ја почна вечерашата прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. - Сите покажаа чувство на заштита на државата. Сите припадници се бореа против една...

Заев: Црното сценарио нема да успее, протестите да мируваат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува граѓаните на смиреност и на присебност, да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликт и дестабилизација на Македонија, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вонредната прес-конференција по утринската акција на МВР во Куманово. - Го повикувам Никола Груевски веднаш да излезе пред граѓаните на Македонија и да им објасни кој, зошто,...

Заев: Многу нелогичности околу истрагата за Младенов

Во разговорите кои ги презентираше Зоран Заев, Гордана Јанкуловска и Иво Котевски зборуваат за тоа дека новинарот Томислав Кежаровски во „Нова Македонија“ ќе објави фискални сметки со кои се потврдува дека Никола Младенов бил во Велес. Котески кажува дека истражниот судија се лутел зашто со некоја објава била нарушена истрагата. Зборуваат дека никогаш досега не бил нападнат истражен судија. Котески...

„Бомба“ на Заев: Десет причини за нова истрага за Младенов

На почетокот на прес-конференцијата на СДСМ, новинар од телевизија „Сител“, во името на МАН, инсистираше лидерот Зоран Заев да се извини за нападите на новинарите, а му предаде и копија од Устав на Република Македонија. Заев на денешната прес-конференција презентираше прислушувани разговори околу смртта на новинарот Никола Младенов. - Доказите јасно укажуваат дека постапката за Никола Малденов, власта на Груевски ја водела...

Шилегов: Целата операција е смислена во домот на Никола Груевски

Најостро ја осудуваме нарачаната бруталност и пречекорувањето на овластувањата на полициските структури на Никола Груевски и на Сашо Мијалков врз граѓаните на Република Македонија, не само на ова место пред Владата, туку и низ целиот град, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Според него, очигледно било дека неколку минути пред 22 часот, власта ги собрала полициските и...

Јанкулоска: СДСМ нека ми побара оставка во Собранието

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на вонредната прес-конференција во Владата рече дека одлучила да изреагира затоа што смета дека Зоран Заев со објавувањето на разговорите прави само штета и се обидува да ги манипулира граѓаните. Таа вели дека разговорите не се нејзини и дека се креирани, лепени, сечени и не чувствува одговорност за кажаното во разговорите затоа што, како што рече,...

„Бомба“ на Заев: Никола Груевски се обидел да ја убие вистината за Мартин Нешковски

„Презедовме обврска да ја објавиме целата вистина за криминалното работење на Груевски. Јавноста дозна дека за Никола Груевски и за неговите соработници нема ништо посвето, отколку тоа да бидат на власт. Еве уште една вистина дека ни загубен живот нема никаква цена за власта и како некој сакаше да ја скрие вистината за Мартин Нешковски“, изјави денеска лидерот на...

Нова „бомба“ на Заев: Еве докази дека Мијалков и Груевски со години прислушувале

СДСМ денеска објави нови снимки од прислушувани разговори. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека тоа се докази за тоа како се прислушувало. Заев рече дека сите прислушувани биле водени под псевдоними, а тој бил заведен под псевдонимот „Зеко“. Бранко Црвенковски, пак, бил „Крст“, Миле Јанакиески - „Тутун“, Силвана Бонева била „Босил“, Драган Павловиќ-Латас бил „Талас“, Владо Бучковски бил „НДС Бува“. -...

СДСМ-бомба од Велес: На сметката на Ивона Талевска требало да легнат 1,3 милион евра

На прес-конференција на претседаталот на општинската организација на СДСМ од Велес, Панче Иванов, денеска објави снимки за три скандали во кои се инволвирани Никола Груевски и неговите соработници. Првиот е за фирмата на новинарката и уредничка Ивона Талевска, „Визарис“, во кој самата признава дека на сметка „ќе ѝ легнат повеќе од милион евра“, потоа за случајот „Сопот“, како и за скандалот со синот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...