среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: прес конференција | 13 резултати

Бектеши ветува работни места, полесни услови за водење бизнис, инвестиции во енергетиката, „Старт-ап село“

септември 22, 2020

Олеснети услови за водење бизнис, намалување на лимитот за основање на фирми, со цел да се поттикне и зголеми приливот на домашни и на странски инвестиции, отворање на повеќе работни места, поттикнување на инвестиции во енергетиката,  туризмот, занаетчиството… најави на денешната прес конференција, министерот за економија Крешник Бектеши. „Најприоритетно е во наредните четири години преку […]

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите добро организирани и покрај пандемијата, но правната несигурност останува грижа

јули 16, 2020

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила, велат набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во денешната изјава. „Ова се многу предизвикувачки времиња за одржување на избори, и ги препознаваме […]

Мицкоски не признава пораз, победиле во најмногу општини, сака да преговара за формирање влада

јули 16, 2020

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во првото појавување по објавувањето на резултатите од вчерашните избори не ја честиташе победата на противникот и не го призна изборниот пораз. Наместо ова, тој тврди дека народот се определил за промени и дека расположението на граѓаните во земјава е опозициско, при што опозицијата освоила повеќе гласови од власта. Мицкоски […]

Мирен почеток на изборниот ден, набљудувачите на ЦИВИЛ бележат мал број нерегуларности

јули 15, 2020

Забележани се одреден број инциденти, со кршење на изборниот молк и негативна кампања до отворањето на избирачките места утрово, а самиот процес на гласањето од 7 часот е одбележан со многу мал број нерегуларности, во Кочани и Брвеница, и непочитување на заштитните мерки за ковид-19 во Чаир, соопшти претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на првата […]

Ангеловска: Економијата закрепнува, буџетот ликвиден, приходите повисоки од очекуваните

јули 2, 2020

Во периодот јануари – јуни годинава вкупните буџетските приходи се остварени на ниво од 44 отсто од ребалансот (годишниот план) или во износ од 87,4 милијарди денари. Тоа е за 9 отсто помалку во однос на истиот период лани, а процентот на остварување во однос на планот, е речиси ист како и минатата година. Дефицитот […]

Од мај досега, хронично болните искористиле над три милиони електронски рецепти

јуни 26, 2020

Проектот за електронско издавање рецепти е почнат уште пред кризата со ковид-19, со цел да се избегне непотребното доаѓање на пациентите, пред се на пациентите со хронична болест, и кај матичниот лекар и во аптеките. Тој се покажа како одличен проект, констатираа на денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за информатичко […]

Спасовски: Отворањето на границите не е поврзано со изборите, така одлучи Комисијата за заразни болести

јуни 24, 2020

На првиот ден од започнувањето на изборната кампања, техничкиот премиер  Оливер Спасовски, демантираше дека одлуката за отворањето на границите е политичка, односно дека е поради одржувањето на изборите на 15 јули, за да можат непречено да дојдат и гласаат иселениците. Тој рече дека таа била донесена исклучиво како резултат на мислењето на епидемиолозите. Анализите на […]

Платежната картичка „Купувам домашно“ ќе ја добијат 324.479 граѓани

јуни 10, 2020

Домашната платежна картичка ќе ја користат 324.479 корисници, a денеска е објавена конечната листа на веб-страната kupuvamdomasno.gov.mk, соопштија од владината прес-служба. Веќе се печатат и првите картички и наскоро ќе почнат да им се издаваат на корисниците. За оваа мерка ќе се издвојат 28 милиони евра, со цел, поддршка на граѓаните, но и на домашното […]

Владата донесе сет економски мерки: 5,7 милиони евра за бескаматни кредити и 50 отсто пониски давачки за придонеси

март 18, 2020

Економскиот тим на Владата, според досегашните анализи на можните последици состојбата од корона вирусот, а со цел тие да се ублажат, донесе сет од мерки за компаниите кои ќе се и ќе бидат најпогодени од кризата. Мерките ги презентираа на заедничка прес конференција, Мила Царовска, министерката за за економски прашања и за координација со економските […]

Страна 1 од 1