fbpx
Таг: препораки

таг: препораки

Девет заразени со морбили во Македонија, се препорачува вакцинирање

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска одржа редовна работна средба, со цел, согледување на состојбата со морбили во соседството и во европскиот регион, како и состојбата со морбили во државата. Од таму информираат дека, во Македонија оваа година досега се регистрирани девет случаи со морбили, од кои само четири се епидемиолошки поврзани. „Службите за имунизација при Здравствените домови да...

Одрон на патот Тетово – Попова Шапка, сообраќајот се одвива по една лента

Сообраќајот на патниот правец Тетово - Попова Шапка се одвива по една лента поради одрон на патот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а нa повисоките места има остатоци од кашeст снег. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани -  Македонска Каменица - Делчево, Виница -...

ЦЕА: Пратениците и обвинителите треба повеќе да ги користат ревизорските извештаи

Пратениците, во нивната работа во Собранието, повеќе да ги користат извештаите на ревизорите, се вели во извештајот од следењето на работата на Државниот завод за ревизија, спроведен во рамките на проектот „Подобрување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“. Ревизорските извештаи недоволно се користат и од страна на обвинителите, кои не отвораат предистражни постапки врз база на наодите на ревизорите....

Утринава стапија на сила мерките на владата за заштита од загадувањето

Поради измерена висока концентрација на штетни честички во воздухот од над 200 микрограми на еден метар кубен на две места, од денеска стапуваат на сила мерките на владата за заштита од загадувањето, соопшти портпаролот на владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. Бошњаковски соопшти дека мерките се стапени на сила од 9.30 утринава. Тие меѓу другото предвидуваат бремените жени, лица со хронични заболувања...

ТИ: Не се преземаат доволно активности за борба против корупцијата

Македонија и понатаму не презема доволни напори за исполнување на препораките на Групата на држави против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО), информираат од „Транспаренси интернешнл“ Македонија. Во соопштението се додава дека, државата се уште не постапила адекватно за да отстрани низа забелешки дадени во извештајот на ГРЕКО, донесен пред четири години. „Ова го потврдува и неодамна дадената изјава на претседателот на...

Повик за предлози и сугестии за новиот Закон за слободен пристап до информации

Министерството за правда заедно со Министерството за информатичко општество и администрација и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ги повика граѓаните, граѓанските организации, медиумите, институциите и сите засегнати страни да даваат предлози и сугестии за предлог законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој во моментов се пишува. Предлозите треба да ги содржат...

Џафери – Хан: Приоритет на Собранието се реформите од препораките на Прибе

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го информирал еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, за тековните и за претстојните активности на Собранието на Република Македонија поврзани со реформските процеси, неопходни за добивање позитивна препорака за почнување преговори за членство во Европската Унија, информираат од кабинетот на Џафери. „Од своја страна, еврокомесарот Хан подвлече дека од суштинско значење е...

Дефокусираните пратеници препораките на Мемети ги вратија на собраниска комисија

Откако вчера Собранието на Република Македонија не ги изгласа препораките за надминување на констатираните состојби во извештајот на Народниот правобранител, односно имаше само 37 гласови „за“, еден воздржан и пет „против“, денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ и на коалицијата, Томислав Тунтев, се обиде да го „покрие“ тоа со деконцентрираност на пратениците. Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, пак,...

Хелсиншки го повика Собранието да ги усвои препораките на Прибе за човековите права

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија побара пратениците во Собранието итно да ги изгласаат препораките од комисијата на Прибе за човековите права, содржани во Извештајот на народниот правобранител. Истото го побара и ВМРО-ДПМНЕ денеска, иако вчера во Собранието отсуствуваа најмногу пратеници од таа партија кога се гласаше за извештајот. „Собранието на РМ одби да ја задолжи Владата да...

ЕУ: Новоизбраните градоначалници да придонесат за реформите

Локалните избори што се одржаа на 15 октомври беа спроведени во натпреварувачка атмосфера, стои во соопштението на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, во врска со изборите. Во оценката на изборниот процес, ЕУ се повикува на првичниот извештај на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и ги повикуваат властите во земјава ефективно да ги разгледаат препораките што ќе бидат испорачани од ОБСЕ/ОДИХР. „Оценката на...

Заев – Гњатовскиј: Состојбите во затворите ќе се променат, според препораките на ЕУ

Поради односот на претходната влада, во врска со условите во македонските затвори и односот на полицијата, Македонија во март годинава била соочена со можноста да добие т.н. јавна изјава, која на препорака на Комитетот за превенција од тортура ја испорачува Советот на Европа на земјите што континуирано одбиваат да ги имплеменираат препораките на ова тело, со што се ставаат...

Со 0,5 отсто од Буџетот МРТ ќе има значително помалку пари од порано

Со издвојување на 0,5 отсто од државниот буџет ,односно околу 885 милиони денари (14,4 милиони евра) за Македонската радиотелевизија (МРТ), националниот сервис ќе има помалку пари на располагање од буџетите во изнинатите неколку години, кои беа од 18 до 23 милиони евра. Оваа сума, како што пишува „Вистиномер“, но, и како што предупредија Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Независниот...

Медениот месец на Владата заврши, препораките на Прибе останаа, порача Попоски

Корисно е практиките од првите 100 дена на Владата да се напуштат во пресрет на реформите за кои е неопходен национален консензус, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, на денешната седница на Националниот совет за европски прашања при Собранието на Република Македонија, на која беше конституиран новиот состав. - Владиниот меден месец заврши, препораките од извештајот на Прибе останаа. Европската...

Што препорачува Прибе за медиумите: Ослободување од ДДВ, намалени даноци…

Констатирајќи дека состојбата на медиумите во Македонија е поприлично лоша, вториот извештај на Рајнхард Прибе објавен вчера, дава низа препораки за подобрување на медиумската сфера. „Спроведувањето на сите препораки, вклучувајќи ги и главните препораки од 2015 година, е неопходно за справување со системските проблеми на медиумите“, се вели во извештајот. Владата мора да стори сè за сите медиумски реформи да се вклопат...

„Социетас цивилис“ и „Конрад Аденауер“ ќе го следат спроведувањето на планот „3-6-9“

Во реформскиот процес треба да бидат вклучени сите што носат политички одлуки, без разлика на извештаите кои доаѓаат од ЕУ, изјави претставникот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Јоханес Раи, на денешната прес-конференција посветена на почетокот на проектот за следење на спроведувањето на планот „3-6-9“. - Перформансите на земјата не се доволни за да се премине во следната фаза во ЕУ-интеграциите. Потребно е...

Хелсиншки: Најмногу дискриминација поради етничката и политичката припадност

Најчести основи за кои граѓаните на Македонија сметаат дека биле дискриминирани се етничката припадност и политичката припадност, здравствениот статус, полот и попреченоста, покажува годишниот информатор на Хелсиншкиот комитет за човекови права за дискриминацијата во 2016 година. Според податоците најчести области во кои граѓаните биле дискриминирани се работните односи, здравството, образованието и пристапот до добра и услуги. Извештајот, како што наведуваат од...

МТСП: Работодавците да ги почитуваат препораките за заштита од топлото време

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска ги повика работодавците да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките за заштита на работниците во деновите со неповолни временски услови за работа, односно од топлотниот бран кој ја зафати земјава. На работодавците, како што стои во соопштението од МТСП, им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на...

Активистите против новите мерки за загадениот воздух

Прагот на алармирање за ПМ10-честичките да биде поставен при достигнување на просечна вредност поголема од 70 илиграми на еден кубен метар, два дена по ред, без оглед  дали станува збор за викенд или работен ден и без скриени услови. Ова е барањето што членовите на коалицијата за чист воздух „О2“ и на граѓанските здруженија „Ние сме Карпош 4“, „Воздух сега“ и...

Мемети: Кај нас граѓаните не ги штити процедура и систем

Општите препораки кои произлегуваат од состојбите за разните области остануваат во фиоките на Собранието, кое не сака или е доведено во ситуација да не може да врши контрола врз извршната власт, вели Народниот правобранител Иџет Мемети во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. -Општите препораки кои произлегуваат од состојбите за разните области остануваат во фиоките на Собранието. Затоа што законодавната...

Ниската температура предизвикува чести дефекти во водоводната мрежа во Тетово

Ниската температура во Тетово предизвикува дефекти во градската водоводна мрежа и прекини во водоснабдувањето. Од тетовската работна единица на „Водовод и канализација“ велат дека нивни екипи интервенираат по десетина пати дневно на водоводната мрежа. - Поради ниската температура, дефекти најчесто се јавуваат кај вентилите и кај водомерите, граѓаните реагираат, но што да правиме, не сме моќни наеднаш сè да санираме....

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...