сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: препорака | 71 резултати

Владата го направи првиот чекор за враќање на евтината струја преку ден

јули 26, 2017

На својата 16. седница, Владата вчера усвоила информација во врска со воведување евтина дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата, што беше едно од предизборните ветувања на СДСМ. Следниот чекор ќе биде подготвување владина препорака до Регулаторната комисија за енергетика веднаш да одржи работен состанок со претставници на „ЕВН Македонија“ – АД Скопје, Министерството за […]

Заев: До 1 јули ќе биде готов „Патоказот“ што ќе нè одведе до преговори за членство во ЕУ

јуни 26, 2017

Владата работи на акциски план наречен „Патоказ“, што треба да се финализира до 1 јули, а во кој се опфатени сите предвидени реформи во клучните области како владеењето на правото, професионални државни институции, независни регулаторни тела и слободни медиуми. Ова го истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување и за добрососедска […]

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуцијата за Македонија

јуни 14, 2017

Европскиот парламент (ЕП) денеска во Стразбур ќе гласа за резолуцијата за Република Македонија, која е препорака на парламентот поврзана со извештајот на Европската комисија за 2016 година. За резолуцијата предложена од европратеникот Иво Вајгл од Словенија, инаку специјален известувач на ЕП за Македонија, се дебатираше на 5 април, а денеска се очекува нејзино изгласување во […]

Османи до крајот на летото очекува безусловна препорака за преговори со ЕУ

јуни 8, 2017

Владата во овој период е целосно ангажирана околу реформските приоритети што треба да се реализираат во овие три месеци за да може уште кон крајот на летото земјава да добие безусловна препорака за почнување преговори со Европската Унија, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, во интервју за „Телевизија 24“. Османи го оценува одлично повторното доаѓање на […]

Слаб снег и магла на патниот правец кон Попова Шапка

март 6, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. На Попова Шапка провејува слаб снег и има намалена видливост од 30 до 40 метри поради појава на магла. Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште кое е […]

Албанија очекува да добие позитивна препорака за членство во ЕУ

октомври 18, 2016

Албанските медиуми пренесуваат дека официјални извори од Брисел потврдуваат дека Албанија ќе добие позитивна препорака за отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Главен услов за позитивна препорака се конкретните резултати од судските реформи што беа усвоени на 21 јули оваа година. Секоја година развојот на државата ќе биде надгледуван и забележан во извештај на Европската […]

Адеми: Извесно е дека и оваа година ќе добиеме условена препорака поради политичката криза

октомври 16, 2016

„Целосно сме свесни за последиците што може да произлезат од евентуалните компликации околу изборите, но и околу работата на СЈО. До тоа никој не сака да дојде, а одговорноста ќе биде на политичките партии“, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Арбер Адеми, во интервју за „Радио Слободна Европа“. – Најголемиот предизвик е пред нас, а тоа е да покажеме […]

МЕПСО и ЕВН апелираат земјоделците да внимаваат како ја поставуваат опремата

јули 19, 2016

Од МЕПСО на земјоделците им порачуваат да одбегнуваат минување со земјоделска механизација под трасите на далекуводите од преносната мрежа и во нивните безбедносни коридори и особено да не се поминува под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација. Од компанијата препорачуваат земјоделците да не поставуваат цевководни системи за наводнување на земјоделски површини во трасите на […]

Европскиот парламент даде условена препорака за Македонија

март 10, 2016

Со 404 гласа „за“, 74 против и со 29 отсутни, Европскиот парламент денеска ја усвои резолуцијата за Македонија, што ја поднесе европратеникот и известувач за Македонија, Иво Вајгл. Документот што беше усвоен денеска во Стразбур содржи уште една, седма по ред препорака до Советот на Европа за почеток на преговори со Македонија за членство во Европската Унија. […]

Порака од ЕУ до Тирана: Нема членство без реформи во правосудството

март 4, 2016

Албанија мора да спрoведе „длабоки реформи“ на правосудниот систем, пред да се разгледа нејзиното членство во ЕУ, порача за време на посетата во Тирана, високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Унијата, Федерика Могерини. – Длабоките реформи на правосудниот систем ќе отворат пат за почеток на преговорите за Албанија да стане дел од […]

Ермира Мехмети: Да бев Груевски, по ваков извештај ќе си поднесев оставка

ноември 11, 2015

Препораката на Европската комисија е замрзната, а извештајот покажува назадување во клучните реформи и со најнедипломатски јазик ги нотира слабостите на државата, се заклучоците од дебатата „Има ли излез од безизлезот“, организирана од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ) и од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО). Бојан Маричиќ од МЦЕО смета дека овој извештај […]

Шекеринска: Со многу труд ја спасивме препораката

ноември 10, 2015

Среќни сме што со многу напори, искрена посветеност кон граѓаните и кон Македонија, успеавме да ја спасиме препораката на Европската комисија за Македонија, рече денеска на прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. – Препораката, за жал, по 10 години од добиениот кандидатски статус, е условена и тоа е дело на несериозната актуелна власт. Тоа што […]

Сите забелешки во извештајот на Европската комисија за Македонија

ноември 10, 2015

Со извештајот за напредок од Европската комисија, Македонија доби условена препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Меѓу главните забелешки во поглед на политичките критериуми, во извештајот стои дека „Оваа година Македонија поминува низ најголема криза по онаа во 2001 година, со пресретнатите комуникации кои очигледно вклучуваат високи владини претставници, што укажува на кршење на основните човекови […]

СДСМ: Условена препорака зашто ни Брисел повеќе не му верува на Груевски

ноември 10, 2015

Препораката од ЕУ за почеток на преговорите на Македонија, за жал, е условена поради тоа што ни Брисел повеќе не му верува на Никола Груевски, велат од СДСМ по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. „Заедно со граѓаните, успеавме да ги задржиме евро-интеграциските процеси на Македонија, сериозно доведени во прашање од […]

Хан: Македонија доби препорака под услов да го спроведе Договорот од Пржино

ноември 10, 2015

„Македонија доби препорака за почеток на преговорите за влез во Европската унија, но со два услова. Прво, да се спроведе целосно Договорот од Пржино и, второ, да се спроведат неопходните реформи“, истакна на денешната презентација на извештајот за Македонија, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. – Во Македонија има добар законодавно-правен систем. Сепак, политичкиот систем е вмешан […]

Досега се договараа, од денеска почнува спроведувањето на Договорот од Пржино

ноември 8, 2015

По неколку недели преговарања, политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во петокот, во раните утрински часови, постигнаа договор по сите точки од договорот од 2 јуни и од 15 јули, кој треба да почне да се применува од денеска. Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи заедно со своите тимови ги договорија изборниот законик, […]

Ахмети со писмо до Хан: Повторете ја препораката за Македонија

ноември 7, 2015

„Ве повикувам да ја повторите препораката на Комисијата за отворање преговори за членство на Македонија во ЕУ и заеднички со пријателите од Вашингтон, како и со земјите-членки на ЕУ, да го вратите фокусот во решавањето на прашањето за името и отворање на евроатланската перспектива на Македонија“, се вели во писмото што лидерот на ДУИ, Али […]

Ховит за „Мета“: Македонија не падна, но сè уште стои на работ на бездната

ноември 4, 2015

Европратеникот и поранешен известувач на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит, во интервју за „Мета“ оцени дека е предоцна да се добие позитивна препорака, но оти вратата на ЕУ не е затворена. Тој ја повика владејачката партија на премиерот Никола Груевски да ги спроведе преземените обврски и да ја врати земјата на патот кон ЕУ. […]

Заев не очекува одложување на изборите

октомври 30, 2015

Социјалдемократскиот сојуз ќе направи сè за да успее Договорот од Пржино и за да не ја изгубиме препораката од Европската унија, изјава денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред почетокот на една од дебатите од проектот „Визијата за Македонија“. Тој рече дека СДСМ останува целосно посветен на договорот и на исполнувањето на обврските што се предвидени […]

На 5 ноември Македонија ќе добие условена препорака од ЕК?

октомври 29, 2015

На 5 ноември Европската комиисија (ЕК) ќе ги објави извештаите за напредок на земјите од Западен Балкан и за Турција, а Македонија, според изворите на кои се повикува порталот „Нова ТВ“, ќе добие условена препорака за почетокот на преговорите за членство во Европската унија (ЕУ). Како што пишува порталот, условот ќе биде спроведувањето на Договорот […]

Страна 3 од 4