fbpx
Таг: прекршоци

таг: прекршоци

Фатени 296 граѓани што не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија биле регистрирани 296 прекршоци на мерката за носење лична заштита, односно маска за лице, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид -19.

Фотографирање на ливчиња и физичка пресметка регистрирало МВР на некои гласачки места

Министерството за внатрешни работи (МВР) досега регистрирало неколку изборни прекршоци во текот на денешниот изборен ден низ земјава. Полицијата регистрирала фотографирање на гласачките ливчиња на избирачките места бр.0537 во Дебар, 0755 во село Осој, општина Кичево и 2909 во Скопје. Против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. Исто така, нарушување на јавен ред и мир имало во...

Бројот на прекршоци за неносење маска драстично опаѓа, иако активни случаи со ковид-19 има многу (инфографик)

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека во изминатото деноноќие полициски службеници регистрирале 237 прекршоци за неносење на лична заштита на лицето на несовесни граѓани. Ова е најмалата бројка на регистрирани прекршоци од МВР во изминатиов период откако владата ја донесе задолжителната мерка за носење лична заштита за да се спречи ширењето на ковид-19. Наспроти намалувањето на бројот на казните...

Бројот на заразени од ковид-19 расте, но се намалува казнувањето за неносење маска

Во последните 24 часа, полицијата регистрирала 412 лица кои не носеле заштитна маска, за кои ќе следуваат прекршочни санкции согласно пропишаните казни во Уредбата на Владата на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. Но, и покрај апелите на МВР до...

МВР: Регистрирани 557 прекршоци за неносење заштитна маска

Во изминатото дененоќие на територија на државата, регистрирани се 557 лица кои не носеле заштитна маска на лицето, информираше Министерството за внатрешни работи. Оттаму апелираат да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата. Во периодот 27 мај - 28 јуни евидентирани се вкупно 20.967 прекршители по однос на оваа мерка. Мета.мк и претходно пишуваше дека расте нивниот број.

МВР: 13 лица во државен карантин заради непочитување на мерките за изолација и самоизолација

Од 12 јуни заклучно со денес, полицијата спроведе 13 лица во државен карантин поради непочитување на решенијата за изолација и самоизолација, информираат од Министерството за внатрешни работи. Меѓу лицата е и еден полициски службеник, а против сите нив ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Воедно, лицата што се спроведени во државен...

Полицијата открила 659 граѓани без маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава, на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишало изјава за самоизолација, соопшти МВР. Регистрирани се 659 граѓани што не носеле заштитна маска, според прописите за заштита од ковид-19. Полициски службеници при вршењето контроли кај лица во изолација и самоизолација, откриле едно лице што не ја почитувало мерката...

Поднесени 1.022 прекршочни пријави за граѓани кои не носеле заштитна маска

Продолжува прекршувањето на задолжителните мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Само во последното деноноќие, Министерството за внатрешни работи поднело 1.022 прекршочни пријави за граѓани кои не носеле заштитна маска на лицето. Од 1 мај наваму, оваа мерка прекршочно се санкционира согласно пропишаните казни во Уредбата на Владата на РСМ. Мета.мк и претходно пишуваше дека расте бројот на прекршоци по...

Во изминатото деноноќие 1.143 лица не носеле заштитна маска

Граѓаните и понатаму не ја почитуваат мерката за носење лична заштитна маска како заштита и превенција од ширење на корона вирусот. Бројката на прекршоци по овој основ надмина илјада. Само во последното деноноќие, 1.143 лица не носеле заштитна маска на лицето, информираат од Министерството за внатрешни работи. Но се зголемува и бројот на оние што одат во изолација и самоизолација....

386 прекршоци за не носење на маски, а 130 лица се приведени за непочитување на полициски час

МВР информира дека по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, регистрирани се 386 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 130 лица, а за останатите се земени...

Во последното деноноќие 48 лица го прекршиле полицискиот час, регистриран 591 прекршок за неносење заштитна маска

Во тек е полицискиот час кој почна да важи од синоќа во 21 часот, а се однесува на сите скопски општини, како и за Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. За останатите градови важи забраната за движење од четврток од 21 до 05 часот, а петок и за викендот од 16 до 5 часот, следниот...

За една недела направени 12.799 инспекциски надзори

Во периодот од 27 мај до 3 јуни преку засилени контроли на шесте инспекциски служби спроведени се вкупно 12.799 надзори во врска со одлуките на Владата за заштита и превенција од корона вирусот, информираше претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска на денешната прес-конференција. Најголем дел од надзорите, 11.504 ги направиле инспекторите на Државен пазарен инспекторат. Само на 28 мај...

Маски не се носат, за еден ден фатени осум лица што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација (инфографик)

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во изминатото деноноќие осум лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Полициски службеници биле во посета на адресите кои овие граѓани ги дале, но не ги пронашле дома и тие ќе бидат соодветно санкционирани. Во изминативе 24 часа, издадени се 435 решенија за изолација и 75 лица потпишале изјави...

Регистрирани 55 позитивни на Ковид-19 од штипските конфекции, тестирањето на вработените продолжува

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова на денешната прес-конференција соопшти дека будно се следи ситуацијата со ширењето на Ковид-19 во текстилните фабрики во Штип и правните субјекти во Тетово. - Заклучно со 1 јуни, во Штип издадени се 55 решенија на лица позитивни на Ковид-19 за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за...

Зголемен бројот на прекршоци за неносење заштитна маска (инфографик)

Откако на 26 мај се укина мерката полициски час, оттогаш, заклучно до денес се зголемил бројот на прекршоци за неносење заштитна маска на лицето, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи. Од 27 мај до 1 јуни евидентирани се 3.005 прекршители на оваа мерка. Најголем број прекршоци се во недела, 31 мај кога МВР регистрирало 673 лица што не...

Во изминатото деноноќие регистрирани 440 прекршоци за неносење заштитна маска

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во изминатите 24 часа регистрирани се 440 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лицето. Додека пак, за мерката самоизолација евидентиран е еден прекршител. На територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 потпишале изјави за самоизолација. Поминаа два дена откако целосно се укина мерката...

Хелсиншки комитет: Намален е бројот на пријави за прекршување на работничките права

Во периодот од 29 април до 15 мај до Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнале 12 пријави за прекршување на работнички права, кои опфаќаат исто толку работници, со што значително се намалил бројот на пријави за најгруби прекршувања на работничките права. „Бројот на пријави за противзаконски откази, принудни спогодбени раскинувања на договорите за вработување и неисплатени или намалени плати е...

159 лица го прекршиле полицискиот час изминатиов викенд, приведени 131 лице

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатиов викенд регистрирало вкупно 159 лица што не ја почитувале забраната за движење на населението. Од нив, приведени во полициска станица биле 131 лице, додека за останатите граѓани се земени податоци и за нив ќе следуваат соодветни мерки. Основното јавно обвинителство за прекршителите на полицискиот час ќе покрене кривични пријави по...

Издадени 16 прекршочни платни налози на превозници од Охрид, Струга и Кичево

Вчера на целото подрачје на СВР Охрид, биле  извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници, информираат од таму. „Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на...

Проектот за чистење на ОХИС и судските закони денеска на владина седница

На својата 107. седница, денеска Владата ќе ги разгледува предлог-законите за судството, а ќе се зборува и за проектот за чистење на дворните површини на ОХИС. Министерството за правда треба да ги достави за одлучување Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...