fbpx
Таг: преговори

таг: преговори

Нова рунда преговори во Брисел меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Преговорите меѓу претставници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на политичката криза во Македонија продолжуваат денеска во Брисел. Посредници во дијалогот се поранешниот и новиот известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит и Иво Вајгл, како и словачкиот европратеник Едвард Кукан. Првата средба во Брисел се одржа пред две недели. Во името на опозицијата преговараа заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска,...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија само да продолжат да преговараат

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ денеска во Брисел остварија средба со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. По средбата е издадено соопштение во кое единствено стои дека сите учесници се согласиле дека дискусиите треба да продолжат. Освен ова, ниедна информација не протече од содржината на разговорите. Претставниците на СДСМ разговарале со европратениците еден час, а потоа еден час, исто така,...

Ципрас: Нема да има трет меморандум за штедење, ниту нови намалувања на платите и отпуштања

Грчките реформи и европските барања се повторно во судир на работните состаноци на техничките групи и на претставниците на грчката влада и на европските институции. Според информациите во Грција, преговорите на бриселската група викендов се одвиваат во затегната клима, без да има позитивен или попустлив став кон грчките предлози за реформи. Разговорите се оценуваат како тешки и европските претставници не...

Израел ги шпионирал преговорите за иранската нуклеарна програма

Израел го шпионирал преговорите меѓу Техеран, САД и петте најголеми светски сили за иранската нуклеарна програма, соопшти денеска „Волстрит џурнал“. Израел набргу ги демантираше информациите на американскиот весник, оценувајќи ги како „спротивни на вистината“. Според весникот, кој цитира американски претставници, израелската операција се состоела од инфилтрирање во расправите и од составување досие за да го спречат прифаќањето на условите од спогодбата...

По шест години, Македонија може да ја загуби препораката за преговори

Во телефонски разговор за телевизија „Телма“, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, вели дека Македонија може да ја изгуби препораката за почеток на преговори со Европската унија ако не ја реши политичката криза. Тој предупредува дека во Унијата се зголемува скептицизмот за демократските капацитети на Македонија и можно е по шест години, земјата да ја изгуби препораката за почеток на...

Грција задоволна од Еврогрупата

Грчката влада изрази првично задоволство од денешниот состанок на Еврогрупата. Од Атина ги толкуваат позитивно денешните пораки од Брисел, истакнувајќи дека има добра вест за Грција бидејќи Еврогрупата дала зелено светло да почнат да се применуваат одлуките од 20 февруари, со што Европската централна банка ќе треба да ја олабави ригорозната позиција што ја има кон Грција. Според информациите од извори од...

Кери и Зариф продолжуваат да преговараат за иранската нуклеарна програма

Министрите за надворешни работи на Иран и на САД, Џон Кери и Мохамад Џавад Зариф, денеска ги продолжија преговорите за иранската нуклеарна програма, игнорирајќи ги вчерашните предупредувањата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се откажат од можната спогодба. Трет ден по ред, Џон Кери и Мохамад Џавад Зариф се состануваат во хотел на брегот на Женевско Езеро во Швајцарија. Американскиот државен секретар...

МОН и СОНК уште ги пеглаат разликите

Преговорите помеѓу претставниците на Министерството за образование и наука (МОН) и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на социјалниот дијалог на највисоко ниво, се реализираат интензивно и во позитивна насока, информираa штуро и завиено од МОН. Ова е трета средба на највисоко ниво од 3 февруари. Работните групи постојано заседаваат. Овој дијалог беше изнуден по генералниот штрајк...

Авганистанските талибанци на мировни преговори со претставници на САД

Извори на авганистанските талибанци денеска изјавија дека нивните преговарачи ќе одржат прв круг мировни преговори со американските претставници во Катар во текот на денов. - Првиот круг ќе се одржи денеска во Катар, за потоа да има уште еден круг в петок. Ќе видиме што ќе се договори бидејќи претходните разговори не донесоа никакви резултати - изјавил талибанскиот претставник во телефонска изјава од...

Путин: Прекинот на огнот во Украина почнува на 15 февруари

Постигнат е договор во Минск за од недела да запрат немирите во Украина, соопшти рускиот претседател Владимир Путин. - Верувам дека договоривме голема работа. Се договориме прекинот на огнот да почне точно на полноќ на 15 февруари – рече Путин. Соопштението доаѓа по маратонските преговори во белорускиот главен град, меѓу лидерите на Русија, Украина, Франција и на Германија. Компромисно решение е постигнато за...

Грција и еврозоната не постигнаа договор

Грција и нејзините партнери во еврозоната, која брои 19 члена, не постигнаа договор за предлозите на новата грчка влада за програмата за помош и за мерките за штедење. Вонредниот состанок во Брисел е завршен еден час по полноќ, без потпишано соопштение. Новите преговори се планираат за понеделник. Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека се надева дека тогаш ќе биде...

Минск: Продолжуваат преговорите за украинската криза

Владимир Путин, Петро Порошенко, Ангела Меркел и Франсоа Оланд денеска, по кратка пауза, ги продолжија маратонските преговори за решавање на украинската криза. Преговорите во Минск траат повеќе од 15 часа. Странските медиуми изутринава јавија дека состанокот е завршен, но германската канцеларка Ангела Меркел подоцна изјави дека станува збор за кратка пауза и преговарачите се вратија во салата. За време на паузата,...

Могерини: Косово и Србија постигнаа договор за правосудството

Премиерите на Србија и на Косово денеска ја довршија спогодбата во делот за правосудството, едно од клучните прашања од спроведувањето на бриселскиот договор за нормализирање на односите, соопшти високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. „Двајцата премиери ја довршија спогодбата за правосудството на Косово, затворајќи го клучното поглавје во спроведувањето на бриселскиот договор, што значително ќе го подобри...

Штајнмаер: Самитот во Минск е неизвесен

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска во Брисел изјави дека е неизвесно дали в среда ќе се одржи самитот во Минск за ситуацијата во источниот дел на Украина. - Се надеваме дека сите отворени прашања ќе бидат решени, но уште не е ништо сигурно и има уште многу работа – рече Штајнмајер по доаѓањето на министерскиот состанок во Брисел. Портпаролот...

Се подготвува нов мировен план за Украина

Француските и германските дипломати активно подготвуваат самит во Минск со претседателите на Русија и на Украина, со надеж дека ќе се стави крај на крвавиот конфликт во Источна Украина. Дипломатите од Франција, Германија, Украина и од Русија денеска во Берлин работат на мировен план, кој е претставен како последна шанса за Украина, пред самитот в среда во Минск. Подготовките за мировниот...

СОНК продолжува со штрајкот

Протестен марш в среда, во сите поголеми градови во земјава и можен јавен протест в петок, најави Јаким Неделков, претседател на СОНК, објави „Телма“. Како што вели Неделков, тие ќе продолжат да штрајкуваат и ќе се соберат на протестен марш в среда, а ако ресорните министерства не покажат слух за преговорите со СОНК, маршот ќе прерасне во јавен протест, кој...

Европски синдикат: Штрајк – да, ама и паралелни преговори

Систем на евалуација на наставници кој се гради врз основа на казни никогаш нема да создаде лојални претставници и секогаш ќе се бара начин како тој да се заобиколи. Таков систем не е објективен и постои можност за субјективно оценување на наставнциите, вели Мартин Ромер, претседател на Европскиот синдикат за образование во врска со генералниот штрајк на СОНК. Тој денеска...

Сириската влада е подготвена за преговори

Сириските државни медиуми соопштија дека владата е подготвена да присуствува на мировните преговори што Москва планира да ги одржи следниот месец. Руското министерство за надворешни работи на 25 декември соопшти дека се надева оти ќе биде домаќин на мировните преговори на крајот од јануари меѓу сириската влада и нејзината опозиција. Официјална Москва е клучен сојузник на претседателот Башар ал-Асад. Не е...

Средбата во Минск без напредок за решавање на кризата во Источна Украина

Контакт-групата за решавање на украинската криза вчеравечер во главниот град на Белорусија, Минск, не постигна напредок, а засега нема информации кога ќе се одржи следна рунда преговори. Состанокот се одржа зад затворени врати, а учесниците по петчасовната средба одбија да дадат каков било коментар. На средбата било разговарано за мерките за обезбедување стабилен прекин на огнот во Источна Украина, за повлекување на...

Порошенко: Прекинот на огнот се одржува, а преговорите се одложени

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека се одржува прекинот на огнот долж линијата на фронтот на истокот на Украина, додека планираните преговори меѓу Киев и проруските сили се одложени. - Денеска, пред час и половина, прогласивме нов прекин на огнот. Не истрелавме ниту еден куршум и ниту еден војник не загинал - рече Порошенко. Претседателот на Украина изјави дека неговата земја е подготвена...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...